Како да се прекине една врска?

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
Како раскинувате врска?

На кој начин го правите тоа? преку муабет, преку смс,на мсн или ке се изнервирате и у п-матер ке го/ја откарате партнерот/ката...
Сепак зависи која е причината за прекинување на врската...
Јас лично преферирам смс раскинување... и мора да ја прашам цурата со која раскинувам - сакаш Другари да бидеме?
ако има ваква слична тема, се извинувам....
 
Ако си маж ќе одиш и во очи ќе и ја кажеш причинита зошто сакаш да раскинеш со неа.
Не одобрувам никаков друг начин, со самото тоа докажуваш дека немаш храброст и дека се плашиш да се соочиш со неа.
 
На жалост не ни си пребарал да видиш дали има слична тема,а во случајов иста.
Има наплив на отварање теми кои веќе постојат.Користете ја алатката пребарување,не мора насловот на темата да е ист, разгледајте и содржина!
 
Последно уредено:
Во разговор кој ќе се одвива во четири очи и тоа на најкултурен начин.
А преку смс,мобилен,мсн....НЕ многу е кукавички,а и затоа што ниту сме ја започнале врската преку смс и слично и истата таа врска не се одвивала само преку мобилен или интернет.:pipi:
 
На кој начин го правите тоа? преку муабет, преку смс,на мсн или ке се изнервирате и у п-матер ке го/ја откарате партнерот/ката...
Сепак зависи која е причината за прекинување на врската...
Јас лично преферирам смс раскинување... и мора да ја прашам цурата со која раскинувам - сакаш Другари да бидеме?
ако има ваква слична тема, се извинувам....

добро па уште ли има такви шо раскинуваат преку порака, преку мсн, по телефон?? тоа е најглупиот можен начин за раскинување (стај се ти во положба на тој шо му раскинуваш и ќе видиш како е). луѓе сме, знаеме муабет да праиме. фино лепо едно муабетче, поголемо или помало тоа зависи од ситуација, ама издржано муабетче. најчесто тие шо раскинуваат преку порака или по телефон не знаат како да раскинат немаат причина и затоа го избегнуваат муабетот, зашо не знаат шо муабет да напраат
 
Лесно ни е нам машките, ќе не снема, не се јавуваме и лаганини...
а вас ќе ве гњават. :)
 
Чим дојде до мислење врската да се прекине тогаш е се готово...чим нешто не штима обично се пробува да се поправи но знаеме дека некои работи од кога ќе се скршат многу тешко се составуваат...Раскинувањето пред се треба да помине во еден нормален разговор, се излагаат проблемите поради кој сте решиле да ја прекинете врската, кажувате за фактите кој што сте или сте му навеле да ги поправил не го сториле тоа, сте ги изгубиле чувствата дека не е како на почеток и посакувате се најдобро во животот и продолжувате понатаму...Ако ве изварале ве советувам да не го сторите тоа дека поселска работа не постои крај краева паѓате на исто ниво...
 
Искреноста е најдобар метод.. Нејќам веќе да бидам со тебе може да останеме во контакт и крај.. Само нормално да разговараме.. многу мрзам раскинувања преку порака или на мсн.. тоа ми е некако глупо.. се што имаш најдобро е во очи некому да кажеш..:helou:
 
дефинитивно нај јака ми е ваа:

Маче знаеш дека неможам да живеам без тебе али........ОД УТРЕ ЌЕ МОРАМ ДА ПРОБАМ... :pos2::pos2::pos2:

Добра реченица е:
"Не ме задоволуваш во сексот!" - ама кажана ладнокрвно - предизвикува кршење на моралот! Закон!
 
Ednostavno ke go ubedis deka ti si negoviot najlos izbor
 
Последно уредено:
нека те види со друг/а
 
Па во живо или преку телефон да се јави може.
Најдобро е да се каже вистинската причина.
Ако веќе ти здосадило ќе речеш дека немаш чувства повеќе и сл ..

Само најгрдо е да исчезнеш од нигде никаде, без одговор :cautious:
 
Ќе му кажеш: твојата најдобра другарка/најдобар другар подобро се ебе од тебе. :свиркам:
 
Не да е тешко, претешко е јас на пример моментално се соочувам со тој проблем, со дечко ми сме три ипол години ниту сме се скарале асално, ниту сме имале грди моменти и одеднаш бам бум.... со него сме како најдобри другари и се си кажуваме дури и најтешките ситуации и зборови кои може да се слушнат , мојов сега незнае што да прави несака да раскинеме бидејќи сеуште не е сигурен дали го сака тоа и сака да пробаме да си дадеме шанса за да видиме дали ќе успееме, мене оваа неизвесност ме УБИВА, и премногу ме исцрпува , страшна е помислата дека крајот се ближи, сега за сега замо се тешам дека можеби ќе успееме, но мислам дека се залажувам само .... за жал..
 
Eдна од најтешките и најбезизлезните состојби кои за жал освен зона на комфор ништо друго нема да изградат. Како личности одамна сте изградени, но желбата да се опробате на нешто ново е тука, само не меѓу вас, пошто вашето веќе многу одамна е соџвакано и преџвакано. Оттука и таа зона на комфор, демек ако се разидете, меѓу вас ќе биде се` завршено, што во реално е и така, додека не дојдете до тоа новото кое би пуштило два засебни доволно цврсти корени.
Навиката ве убива. А да ја смените е тешко.
Тука мора да се биде категоричен и доследен ако се сака да се смени нештото. А изискува една и единствена жртва - прекинување на секаков контакт додека корењата засебно не се спуштат доволно цврсто
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom