Како ги прифаќате новите луѓе во вашиот живот?

  • Креатор на темата Креатор на темата 5ko
  • Време на започнување Време на започнување

5ko

Член од
20 октомври 2007
Мислења
122
Поени од реакции
3
Па вака ова е моето гледање на работава.
Мојот пристап го нареков позитивен а тоа значи дека сите нови луѓе кои по различен основ влегуваат во мојот живот ги прифаќам максимално позитивно и отворено но во секој случај претпазливо и безбедно, со секоја негова грешка му одземам поени од максимумот (на принцип на новите возачки) ако го потроши бонусот нема право на поправен и останува надвор од моето опкружување.
 
Зависи како тие ќе се постават пред мене...во основа сум повлечен и некомуникативен и не сакам многу многу да ширам познанства...секако дека нема да можам да прифатам некој што има тотално различно гледиште на работите,поинаков начин на размислување итн...сепак треба да има нешто што би ме приврзало за него не можам само туку така да го прифатам и да се отворам кон некого ...
 
Сум прилично срамежлива,но сепак сум отворена со сите нови луѓе и не сум баш многу претпазлива,на кој што како му зборам,па затоа може и често го наебувам.
Како и да е, со сите се поставувам фино,коректно и најотворено што можам, иако да бидам искрена не изгледам така,ама тоа е веќе друга тема,срамежливост чуда прави.:tapp:
Ако некој од тие нови луѓе ме заебе,веднаш го бришам од листа на живи кај мене.Едноставно го игнорирам тој човек и одам понатаму.
Сакам да ширам познанства, дружељубива сум и срдечна, ама ме заебе ли некој - чао пријатно и адиос.
 
Толку сум отвотен према сите така да луѓето многу брзо се прилагодуваат на мене и јас на нив.
 
Епа по природа не сум срамежлива и сум доста дружељубива личност,така да многу брзо се стекнувам со пријателства и за многу брзо време се зближувам со луѓето.Тоа значи дека дека не сум многу претпазлива и премногу им верувам на личности кои многу малку ги знам.Тоа е навистина лошо и во последно време се трудам да бидам попратпазлива и да почакам малку време за да ги запознаам подобро тие личности.
Поради ова мое пребрзо зближување сум направила многу грешки и сум им верувала на луѓе кои не испаднале дека се такви какви што сум ги запознала на почетокот,односно какви ми се претставиле.
 
Никогаш не сум имал некоја посебна намера за ширење познанства.
Секогаш идело спонтано и во зависност од расположение.
Е кога веке ке запознаам некој,зависи од компатибилноста на нашите карактери,како понатаму ке се одвива односот,поточно дали воопшто ке продолжи.
Тоа се гледа од почеток.Може да се случи,во рок од еден ден,со некој да се зближам мноогу,и пријателството да остане засекогаш.Секако за тоа многу влијаеле и заедничките интереси,кои направиле да има многу муабет мегу нас.
Има случаи и кога требало повеке време,за со некој комплетно да ги отвориме картите,без разлика машко или женско.
Само секогаш,најбитна од се е спонтаноста.Никогаш не сакам нешто нафрлено,усилено...ни па ја го правам тоа.Just takes it as it comes...
 
~*~

Близнаци во хороскоп ... многу сум отворена и комуникативна со луѓето, едноставно обожавам да бидам меѓу многу луѓе, различни карактери, нови познанства.
Секогаш се наоѓа некои од моите интереси да се поклопи со интересите на другата личност, а и многу лесно можам да преминувам од еден топик на друг ... лесно се запознавам барем на елементарно ниво со луѓето.
Сакам нови луѓе ... they make my day! :smiz:
 
Отворена сум за нови познанства и секогаш се трудам да бидам позитивна и насмеана.Но секогаш ставам граница до каде може да се оди со новите познанства,пред да преминат во другарство.Се случува да стекнам доверба во некој за многу кратко,додека има луѓе со кои се дружам подолго време ама не им верувам.
 
се завси и какви се они..

но најчесто ок сум дружељубива комуникативна па ок ми иде се секој скоро што ке го запознаам:):)
 
Најпријателски се поставувам...со многу смеење,зезање и слично,се разбира доколку личноста дозволи и го прифати тоа,зашто има многу онака само се муртат и блеат наоколу...јас сум зависен од запознавање нови луѓе така да немам галје,сите што се фини и коректни спрема мене ми се драги и се дружам со нив :smir:
 
Со стисната десна рака на новајлијата а со лева на појас каде што е ножот. За секој случај.
 
Со резерва на почетокот. По извесно време можеби ќе се отворам и ќе ги прифатам повеќе за да им кажам некој детал.
Во секој случај зависи колку од нив, толку од мене толку и до моментот.
 
Ги прифаќам пријателски секогаш,меѓутоа,тоа не секогаш останува за долго,зависи,може во почетокот кога сум ја запознала да ми се допаднала,но подоцна да ми се смени мислењето заради некои постапки на таа личност.
Некои луѓе не сакаат смеење,зезанции(ова и јас не сфаќам како може),кај некои не ми се допаѓа карактерот,и тоа пријателски на почетокот се претвора во строго службено,само едно здраво ако ги стренам,а некогаш ни здраво.
Ако личноста ми се допадне ми останува пријател,ја прифаќам целосно,се дружам.
 
Отворено и срдечно.
Им давам шанса на новите луѓе и никогаш нема да го сменам тоа иако се имам лошо заебано неколку пати... Ги сакам луѓето, не би била јас истата доколку почнам да гледам на сите со недоверба и доколку пресметувам на секое... Можеби би била така поразумна, но сепак...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom