Поенатата е тоа што никој што ги пишал евангелијата не го видел Исус. Тие се настанати децении и векови ПО снртта на Исус. Тоа е само показател.. колку треба тогаш да е верно пишувањето во евангелијата. Што рекол Исус?? Кај бил... што и како проповедал. Ние имаме описи кај бил кога бил што рекол каде рекол...
Izvinete za intervencijata!
Но ако некои од форумѓиите не ја познаваат доволно историјата на христијанството,не значи дека треба да ги трујаме со секакви дезинформации. Двајцата од евангелистите,биле современици на ГИ Христос а тоа се Лука кој е роден во Антиохија. Кој ја изучувал грчката филозофија,медицина и живопис. За време на И Христос се видел лице во лице со него,ја слушнал Неговата наука и бил сведок на чидните и големи дела Негови. Поверувал во Него И Лука бил избран за во 70те Апостоли негови и бил испретен на проповед. Бил и сведок,поточно со свои очи го видел воскреснатиот Исус кога бил на пат за Емаус заедно со една личност кој се викал Клеопа(Лк.24). Тој го напишал едното од четирите евангелија. Св.Лука бил голем проповедник кој проповедал за вистината после смрта на на апостол Павле.Проповедал во:Италија,Далмација,Македонија и други страни. Бил познат лекар и иконописец. Ја насликал Пресвета Богородица неколку пати(три пати),а исто ги насликал и Апостол Павле и Апостол Петар.Од таму тој Лука се смета за основоположник на христијанскиот иконопис. Имал 84год кога пострадал од незнабошците,бил обесен на маслиново дрво после големи измачувања во градот Теба(Тиви)Беотијска.
Св.апостол Јован-евангелист: Брат на Јаков,кои заедно биле повикани од ГИ Христос за да го следат. А тие одлучно ги оставаат своите рибарски мрежи и тргнуваат по Него.И отогаш тој Јован не се одели од ИХристос се до крајот. Со Петар и Јаков учествувал на воскресението на ќерката од Јаир и бил на планината Тавор кога Господ во слава се преобразил. На Тајната Вечера тој бил со главата потпрен на градите Исусови.(А сега според Холивуд Марија Магдалена):nesum: И кога сите го напуштија распнатиот Исус,Јован со св.Богородица остана до крај под Крстот. По наредба од Господ тој и постана син на Богородица кој се грижеше за неа се до незиното успение. Бил гонет,тепан,измачуван но се истрпел. Најмногу време останал да работи во Ефес. Бил прогонет и на островот Патмос каде го напиша евангелието и познатото Откровение. Живеел 100год.и се удостоил да ја предосети својата смрт.Кога го почувствувал тој час ги зел своите 7ученици и излегол над Ефес и му наредил на своите ученици да го ископаат неговиот гроб во вид на Крст.
Добро,мислам е доста за денес и бидете внимателни кога нешто кажувате а не сте сигурни,поготово за многу важни детали.:smir: