Како изгледал Исус?

Џоа Металец во бели ткаенини, само што не бил испирсан и истетовиран.

Нешто слично како Глен Бентот од Дисајд!
glenbenton-grp-0905.jpg
 
знам дека бил убав и паметен!не е малку глупо да дискутираме дали бил згоден?
Не си го прочитал првиот текст со кој ја отвориф темата како најраните христијански историчари и писатели го опишуваат Исус.
 
jas go procitav i me cudi kakvi se tie lugje sto se zamaraat za "ambalazata" na sinot Bozji. ne sakam ni da diskutiram za vakvi trivijalni raboti.
p.s.
voopsto ne gi cenam tie lugje sto se "lepat" za nadvoresnata ubavina
 
jas go procitav i me cudi kakvi se tie lugje sto se zamaraat za "ambalazata" na sinot Bozji. ne sakam ni da diskutiram za vakvi trivijalni raboti.
p.s.
voopsto ne gi cenam tie lugje sto se "lepat" za nadvoresnata ubavina

Поенатата е тоа што никој што ги пишал евангелијата не го видел Исус. Тие се настанати децении и векови ПО снртта на Исус. Тоа е само показател.. колку треба тогаш да е верно пишувањето во евангелијата. Што рекол Исус?? Кај бил... што и како проповедал. Ние имаме описи кај бил кога бил што рекол каде рекол... повеќето од нив од евангелие до евангелие се разликуваат се судираат се контрадикторни, значи тоа се дела на луѓе кои мнооогу по настаните пишувале за нив. А на тие пишувања се темели христијанството. Постојат денес многу изреки за кои се тврди дека се Исусови а кои не се влезени во светите писма. Постојат евангелија, посланија, откровенија, расправи.. кои не се влезени во светите писма. Сите тие настануваа од усна традиција, фолклор и народни прикаски кои се завиткани во омот на старозаветните проповеди. Па самиот творец на христијанството , Павле никогаш не го видел ниту го следел ниту го слушнал Исуса, а видовме колку неговите гледишта се разликуваат од оние на Јакова, Варнава, Петар.
Значи недостаток на опис на изглед на Исус е само пример колку малку се знае за вистинскиот Исус, неговиот живот и дело.
 
Не си го прочитал првиот текст со кој ја отвориф темата како најраните христијански историчари и писатели го опишуваат Исус.
на моја голема жалост го прочитав и се згрозив!како да е битно каков изглед имал!срамно е да се зборува за тоа на таков начин,затоа што убавината на човекот доаѓа од тоа што тој го има во себе!а некои луѓе си земаат за право да кажуваат за Спасителот?грозно!
 
Во време кога е пишувано, се сметаше дека вистинскиот одраз на ИСусовата душа и благодарност е тој да биди неугледен и грд, да не ја засенува телесната убавина она духовната, па тој став со вековите (како се менувале и естетските и филозофски правци) за да се смета дека исус се одликувал со невидена убавина и личнотија......
Тоа ти е исто како кај филмовите... на времето хероите беа Берт Ланкастер, Џон Вејн.. Ли Марвин... мажишта .. со стас и лик на вистински маж... денес тоа се Николас Кејџ и Том Круз... детишта и просечни секојдневни фаци.
Него на страна тоа... тоа што никој не знае како изгледа Исус значи дека никој и не го видел за да го опиши. (А од друга страна запишани негови “зборови... проповеди... изреки)
Тука нешто не е во ред
 
Иако според евангелијата Исус беше јавна личност, кој учеше проповедаше се дружеше одеше по куќи... нигде не е запишан негов опис, како изгледаше, та дури ни најопшти напомени, дали бил висок или низок, каква му била косата... очите...
Тоа се должи пред и се што никој кој ги пишувал евангелијата не го знаел Исуса. Тие настанале децении и векови по смрта на Исус. Но со некои индиректни показатели, можеме да претпоставиме како би изгледал. Имено во Гетсемминската градина, Јуда морал да го бакне Исуса за да го препознаат слугите на свештеникот и римските војници. Значи ли тоа дека Исус по ништо не се издвојувал по својот раст, изглед облека од било кој просечен евреин во тоа време? Спрема Х.Џ. Велс автор на “Историјата на светот“ Исус бил со слаба физичка градба поради чудно брзата смрт на крстот (која брзина го изненади Пилата). Од друга страна Челзо за ликот на Исус вели: “Кога навистина духот божји би престојувал во неговото тело, би требало да се претпостави дека тој се одликува со личота и совршенство на снагата како и со красноречивост. Зошто не може да се поверува дека оној, во чиешто тело нема нешто божествено со ништо не се разликува од другите. Меѓутоа луѓето расправаат дека Исус бил малечок по бој, а лицето му било толку грдо што предизвикувало гнасење“ Иако ова беше гледање на еден проитивник на христујанствцото и човек кој своите ставови за убавината ги градел по урнек на боговите и хероите од римакс и грчка митологија сепак, потврда за таков опис наоѓаме и кај еден голем христијански писател Теуртулијан. Тој вели: “Неговиот лик беше сосема лишен од секаква убавина и привлечност. Навистина, зарем би се нашол дрзник кој што би ставил и најмалечка дамка врз едно тело што е надарено со со натпросечна убавина и коешто блескоти со небесна светлина?. Кој би можел да плукни врз еден образ од лицето ако Христос не се истакнувал со својата грдотија којашто и го направила да биде предмет на презирање во очите на луѓето, и ако тоа лице изгледало дека единствено ја заслужува плунката“

Евангелијата навистина, не даваат никаков опис на Исус Христос.
Интересно е што скоро на сите филмови има сини очи, а евреите се црни со црни очи.

Што е битното за Христос што треба ние да го знаеме?

Тој бил Бог во човечко тело и дошол на Земјата за да Го објави Бог на човештвото, да му го пренесе на народот Неговото учење и најбитното - да ја плати казната за гревот на сите луѓе со смрт на крст.

Дали изгледал обично или убаво, воопшто не е важно.
А да се запрашаме, после Неговото воскресение како изгледал ?
А на Гората на преобразението кога се среќава со Мојсеј и Илија ?
Зарем не блеска светлина од сите страни ? Зарем може на Господ Исус да Му се погледне право во очи ?

Голем поздрав. Интересна тема.
 
Поенатата е тоа што никој што ги пишал евангелијата не го видел Исус. Тие се настанати децении и векови ПО снртта на Исус. Тоа е само показател.. колку треба тогаш да е верно пишувањето во евангелијата. Што рекол Исус?? Кај бил... што и како проповедал. Ние имаме описи кај бил кога бил што рекол каде рекол...
Izvinete za intervencijata!
Но ако некои од форумѓиите не ја познаваат доволно историјата на христијанството,не значи дека треба да ги трујаме со секакви дезинформации. Двајцата од евангелистите,биле современици на ГИ Христос а тоа се Лука кој е роден во Антиохија. Кој ја изучувал грчката филозофија,медицина и живопис. За време на И Христос се видел лице во лице со него,ја слушнал Неговата наука и бил сведок на чидните и големи дела Негови. Поверувал во Него И Лука бил избран за во 70те Апостоли негови и бил испретен на проповед. Бил и сведок,поточно со свои очи го видел воскреснатиот Исус кога бил на пат за Емаус заедно со една личност кој се викал Клеопа(Лк.24). Тој го напишал едното од четирите евангелија. Св.Лука бил голем проповедник кој проповедал за вистината после смрта на на апостол Павле.Проповедал во:Италија,Далмација,Македонија и други страни. Бил познат лекар и иконописец. Ја насликал Пресвета Богородица неколку пати(три пати),а исто ги насликал и Апостол Павле и Апостол Петар.Од таму тој Лука се смета за основоположник на христијанскиот иконопис. Имал 84год кога пострадал од незнабошците,бил обесен на маслиново дрво после големи измачувања во градот Теба(Тиви)Беотијска.
Св.апостол Јован-евангелист: Брат на Јаков,кои заедно биле повикани од ГИ Христос за да го следат. А тие одлучно ги оставаат своите рибарски мрежи и тргнуваат по Него.И отогаш тој Јован не се одели од ИХристос се до крајот. Со Петар и Јаков учествувал на воскресението на ќерката од Јаир и бил на планината Тавор кога Господ во слава се преобразил. На Тајната Вечера тој бил со главата потпрен на градите Исусови.(А сега според Холивуд Марија Магдалена):nesum: И кога сите го напуштија распнатиот Исус,Јован со св.Богородица остана до крај под Крстот. По наредба од Господ тој и постана син на Богородица кој се грижеше за неа се до незиното успение. Бил гонет,тепан,измачуван но се истрпел. Најмногу време останал да работи во Ефес. Бил прогонет и на островот Патмос каде го напиша евангелието и познатото Откровение. Живеел 100год.и се удостоил да ја предосети својата смрт.Кога го почувствувал тој час ги зел своите 7ученици и излегол над Ефес и му наредил на своите ученици да го ископаат неговиот гроб во вид на Крст.
Добро,мислам е доста за денес и бидете внимателни кога нешто кажувате а не сте сигурни,поготово за многу важни детали.:smir:
 
Toa sto nema nikakvi zapisi ni sliki za negoviot izgled i opis e samo uste eden dokaz za negovoto NEpostoenje. Pricina plus da ne veruvam deka postoi
 
Хмммм а од кај сте сигурни и дека постоел????
 
Веројатно бил ситно, слабо, маслинесто човече со кадрава коса, како и сите еврејчиња.
 
Еееееееее..што ти се вели „демократија„. Еден старогрчки философ, Протагора. вели: “Како милсиш-така е, како ти се чини-така е!“. Арно ама, христијанската вера не е прашање на лично мислење и чинење, туку прашање на ВЕРУВАЊЕ или НЕВЕРУВАЊЕ во вистините кои ни се откриени и дадени без никаков наш напор и пот, како и без НИКАКВА наша заслуга за тоа. Христос им вели на Апостолите: “Бесплатно добивте-бесплатно раздавајте„. Тука се мисли на бесплатнто добивање на Христовите вистини, разбира се.
 
А за тоа каков бил ликот Христов? Погледнете ја било која икона со Неговиот лик, таа се ќе Ви каже. Но, најбитен е ОБРАЗОТ Божји кој е вграден во секој поединец, а не неговиот физички лик.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom