Како пак назад....

  • Креатор на темата Креатор на темата marsovka
  • Време на започнување Време на започнување
Дали ви се случило да се уморите од животот едноставно се да ви изгледа бесцелно?
да се чуствувате уморно од се...
како пак да се вратите назад во тек на животот
Кога некој е неспособен да се носи со сопствениот живот и со бремето кое што му се доделило по игра на „случајност“ и дел од него сам си го одбрал, патетично е да се жали за истото.
Не, не ми се случило.
Суицидално-кататонични напади немам од 2000.
А тогаш бев дете.
 
Тогаш се повлекувам во себе и се самоспознавам. Бидејќи кога сакам да побегнам од животот,сакам да побегнам и од околината, во ваквите мигови се спознавам себеси. Читам некоја инспиративно-спиритуално-будистичка книга и се регенерирам. Под голема доза на стрес, животот ми изгледа многу тежок и комплициран. Затоа, малку одмор и друштво со моето алтер его не е на одмет.
 
ми се има десено.. коа бев помал.. ама место да паѓам во депресии.. јас паѓав у размислуење.. како и шо да напраам за да тргне кон подобро.. не беше лесно ама се извадив од јамката околу врат..

едноставно глеав реално на ситуацијата ја барав логиката на сите грешки.. беше со хепи енд...

штета шо има луге шо крајот го гледаат висејки на лустер или слично ...
 
Кога некој е неспособен да се носи со сопствениот живот и со бремето кое што му се доделило по игра на „случајност“ и дел од него сам си го одбрал, патетично е да се жали за истото.
Не, не ми се случило.
Суицидално-кататонични напади немам од 2000.
А тогаш бев дете.

Не би го негирала тоа дека треба да се носиме со сопствениот живот кој делумно сами си го креираме, но и тоа како ќе го негирам тоа дека било патетично ако некогаш паднеме и не зезнаеме како да продолжиме. Добро е секоја работа пред да ја направиме да ја видиме и подалеку, како ќе ни стои и како ќе ни влијае, но зарем секогаш можеме да ги отфрлиме тие кои знаеме дека ќе ни донесат лоша иднина или ќе не повредат неповратно?
Ај ако сме тука пак во 2018-та, ќе те препрашам дали го мислиш и тврдиш така сигурно ова истово.
 
Патетично е да се гребеме по дното кое што сами на себе си го создаваме, не верувам во тоа дека некој се раѓа со лоша среќа и тенденција да биде скинтник, сите го создаваме нашиот живот и сме робови на нашата сила.
Не знам како ќе размислувам после 9 години, но не ни сакам да знам, единственото на кое можам да се потпрам е она што го имам како став сега, а ми делува доволно правилно за да го бранам и пропагирам.
 
Дали ви се случило да се уморите од животот едноставно се да ви изгледа бесцелно?
да се чуствувате уморно од се...
како пак да се вратите назад во тек на животот

Не ми се случило сеуште јас да се уморам од животот, но честопати оние што го дефинирале животот како збир од разни норми, правила и прописи низ кои ние треба да се протнеме, прескокнеме итн. се изморуваат од мене и ме стопираат давајќи ми до знаење дека животот е долг и темпото со кое сум тргнал не ветува дека ќе стигнам кон некоја крајна цел. Или речено форумски ме банираат. Во моментите кога сум баниран, застанувам и тогаш навистина гледам дека сум уморен ама не од животот, туку од нормите кои секогаш се испречуваат пред мене тогаш кога најмалку треба. И застанувам, се повлекувам во илегала разгледувајќи ја варијантата Б, која треба да ми ги даде резервните норми, правила и прописи како да ги заобиколам оригиналните. И пак продолжувам...
 
Да да .. се дешава да се умори човек од животот ... Али то не е ништо Што еден добар алкохол маратон неможи да го попрај ...
Јас на пример пост разводот бев во таква состојба , преку ми беше од се ...и си зедов една вечер едно литро вино да си се напиам за мерак и не се отрезнив два месеци ...
Али после то бев ко нов :)
 
Постојано го викам ова:
,,Ехх да имав 4 години. Да не разбирав ништо и безгрижно да си играв пред зграда.,,

Но еднаш еден ми кажа нешто паметно:
,,Не треба да гледаш назад во минатото бидејќи така работите нема да ти одат во индина, све споро ќе ти иде,,
Точно е тоа. Психата самс не ни доволува да продужимо со животот.
Слабци не прае.
Треба да се боримо со животот.
Што постар се потешко. Факт е тоа.
Не треба да сакамо да се вратимо назад. А и не можемо.
Туку треба да продужимо напред. Да се боримо. Животот е борба. Па бори се.
 
[zEUs];2654464 напиша:

И јас кога гледам свои фотографии кога сум имал од 1 до 4 години на сите сум насмеан и среќен, а не се сеќавам на тоа време. Бидејќи сум немал самосвест. Со самосвеста стануваме и судија за доброто и злото, и тоа многу неправеден судија, кој себе не се средил а критикува наоколу. Меѓутоа каде е проблемот, таму е и решението. Треба само да го вратиме чувството на безгрижно мало дете и да си останеме возрасни по ментален склоп. Ни најмалку тешко ако вистински се сака, не треба ни поконкретна причина за тоа. Е, ако не се сака вистински, тогаш ништо не е потешко од тоа.
Еве јас да речеме не сакам, бидејќи го немам тоа што го сакам и бидејќи тоа никако не доаѓа, планирам како да се ослободам од тоа што го имам и ми смета, т.е. како да се ослободам од незадоволниот јас во овие околности. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom