Како ги препознавате лажговците?

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Нешто што може да ја убие секоја желба за контакт со било која личност, предуслов да ми стане пријател и сл.работи е да лаже....
Дали сте од оние личности кои му треба многу време да откријат дека другата страна ги лаже или пак брзо ги "регистрирате" ваквите неблагодарници испратени на земјата?:uvo:
Која е вашата следна реакција откога ќе дознаете?
 
Кога некој не го знам доволно-не му верувам,едноставно.
Не се доведувам до ситуација да “откријам“ дека е лажго,туку со тек на време,ако ја заслужи-ќе ја има мојата доверба.:)
 
Процедурално: Мислам Lady темата треба да биди („Како ги препознавате лажговците?“) ова регистрирање некако...несоодветно делува.

Како и да е ...

Како да ги познаиш...па онака кога гледаш дека нешто „мириса“ во нивните муабети, сфаќаш дека лажат, ги фаќаш на мајтап и бегаш дуваш од нив оти има психопати од нивната сорта :) (на своја кожа си знам)
 
sekoja nova licnost so ke ja zapoznam ja primam so rezerva..potocno ne mu veruvam vednas...a toa dali e lazgo ili ne pokazuva vremeto..se se otkriva na vreme i ne mozi da me povredi bidejki ne mu veruvam.ima mal broj na luge na koi mu veruvam.e dokolku nekoj od tie luge me izlaze da ke bidam povredena.
sepak na lagata kusi i se nozete:ojea:
 
Многу мразам кога некој ме лаже т.е кога прави будала од мене.
За жал,обично им верувам на сите и ретко успевам да приметам кога некој ме лаже.Треба да се работи за некоја ПРЕПРЕмногу очигледна лага,за да сфатам дека ме лаже некој.
Прилично сум наивна и тоа го мразам кај себе,ама тоа е.:toe:
Инаку ако дознаам дека некој ме лажел,бурно реагирам.И тоа ептен бурно.
 
Па, можи да се речи дека ги препознавам, ама, оние апла лажговците..Шо се ептен проѕирни..Иначе, имав една другарка, шо нон стоп лажеше дека имал толку богат дечко, дека и` купвал такви и такви работи, дека нон стоп и` се јавувал, ја контролирал..И нормално јас и`вервав, другарка ми беше 7 години ебаго..Ама, еден ден, во именикот нејзин видов дека бројот на “дечко и`“, е уствари бројот на нејзиниот татко и дека цело време лажеше..Ама шо да прајш..Не мојш да и` речиш ништо..Пак ќе се извај..
Како и да е, не можам да ги распознам оние лажговци шо се в крај испраксирани и шо сами си верват во лагите. Ваљда оти сум малце наивна..
 
Ги фаќам ко глувци,мрзам лажговци и имам некој сенс за такви да ми светне сијаличката,имам една таква блиска личност која а зине лаже ама џабе колку и да и го плескаш у фаца дека знаеш дека те лаже она продолжува по нејзино тоа ме вади уште повеќе од такт и ја избегнувам,тоа коа ќе ти влезе чивијата да лажеш нема вадење...:)
 
Лажговците лесно се препознаваат, инаку ако се работи за ситни лаги, простувам а во голем дел и се преправам дека не знам дека ме излажале бидејќи и јас лажам, но воопшто не поднесувам кога некој те лаже доооолго време, и на крај кога ќе дознаеш, пак ќе ти ја префрли вината тебе!
 
Лажго...Па ги има секакви. Првенствено не им верувам на луѓето се додека не ги запознаам малку подобро. Сметам дека на некој начин можеби така се заштитувам од некои лажливи пријателства.

Постојат луѓе на кои им успева да лажат и да не ги откријат. Но постојат и такви што забораваат што излажале па упорно смислуваат нови лаги и постојано се заплеткуваат. Ама едно е најважно кај ваквите ликови тие никогаш не престануваат да лажат.

Пред некое време едно мало девојче ме замисли со една реченица. Ми рече дека не ги лаже родителите намерно туку добронамерно. Односно во превод таа нешто згрешила и се додека не ја поправи таа грешка нема да им каже ништо. Најверојатно мислеше на оние т.н "бели лаги" кога само навидум ја прикриваме грешката и не повредуваме никој со нив.
Исто така пред извесен период ми беше кажана и друга поговорка. Beautiful people say beautiful lies. Со ова личноста која ми ја кажа поговоркава сакаше да ми каже дека ја простува лагата која му била кажана.

Лично јас не сакам да ме лажат. Можеби би простила некоја ситна и безначајна лага, но не можам да разговарам подолго од 15 минути со луѓе кои постојано нешто лажат и се фаќаат во сопствените лаги.
 
имам приметено дека лагата брзо се заборава,(некад и се извртува) кога ке бидам повеќе од 2-3 пати излажан за некои глупи работи што онака не зависам од нив или сл, понатака ја губам довербата во таа личност, исто така имам приметено дека луѓето што многу зборат/многу се фалат секогаш испаѓа сосема трето - неочекувано од нив. :)
 
Нешто што може да ја убие секоја желба за контакт со било која личност, предуслов да ми стане пријател и сл.работи е да лаже....
Дали сте од оние личности кои му треба многу време да откријат дека другата страна ги лаже или пак брзо ги "регистрирате" ваквите неблагодарници испратени на земјата?:uvo:
Која е вашата следна реакција откога ќе дознаете?

Зависи каков е лажгото. Постојат
невешти лажговци - лажат и се залажуваат себеси па со тоа и некаде лесно откриваат дека лажат
Успешни лажговци - многупати ја кажуваат вистината а кога лажат ја прикриваат вистината со помала лага која ни на крај на памет не би се сетиле дека постои.
Патолошки лажговци - 24/7 лажат. Кај нив ако порано ја детектираш лагата тие измислуваат нова за да се одбранат.
 
Зависи каков е лажгото. Постојат
невешти лажговци - лажат и се залажуваат себеси па со тоа и некаде лесно откриваат дека лажат
Успешни лажговци - многупати ја кажуваат вистината а кога лажат ја прикриваат вистината со помала лага која ни на крај на памет не би се сетиле дека постои.
Патолошки лажговци - 24/7 лажат. Кај нив ако порано ја детектираш лагата тие измислуваат нова за да се одбранат.

Патолошките живеат во сосема свој измислен свет:wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom