Како да се бричиме?

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување
Повеќето машинки се срање и направени за голобради момчиња. Тешко е да се најде добра машинка.
Овие gillete милет се направени за едно лигаво бричење и после можеш комотно да ги фрлиш. Најчести корисници на Gillete се дечиња на кои уште им немаат пораснато влакненца и се палат на телевизиските реклами. Затоа што имаат голем број на сечила нивното чистење е потешко. Направени се намерно тапи за да постојано се купуваат нови (n)
За мажи најдобри се bic со едно сечило. За темелно бричење треба да одите контра на растот на влакната, значи од доле нагоре.
Capture_00218.jpg
До некаде се согласувам со тебе, освен дека за мажи најдобри се bic со едно сечило. Согласен сум дека бројот на сечилата нема врска со квалитетот на бричењето, за добро и мазно бричење сосема е доволно само едно сечило, повеќе сечила - потешко чистење (просторот меѓу сечилата е идеален за развивање на бактерии), повеќе сечила поголема шанса за сраснати влакна, секое наредно сечило само повеќе ја иритира кожата и предизвикува црвенило. Најдобро бричење се постигнува со најстарите бричеви (straight razor), тие имаат најостро сечило, трајни се (и по повеќе од 100 години), но потребна е вештина за нивно користење, која сепак се постигнува со доволно пракса.
На второ место по квалитет на резултатите од бричењето се бричевите кои ги користеа нашите дедовци (или татковци) во кои се става жилет (safety razor).
Но за бричење со двата претходни бричеви потребно е малку повеќе време и внимателност отколку со модерните бричеви (со кертриџи), но кога човек ќе проба колку поубаво е бричењето со ваков брич и колку поквалитетно е избричен бричењето може да му премина во хоби и уживање наместо во досадна обврска :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom