Како пак назад....

  • Креатор на темата Креатор на темата marsovka
  • Време на започнување Време на започнување
M

marsovka

Гостин
Дали ви се случило да се уморите од животот едноставно се да ви изгледа бесцелно?
да се чуствувате уморно од се...
како пак да се вратите назад во тек на животот
 
Тука нема волшебна формула од надвор, волја и морал само самиот човек може да си даде. Тоа е колку лошо толку и добро само треба да се сфати. :)
За да човек преживее мора најпрво да се има себеси, да се сака и самопочитува, тоа не може да го научи ни со помош на саканата личност, таа може само да му биде мотив. Но доколку нема сакана личност, не треба да чека на пуста надеж и вера дека сама кога тогаш ќе се појави и да живее само од навика.
Потребна е самопочит и достоинство, а ако нив човек ги нема можно е нешто да му смета во односите со блиските луѓе и околностите. Треба да се оддалечи од нив по секоја цена, дури и да е многу зависен од нив, потребен е leap of faith. Слобода или смрт!
 
Уморни од животот?:icon_eek:
На колку години се уморувате бре од животот? Слабо со стамина а?
Страшно!
Само трчање му е мајката! Се билда кондиција! Прво со пречки на 50, па 100м, после маратонско лека полека, по некој спринт од време на време исто не е на одмет!
Just to stay in shape!
Уморот е сладок после такво темпо, дури и потта филс гуд! И имаш цел па тешко дека СЕ ќе ти изгледа бесцелно...

Уморни од животот....:icon_eek:
 
Нема назад само напред, напред кон подобро утре :icon_lol:.
Ми се има случено и на претходниот пост што го пишав што ми го имаат избришано.
Не е тој физички умор колку што е духовен, уствари духот не се уморува само изгледа дека е така. Инаку уживам во физичкиот замор. Пред некоја ден ми се случи се враќам дома после теретана отепан, ѕвони ѕвонче, ај бе брате че играме баскет. И играв баскет, потоа се чувствував поодморено отколку да се оптегнев на креветот.
 
Уморни од животот?:icon_eek:
На колку години се уморувате бре од животот? Слабо со стамина а?
Страшно!
Само трчање му е мајката! Се билда кондиција! Прво со пречки на 50, па 100м, после маратонско лека полека, по некој спринт од време на време исто не е на одмет!
Just to stay in shape!
Уморот е сладок после такво темпо, дури и потта филс гуд! И имаш цел па тешко дека СЕ ќе ти изгледа бесцелно...

Уморни од животот....:icon_eek:

Значи на секоја тема мора да се покакате со синдромот „јас сум најпаметен“.
Едноставна тема, со прашање што ако се уморите од животот.
Не спомна никој дека се уморил од животот, па и да се умориле ти од кај знајш што им се има случено во животот...
 
Red Bull!
Енерџи дринк, крила давал викаат!
Уел, и други работи те носат хај, ама млади сте и уморни! Stick to the energy drinks and everything's gonna be okay!

Јас само поставив уште поедноставно прашање! На колку години се изморувате од животот? Се однесува на тие што се изјаснија како уморни!
Мир!
Не напднав никој!
Кротце!

Едит!
Think deeper!
И јас не зборував за физички умор! Нејсе..
Фала многу, ајт!
:salut:
 
Најди си некоја занимација. Не наведе колку години си но добро сепак и не е баш толку важно. Ќе ти дадеме неколку совети/примери со што да се занимаваш ,а твое е да одлучиш што те исполнува.
Можеш да се запишеш на некој курс по англиски,италијански...јазик,за компјутери и слично.
Можеш да се запишеш во теретана, јога, бокс, пливање...(ќе бидеш презадоволна од ефектот кој го прави физичката активност,ќе се чувствуваш исполнета :) ).
Земи книги читај, истражувај за нешто, некоја наука, астрономија,физика,хемија,биологија,психологија...
Најди си некое хоби и зацртај си некоја цел и исполни си ги налглавните приоритети во твојот живот.
Те сваќам како е но најди си мотивација и напред, не назад:salut:
 
Многу ме иритира кога ќе слушнам некој како вика дека животот му е досаден. Ко демек сите патешествија ги поминал
Тажен си - земи некоја книга и ќе видиш коку си среќен
Уморен си - миризливи стапчиња му се мајката
Досадно ти е - па еве ја Кајгана
Бесцелен ти е животот - секоја сабота во 5 има состанок на малди во Црвен Крст- Карпош (другите не знам кога имаат) оди и направи нешто од себе
 
Ах, колку патетично звучи некој кога ќе каже дека се уморил од животот. Како прво, никогаш не можеме да излеземе од текот на животот, туку едноставно можеме истиот тој да го забавиме. Тоа што не знаеме како да го бараме максимумот од животот, не значи дека истиот станал бесцелен.
А пак, а секој умор, постои и период на одмарање. Уморот е само мала пауза, која не значи дека треба да се прекине она кое го правиме, а во случајов не треба да ја губиме поентата на животот.
Не, ми се нема случено да помислам дека имам досаден живот, иако ми се случува да имам навистина тапа периоди кои можат и да потраат. Сепак, не можам да кажам дека имам досаден живот, затоа што само одредени сегменти го прават таков. Што е со она кое поминало, и она кое следи? Зар треба да се заборави само поради она кое е сега тука?
 
