Вредноста на извозот на „Дачија“, романската филијала на францускиот „Рено“, годинава ќе надмине 1,8 милијарди евра, изјави генералниот директор Франсоа Фурмон.
„Дачија“ планира идната година да произведе меѓу 320.000 и 350.000 возила, од кои 120.000 се наменети за домашниот пазар, пренесе романската агенција Ромпрес.
Според податоците на групацијата „Рено“, продажбата на автомобилите на „Дачија“ во светот во периодот јануари-ноември нарасна за 5,3%, на околу 207.000 возила, во споредба со 180.271 во истиот период во 2006 година.
Продажбата на „Дачија“ нарасна за 6,4%, на над 196.000 парчиња, но испораките на возила за доставување се намалени за 0,9% или на речиси 11.000 парчиња.
Уделот на „Рено“ на романскиот пазар на автомобили во ноември беше 38,4%, во Франција 24,9%, во Турција 15,2% и во Шпанија 10,6%.
А1