Шкорпион
Corvus oculum corvi non eruit?
Only strong willpower helps. Ништо друго. Ако некој не е 100% решен да ги остави, никогаш нема да ги остави.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Абе незнам колку се пушачи од вас што делите вака совети во стил само јака волја, цврст карактер и ќе се откажете, јас сум цврст карактер бе, еве ги имам откажувано по 3 месеци и пак после.
Знаеш кога ќе ги откажеме, кога ќе ни дојде у газот у глава, срцеви проблеми, хроничен бронхит и тако даље.
Ќе се откажеш кога ќе ти се случи нешто драстично или кога ќе немаш пари да го финансираш твоето хоби.
Тоа се деси со нашите родители кој пушеа цело време и им рековме ако пропушите пак,ние не влагаме тука.
Затоа сам ќе си го одгледуваш за домашна употреба во мали количини доволни за тебе и твоето семејство (доколку се пушачи нормално). Еден куп луѓе познавам кои си имаат приватни бавчички и одгледуваат здраво, непрскано органско овошје и зеленчук кое не го продаваат туку е само за нивна лична консумација.Дали си видел како се одгледува денес тутунот ме интересира како прво?
Јас како производител на тутун и тоа доста големи количини ќе ти објаснам накратко па процени самиот колку е тој тутун здрав да го пушиш и органски
1. откако ќе никне се прска едно 8-10 пати до расадување (некаде во месец-месец и пол)
2. после расадување му се удира пак прскање против перваспора, превенција од вошка и други болештиње и + течно ѓубриво за да расти повеќе ( а друго ѓубре и уреа му лупаме пред да го расадиме, после орање на нивата и тн
3. Годинава конкретно имаше тутунски вошки во изобилие, јас го испрскав тутунот само од вошки при што му додавав и билки за од пламеница и такви срања 4 пати меѓу кои некаде 7 различни билки кои спаѓаат строго во 1ва и 2 група на отрови
за другата билка не се разбирам така да тоа е на тебе, а и да процениш колку е здрав тутунот ти и било кој кој го конзумира тука![]()
Затоа сам ќе си го одгледуваш за домашна употреба во мали количини доволни за тебе и твоето семејство (доколку се пушачи нормално). Еден куп луѓе познавам кои си имаат приватни бавчички и одгледуваат здраво, непрскано органско овошје и зеленчук кое не го продаваат туку е само за нивна лична консумација.
Поентата е дека конкретно не е толку штетен самиот тутун како билка/растение, колку што е штетно денешново конвенционално одгледување на истиот (куп прскања со гунгициди, пестициди, инсектициди, ѓубриво за поголем раст, гмо тутун итн итн.).
Плус при преработка на веќе исушениот тутун има се ставаат еден куп (во повеќе од една студија се вели околу 500 хемкалии) за подобрување на вкусот, мирис, боја, споро горење....
Па сега види ти дали тутунот е штетникот тука или лошото одгледување и преработка на истиот!![]()
Те сфатив убаво и мило ми е што се слагаме за разликата помеѓу комерцијалното одгледување/производство и домашното. Затоа признавам само во домашни квалитетни услови и исклучиво за домашна употреба.Добро утро. Ако ме разбра погоре и јас ти објаснив зошто да не се пушат цигарите поради неговата обработка и начин на одгледување. А за дома, може сади никој не те брани, јас за дома си садам бавча и не прскам ниту домати, ниту пиперки ниту ниш и вештачко ѓубриво не му тураме туку строго со гној.
Инаку имав до пред извесен период пушач дома, животот го посветив да го учам да ги остави цигарите али не ме слушаше за на крајот од нив и да замине и да ме остави во оваа ситуација во која што сум да не знам кој пат да го фатам.
А билката на аватар што ти е, сум ја пробал лично неколку пати и сум против неа. Не навлегувам дали е корисна или штетна туку дека со неа не е ист никој кога ја конзумира. Имам колега на работа кој е 24 сати на ова срање и се чудам како го трпи газдата уште, бидејќи нон стоп касни како на работа, така и со извршување на обврските.
Ако ме разбра погоре и јас ти објаснив зошто да не се пушат цигарите поради неговата обработка и начин на одгледување.
Те сфатив убаво и мило ми е што се слагаме за разликата помеѓу комерцијалното одгледување/производство и домашното. Затоа признавам само во домашни квалитетни услови и исклучиво за домашна употреба.
Истото важи и за билката (конопот) ставен на мојот аватар...![]()