MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
Еден постар пријател ми кажуваше дека порано кога бил у војска, у време на ЈНА, попот доаѓал у петок и им ги душкал здивовите на војниците да види кој не постел. И ако фател некој што на попот му се мириснало дека овој јадел, одма следувало казна за војникот што не постел.
Кој знае колку војници престанале да веруваат заради тој поп. Која иронија човече. А и пародија да речеш, нема да згрешиш.
А шо барал поп у ЈНА, кога религијата беше потисната у цела СФРЈ, а посебно у војската и у милицијата?
А шо праеја протестантите у ЈНА? Одбиваа да носат оружје, оти имале „...приговор на совеста...„?

Или оти така им дошепнал пасторот?...

Која пародија чоече!...

И сеа, протестант, кој одбива да носи оружје а кој се колне у Библијата, како ќе ја почитува библиската одредба дека нема власт која од Бога не е дадена?...

Верска неписменост.
Кога ќе се навратам со паметот назад морници ме лазат кога ќе помислам кој би бил денеска ако место таа енциклопедија ми врачеле библија или коран... се вадам од памет. Ете една книга колку може да промени. Моите и не ги памтам да биле нешто побожни, татко ми секогаш сум го гледал како натуралист и деист, мајка ми е од оние лајт-христијани и тоа во последно време откога ни починаа неколку драги роднини едно по друго, така да сега е малку потресена и бара дополнителна утеха во тоа. Само традиционално сме учевствувале во склоп на најголемите празници и никогаш не се зборувало за тоа по дома, а кога се декларирав како атеист некаде во 1ва година средно (отприлика тогаш го дознав и поимот и станав филозоф
) никој ништо не ми спомна.