Кај се најдовте бе сите вака паметни па и уште си давате право да осудувате дека нешто било патетично?
Нејсе,не мора секогаш да се поврзува темата со авторот а и не ги знаете причините за истата доколку на некој начин е поврзана со авторот.

Он:Како што целиот живот се базира на периоди и ништо не е константно така и ова.Само период,исто како што претходно сме доживеале (или преживеале :)) период на исполнетост,среќа,меланхолија,депресија.
И да правиш нешто и да не правиш,секако ќе си замине.Можеш да го убрзаш тоа заминување со превземање на разно-разни активности кои ако премногу ги форсираш и цело време ги целиш кон тоа да ти ги избркаат лошите мисли ќе го имаат спротивниот ефект зошто тогаш уште повеќе ќе мислиш на нив.Или можеш да седиш и да не правиш ништо и уште повеќе да се вовлечеш се додека не дојде некој од страна и го “избрка“ периодот.Второво топло НЕ го препорачувам :)Важно е само да не си сам во тие периоди.

И да драги наши,постои и такво нешто што се вика умореност од животот.Едноставно кога од секоја страна ти вршат притисок и се чувствуваш како да немаш излез или пак животот ти тече по една линија која не мрда ни лево ни десно,со други зборови монотонијата владее,да,фаќа период кога сакаш да избегаш од се и да одмориш.Како што и кажав,можеш да се тргнеш од таа идеја дека си уморен и потребен ти е одмор,или можеш слободно да тонеш у уморот/одморот додека некој не те подигне нагоре,со што идеш на ризик бидејќи може да ти се „уарни“ па ептен да заглавиш со одмарањето без никаква заинтересираност за ништо друго.
 
Интересна тема. Се` се базира на нашата волја, нели?! Не треба да ја насочуваме кон обезвреднување на нештата/луѓето. Зошто ако сфатиме дека се` околу нас си има доволна вредност и смисла, сме направиле огромна работа.
Кога човек ќе открие дека од лошо, постои и полошо, а од полошото најлошо, сфаќа дека се` е релативно и зависно од нашата претстава. Освен тоа, кога човек ќе сфати дека има покрив над глава, не толку несигурна егзистенција и бар еден човек на кој може да му се довери, тогаш открива дека тој всушност може да биде среќен. А ако може да биде, зошто да не биде?
Кај се најдовте бе сите вака паметни па и уште си давате право да осудувате дека нешто било патетично?
Нејсе,не мора секогаш да се поврзува темата со авторот а и не ги знаете причините за истата доколку на некој начин е поврзана со авторот.

Он:Како што целиот живот се базира на периоди и ништо не е константно така и ова.Само период,исто како што претходно сме доживеале (или преживеале :)) период на исполнетост,среќа,меланхолија,депресија.
И да правиш нешто и да не правиш,секако ќе си замине.Можеш да го убрзаш тоа заминување со превземање на разно-разни активности кои ако премногу ги форсираш и цело време ги целиш кон тоа да ти ги избркаат лошите мисли ќе го имаат спротивниот ефект зошто тогаш уште повеќе ќе мислиш на нив.Или можеш да седиш и да не правиш ништо и уште повеќе да се вовлечеш се додека не дојде некој од страна и го “избрка“ периодот.Второво топло НЕ го препорачувам :)Важно е само да не си сам во тие периоди.

И да драги наши,постои и такво нешто што се вика умореност од животот.Едноставно кога од секоја страна ти вршат притисок и се чувствуваш како да немаш излез или пак животот ти тече по една линија која не мрда ни лево ни десно,со други зборови монотонијата владее,да,фаќа период кога сакаш да избегаш од се и да одмориш.Како што и кажав,можеш да се тргнеш од таа идеја дека си уморен и потребен ти е одмор,или можеш слободно да тонеш у уморот/одморот додека некој не те подигне нагоре,со што идеш на ризик бидејќи може да ти се „уарни“ па ептен да заглавиш со одмарањето без никаква заинтересираност за ништо друго.

Така, никој нема право да осудува. Тој што не минал низ таква состојба, не знае. А можеби е боље човек никогаш ни да не осети на своја кожа. Зошто и откако ќе помине целата работа, пак човек го гледа светот со поинакви очи. Тој што по природа не е меланхолик, има јаки предиспозиции да биде среќно човече на планетава.

Anyway, Шопенхауер предлага 3 начини за ослободување од грижите, болката:
1. емпатија - сочувствување меѓу луѓето, што значи ем некој да ти помогне(или не мора!=болдираното на Desire), ем ти да им помагаш на луѓето. Уствари, добро е човек да се фокусира на други проблеми на други луѓе зошто ќе се чувствува како подобар човек потоа.
2. контемплација, мисловно задлабочување, што значи човек кога ќе се посвети на студирање, анализирање, испитување на нешто, истерува проблеми. Е некој вид на потиснување на тешките чувства, а можда(па надежно!) и истиснување на истите.
3. доживување на уметничките дела. Уметноста го понесува човек во една поинаква реалност на осознавање на бесконечното во конечното. Кога потоа човек ќе научи да го осознава убавото и во скриените, обичните, секојдневните, малите, навидум грдите нешта, тогаш животот е бајаги поубав. Затоа ги сакам поетите. :icon_cool
 
Највеќе можеш да се потпреш на најблиските семејството, пријателите они ќе те утешат... не се плаши да им се исповедаш на оние кои ти го мислат доброто, сепак проблемот виден од страна на друг поинаку ќе биде анализиран и разгледан од некоја друга перспектива која што ќе ти даде поинакво гледиште на работите и не толку црно гледање на работите како што сите ние правиме кога минуваме низ тежок период мора да се признае.
Се е минливо во животот, само дај му време и само ќе помине, времето лечи се, ако не помине тогаш ќе му ја мислиш.:smir:
Инаку се зависи од нашата пецепција на работите, за некој тоа што претставува проблем, за друг не е проблем, за трет па е причина за самоубиство итн. се е како ни е ги доживуваме настаните и нештата субјективно..
Дури понекогаш добро е и корисно човек да затапи малце со емоцииите и да развие апатија кон животот и тоа баш во тешки моменти, не е убаво секогаш да се биде пречувствителен кон нештата и луѓето зошто така човекот е склон кон повредување од страна на непосредната околина.
Исто и молитвите помагаат.....
 
Така, никој нема право да осудува. Тој што не минал низ таква состојба, не знае. А можеби е боље човек никогаш ни да не осети на своја кожа. Зошто и откако ќе помине целата работа, пак човек го гледа светот со поинакви очи. Тој што по природа не е меланхолик, има јаки предиспозиции да биде среќно човече на планетава.
Точно е не знае.
Ова меланхолик да го проверам во речник... Видов што е, јас сум ти дијаболик како во од Аца Лукас песната :).
Инаку супер за Шопенхауер и неговото мислење, но најлесно му е на среќниот човек да му попува на несреќниот, мене ми се познати двете страни на паричката. Причините за несреќност или депресија се секогаш многу подлабоко вкоренети отколку очигледните, и ова од искуство го пишувам.

П.С. Немој па да ме обвиниш за опседнатост со тебе, еве и да не е вистина многу лошо изгледа :) :smir:.
 
но најлесно му е на среќниот човек да му попува на несреќниот, мене ми се познати двете страни на паричката. Причините за несреќност или депресија се секогаш многу подлабоко вкоренети отколку очигледните, и ова од искуство го пишувам.

Еднаш кога ќе побараш на било каков начин помош,треба да си спремен и на попување и на помагање и на одмагање :)Всушност,сите сакаат да ти помогнат,твое е како ќе го протолкуваш тоа.
Причините за депресија може да бидат подлабоки од очигледните,но најчесто поради синдромот “мојот-проблем-е-најтежок“ и “на-другите-им-е-полесно/поубаво-од-мене“ ги преувеличуваме и најбаналните проблеми и тие едноставно стануваат најдлабоките и најтешките проблеми и заради тоа доаѓа до паѓање во депресија.Не велам дека нема случаи со вистински проблеми (ниту пак дека другиве проблеми не се вистински),туку најчесто причината е преувеличувањето на своето,па поради тоа најчесто секој вид на помош ни доаѓа како попување или како трескање на глупости од другата страна со цел да не орасположи и ни се чини како никој да не не сфаќа.
И решението е едноставно и можеби ни е цело време пред нос,само што некогаш не сакаме да го видиме :)

3. доживување на уметничките дела. Уметноста го понесува човек во една поинаква реалност на осознавање на бесконечното во конечното. Кога потоа човек ќе научи да го осознава убавото и во скриените, обичните, секојдневните, малите, навидум грдите нешта, тогаш животот е бајаги поубав. Затоа ги сакам поетите. :icon_cool
Ова е нешто со кое што целосно се согласувам.Најдобар начин да се победи глупав период е да се насочат негативните чувства кон позитивни општоприфатени цели,дали во создавање или во уживање во истите.
И точно,кога ќе научиме да се радуваме и на малите нешта кои се секојдневно и постојано околу нас,скоро и ќе нема лоши периоди :)
 
Ако човек „страда’’ од својата супериорност, не може да си најде достојно друштво, и се му е досадно, мора да се прифати себеси како таков и да сфати дека пред него е патот на индивидуалецот, и дека и така може да дојде до среќа. Малку нескромно ќе речам дека јас се сметам за таков.
Симболизирано низ една приказна за духовниот развој, тоа е како човек што тргнал да се искачува по една висока и мрачна кула. По извесно време со ужас приметил дека како што се искачува се повеќе нагоре, секоја одмината скала исчезнува. Под него бил само мрачен понор и сигурна смрт, над него неизвесност. Тоа е тоа. Алтимејт челинџ!

Е сега, доколку „обичен’’ човек страда од привремена апатија, треба малку алкохол, турбо фолк или метал, и во живот. Со љубовта на обичните луѓе само напред. Подобро здравје!, од тоа да се биде обичен човек. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom