Како ги прифаќате новите луѓе во вашиот живот?

  • Креатор на темата Креатор на темата 5ko
  • Време на започнување Време на започнување
Сакам да се дружам со луѓето. Па затоа сум секогаш расположена за нови пријателства. Но, понекогаш кога согледам дека со некоја личност воопшто не ни се вклопуваат карактерите, едноставно само тивко се повлекувам од тоа пријателство.
За моја среќа ова реткко се случува зашто по природа сум личност што многу лесно се прилагодува на различните карактери на луѓе.:helou:
 
хммм.. секој е добредојден на почеток... са понатака ке треба да се покаже што човек е!
у глобала дружељубив сум, поштувам други мислења постапки и слично али некад треба покрај покажувањето и да се докаже човек!!!
 
Многу големо влијание има првиот впечаток кој личноста ми го оставила, доколку е позитивен ќе продолжам да се дружам со неа, а ако не чао пријатно.
 
Широкоградо и искрено, со шанси да трае долгорочно. Но во текот на тој процес постои испитување и испробување на можноста за зацврстување или пак разидување на дружбата со новите луѓе.
 
gi prifakjam,no ne po sekojacena a i zavisiod karakterot,obicno sakam raspolozeni i otkaceni lugje okolu mene :tv:
 
Во последно време многу тешко ми е да прифатам нови луѓе во животта моја, порано бев повеќе отворен а сега слабо нешто.
Личноста МОРА да има нешто МНОГУ, многу заедничко со мене за да ја прифатам иначе немам ни волја ни сила за нови пријателства...изгубив доверба во луѓето одамна, туѓи ми се некако...:toe:
 
The same shit here.Исто и јас изгубив одамна доверба во луѓето, особено сум згрозен од тоа колку се лицемерни денешниве луѓе.Пред тебе се прават насмеани, весели, сите се супер сакаат да играат, да се дружат со тебе, па пиење едно друго, и на крај.......Секогаш тие веселења завршуваат со по некоја секира во грб од тој кој сакал да се дружи, пие, игра, патува во вселената со тебе, или Ескалибур во срце, од позади.Happy end and marry axe mass.
 
Така е, премногу секири, премногу лицемерие не прават претпазливи, не прават пребирливи...а сето тоа не прави да изгледаме ладнокрвно, но подобро е да не гледаат како ладнокрвни отколку како корисна шанса за лечење на комплекси преку нас. Бесмислено е да губиме нерви и време на такви.:nesum:
 
...Новите.. хммм.. Ги прифаќам али можеби со некоја резерва, затоа што стварно неам доверба у секого!
Новите ги прифаќам баШ ко нови, само онака за дружење, некој општ муабет, некои интересни откачени теми (ако ми се свиѓа карактерот на таа личност)....
А старите пријатели служат за се тоа и плус кон ниф гледам со поголема доверба, слобода и можам да се ослонам коа ми е тешко:))))))
 
Убеден сум дека најискрените и најчистите пријателства се склопуваат во раната возраст, претшколска и школска. Тие се создадени врз основа на сличности, меѓусебно разбирање и толерирање, со многу малку или нималку задни интереси и корист. Вистинско богатство е некое такво другарство да се зачува и во подоцнежниот период.
Во подоцнежните години другарствата многу често се некакви коалиции, симбиози или домаќинско-паразитски односи за остварување на некаква цел, позиција или статус. Секако дека постојат исклучоци и јас верувам дека ги има, но тоа најчесто се - исклучоци. Интересна е леснотијата со која се создаваат и брзината со која се завршуваат некои пријателства, како да не постоеле.
Јас немам многу пријатели. Имам многу познаници. Пријателите се најмногу 4-5 на број и со нив се знам доста долго време, имам доверба и мислам дека добро ги познавам. Не ме оставиле на цедило, а верувам дека и јас сум се однесувал слично. Значи, не сум премногу отворен за нови луѓе. Зависи од случајот, но генерално сум прилично воздржан. Тоа се нови табиети на кои треба да најдам време, внимание и стрпливост за да се прилагодам.
 
Не ги прифаќам сите,мора да има некоја незалемена жичка во себе за да го прифатам како пријател.Овие ги обожавам од првиот ден и секогаш си ги имам покрај себе.Нова фаца мора да ме заинтересира со нешто за да се дружам со неа,во спротивно ми останува само на „здраво“.
Не се замарам со ножеви во грб од пријатели,бидејќи не ни им се отварам како на долгогодишните другари.Овие новите се само за смеење,лудување,пиење,сеир фаќање и слично.Ништо приватно,ништо страшно.Така да ги прифаќам со отворени раце и им верувам бидејќи немам причина да не им верувам.
Неможам да научам да ги прифатам мирните луѓе,незнам како се учи тоа.
 
Тука има проблем кај мене. Не идам да запознавам луѓе, додека не дојде некој да се запознае со мене. Ме запознаваат преко други, пример има дечки кои преко врски се запознавале со мене. Знам многупати некои дечки ја прашуваат другарка ми или другар ми дали може да се запознат со мене. И после он дојде со уште некој другар/пријател да ме запознал и он.
Од друга страна пример, кога се движам по улиците пријателите на другар ми ретко да му кажат здраво, или пример се поздравуваат и одма продолжуваат. Другар ми вика дека не се понашаат така кога не сум со него, дури ми се смее поради тоа.
Ми вика дека ми имаат страв, демек у прв поглед изгледам опасно. По природа не зборувам многу. Стави се на мое место, како би се чуствувал/а? Како фраер, нешто посебно, обично? како? Јас се осеќам изолирано. Има денови кога тоа не ми се свиѓа ич.
 
Од првиот муабет знам дали ќе се слагаме , до каде ќе одиме и дали има шанса за нешто повеќе , мислам дека тоа е многу вообичаено. :salut:
 
Не ги прифаќам сите,мора да има некоја незалемена жичка во себе за да го прифатам како пријател.Овие ги обожавам од првиот ден и секогаш си ги имам покрај себе.Нова фаца мора да ме заинтересира со нешто за да се дружам со неа,во спротивно ми останува само на „здраво“.
Не се замарам со ножеви во грб од пријатели,бидејќи не ни им се отварам како на долгогодишните другари.Овие новите се само за смеење,лудување,пиење,сеир фаќање и слично.Ништо приватно,ништо страшно.Така да ги прифаќам со отворени раце и им верувам бидејќи немам причина да не им верувам.
Неможам да научам да ги прифатам мирните луѓе,незнам како се учи тоа.

Имам многу сличен табиет: или ми „фаќа“, и го прифаќам „скроз“, или ми останува таму некаде резерва која многу тешко (и ретко) ја тргам на страна.
Инаку, сакам нови луѓе и лица, нарочито ако се позитивни и неоптеретени.
 
ги прифаќам па ги анализирам ако ми фаќаат око продолжувам да се дружам со нив ако не се тргам на страна :helou:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom