Ете, и мене тоа не ми е јасно, каква е таа машка логика, кога е се во ред може да не се чуеме по 3 дена, а кога речам доста ми е веќе, знае да ме бара по сто пати. Тогаш има време, нема обврски, не му е срам да моли, да плаче. Неможам да разберам зошто го прави тоа. Реков сигурна сум дека има друга, тој секако не признава, ама зошто инсистира да продолжи ова нашево не ми е јасно. Последниот пат две недели не му дигнав тел., па ми пиша таков mail, реков ајде да го ислушам последен пат. И тоа натегање траеше месец дена, јас велам не функционира, тој е упорен да продолжиме. На крај попуштив. После тоа се е исто како и претходно.Пред некој ден кога се расправавме пак, ми рече дека не е добар човек, дека јас заслужувам многу подобар од него, жал му е што многу ме разочарал, ама не може да го замисли животот без мене, ќе се труди да се поправи. Оладив веќе, не паѓам на неговите лаги, само незнам како да соберам сила да прекинам секаков контакт со него. Пробав со самоубедување дека е така најдобро, неколку пати кога зазвони, излегувам и го оставам мобилниот дома од страв да не се најдам во искушение да се јавам. Се надевам ќе издржам и на крај ќе се откаже.