Како го славите Велигден ?

  • Креатор на темата Креатор на темата никола-те
  • Време на започнување Време на започнување
Во мојот град Прилеп (како што прочитав погоре изгледа нигде не е така освен Тетово) се посетуваат домовите на роднините и пријателите и се собираат вапцани јајца (исто како на фармвил, во корпа :) ). Не шетаат само децата туку и возрасните. Се прави велигденски ручек кој вообичаено содржи салата од тие јајца со млад кромид, и јагнешко месо, а може и друго оти многумина не јадат јагнешко. Ваквите екскурзии по ближните со мисија собирање на што повеќе јајца и избирање на шампион во кршење на истите, траат и наредните два дена, нели Велигден е 3 дена.
 
Се кршиме со претходно фарбаните јајца, јадеме месо и на крај се завршува со пун мев офкање и лелекање.
 
се туцаме со јајца :pos2::pos2: нај интересен момент ми е кога ќе отидам у црква и само глеаш 12 саат и само слушаш на сите страни ТУЦ ТУЦ ТУЦ ТУЦ хааахахаххах...
 
Како и секаде во Македонија :) Тие сме, еден народ сме, како може да го славиме, на православен начин...Фарбање јајца, одење во црква, кршење со јајца и заеднички ручек со целата фамилија...
 
Фарбање јајца, одење во црква, кршење со јајца и заеднички ручек со фамилијата...
 
Прво една ракија да се стоплиме , со друштво во црква се кршиме со јајца , Весело :)
 
Велигден е на прагот , па, за понежниот пол- многу корисни совети- како да ги извапцаат и декорираат јајцата :salut:
http://prittywomanstyle.blogspot.com/search/label/%D0%92%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B4%D0%B5%D0%BD

1owpky.jpg
 
Лани откако искршивме јајцата отидовме на супер журка оваа година ке видиме.Како и да е ке биде добар провод, јајцата веќе не се интересни ама ајде ке видиш народ со кого не си се видел одамна, ке искршиш јајцата на некого на кого на друг начин не си можел :pos: и тоа.Иначе филингот е утредента со скара, јајца салата колку сакаш, пиење, салати...едноставно мераци.Во двор така домашна атмосфера, друштво по можност зашто иначе фамилија се собираи уживам во убавото пролетно време.Стварно е Гооолем Ден не џабе името му го дале....(религиозните работи слабоо за празников)
 
Велигден ко секој ден, само што си носиш од дома јајца. Ова го кажувам пошо никад не сум се бутала во црква за да вртам кругови, туку фино ќе си се збереме друштво негде на партизанска, блиску до Соборна, ќе се дружиме додека да куцне судњи час, ќе кршиме јајца и после тоа идеме негде на добра журка и пијанка. Минатата година се остаивме во Пивница, и оваа претпоставувам такво нешто ќе биде :jaj:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom