Како да привлечете една девојка

  • Креатор на темата Креатор на темата Stef Bachatero
  • Време на започнување Време на започнување
S

Stef Bachatero

Гостин
Ок машки време е за лекција 191,привлекување девојки.Гледам повеќето од вас,вклучувајќи ме и мене понекогаш сме во еден конфликт со нежниот пол.Денешниве машки вклучувајќи и мене дозволуваат една девојка да не врти како рингишпил и да не искористува тоа што сме слаби кон нивниот карактер и изглед.Тоа потекнува од мали нозе кога мајка ни многу не мазела и ни кажувала колку сме специјални и делува заштитнички кон нас,а со тоа нас таа не феминизира и ни дава лоши работи врз нашиот карактер и став кон жените.Затоа жалам што не сум бил во војска,затоа што војската те учи на независност и психички те подобрува да веруваш во себе.Дур седиме на компјутер и збориме како и што еден маж треба да поседува,сите идиоти во градот ти ги земаат убавите девојки.Затоа прво почнуваме од нашиот став за жената дека прво таа не е курва и злобно суштество кое сака да врти машки,едноставно времињата се променија и сега можат и жените да бидат независни од еден маж.Второ почнуваме да градиме карактер кој е неодолив за било која девојка,нема врска која и да е,ако ги имаш квалитетите на правиот маж секоја девојка ќе биде твоја.
3.Почнуваме физичкиот изглед да го градиме кој на девојките им кажува колку се грижиш на себе.Девојките секогаш повеќе им даваат приоритет на добро изградените машки и на машките што се имаат стил кон облакањето затоа што тоа им кажува дека тој е поинаков и има самодоверба и не се срами од тоа што е.
4.Секој ден ако треба,ќе флертуваш со било која девојка.Ако незнаеш што е флерт,тоа е игра на зборови во кој ти проверуваш дали девојката те свиѓа и паѓа на твоите зборови.Устручувај се и прашувај што им се свиѓа кај машкиот пол,што ги одалечува,а што ги зближува.
5.Секогаш биди предизвик на девојка,затоа што ако може да те има секогаш,ќе станеш само уште еден дел од нејзината колекција.Не и давај секогаш се што ќе посака затоа што кога ќе и го дадеш,ќе помисли дека те освоила и може да те има секогаш.Затоа девојките ги привлекуваат идиоти,затоа што се независни,не се грижат за нивните чувства и девојките неможат да ги контролираат.А нешто што неможе девојка да го контролира е тоа за нејзе е самодоверба и предизвик.
6.Прекини да мислиш дека девојката е страшило и прифати се таков како што си.Твојата генетика е таква и ти си привлечен за еден дел од жените.Но најпрво тоа што треба да направиш е да изградиш голема самодоверба и став дека ниедна девојка неможе и несмее да ти го сруши твојот интегритет и став кон самиот себе.Ако си во контрола на самиот себе,тогаш си во контрола на твојата околина.
7.Прекини да бидеш предвидлив.Предвидливоста е многу лоша работа ако сакаш да ја имаш девојката од твоите соништа.Што се предвидливи работи:Запознаваш девојка која те свиѓа и се даваш цел,станувате дечко и девојка после тоа се венчате.
8.Прекини да бидеш финиот дечко што секогаш ќе бидеш за неа.Девојките верувале и не,не го сакаат тоа.Како што реков непредвидливоста е голема привлечност кај жените тоа потсвесно го прават,не за џабе ќе приметиш колку пријатели има и ниеден од нив не им прави муабет.Предвидливиот маж остава се на девојката,предвидливиот маж ја части со тоа што сака да ја купи девојката,предвидливиот маж и кажува дека не може да живее без неа,а уствари сака да ја легне и предвидливиот маж е толку несигурен во себе што само дава комплименти и секогаш очекува реакција од девојка.
За на крај имам 23 години.Секогаш сум ги имал истите проблеми со девојките како сите вас и сеуште ќе ги имам,иако немам проблем да се отворам на било која девојка и да си го кажам своето,тоа успева кај девојките што знаат што сакаат и делат мое мислење.Но не се откажувам од ништо,па камоли од едно НЕ на девојка.Мислам дека прерано се врзуваме и незнаеме што сакаме и правиме работи кои после си велиме зашто сме ги правеле.Верувајте дека и јас исто ги правев грешките кои направија да една девојка ме мота со малиот прст.Тоа што ќе ви го кажам дека ние машките сме многу феминизирани и имаме слаб карактер одбивен за девојките што секогаш ќе се прашаш каде грешиш.Секогаш биди лидер и креирај иднина и никогаш не се откажувај од самиот себе,затоа што секогаш ќе видиш дека твојот став и карактер ќе биде привлечен за некоја девојка а твоето НЕ е моќно и секогаш креира мистика кај една девојка.
 
Ова универзално е или?​

Ептен, сеа ќе почнат маживе растур да прават, спреми се да гледаш испопаѓани девојки на коленици во следниот период :icon_lol:.

Баш да видам лекција 192 што ќе каже, тоа виша фаза ќе биде :icon_lol:.
 
1. Одбивноста се појавува во моментот : „Јас знам што сакаат жените.“
2. Размислувањето, двоумењето и читањето на мисли е одлика на жените и затоа со вакви реченици стануваш попривлечен на маж и ни влагаш во конкуренција,
3. И за крај секогаш и ќе продолжиш да ги имаш истите проблеми со девојки додека комплетно не се промениш.
 
Се сложувам со твојов пост дека е безвезно да се прави листа на тоа што и како сакаат жените а што не ама претпоставувам дека Stef ги пишува од искуство па наводно има нешто вистина во тоа и за некои што се понеискусни можеби ќе ѕирнат срамежливо да научат за феноменот на женскиот карактер.
Сеа ќе кажам во кој дел му пронајдов нешто што не се сложувам што не значи и дека јас сум во право.
Напишал дека девојките ги сакаат полошите навидум момци.
Мислам дека е половично точно.
Да девојките ги сакаат овие момци можеби ама во тијнеџерските денови кога им врие крвта и кога сакаат малце повозбудлив живот со некој ваков дечко отколку со првата бубалица во класот но како девојката е позрела мислам дека напротив ваков тип на дечко воопшто не и одговара.
 
4.Секој ден ако треба,ќе флертуваш со било која девојка.Ако незнаеш што е флерт,тоа е игра на зборови во кој ти проверуваш дали девојката те свиѓа и паѓа на твоите зборови.Устручувај се и прашувај што им се свиѓа кај машкиот пол,што ги одалечува,а што ги зближува.

Отсекогаш сум сметал на фактот дека мажот не треба да флертува со жената (освен ако не е на работа, и нема ништо попаметно на што би си го трошел времето). Мажот покажува дека е заинтересиран со тоа што ја прашува жената за број или искачање.

ПОГРЕШНО: Здраааво, јас сум Флерти! (Допир. Допир.) Изгледаш ТОЛКУ симпатично во таа облека! Ох боже! Сигурно добиваш комплименти цело време! (И Флерти продолжува да флерта)

ПРАВИЛНО: Здраво, јас сум г-дин Антоние. (Нешто мал муабет). Кој ти е бројот?

Можеби грешам. Можеби едноставно не сум модерен. Незнам.

Меѓутоа, на страна од ова, целата оваа комплицирана теорија звучи како да е напишана од некој кој се обидува да избегне одбивање (корпа). Не можеш да избегнеш корпа. Напротив, треба да ја прегрнеш.

За да си најдеш девојка навистина не треба да правиш ништо посебно.
 
Жените по природа се слаби и беспомошни и инстиктивно бараат заштита. Затоа и ги привлекуваат мажи кои можт да им пружат сигурност. Физички мажо треба да изгледа нешо како мене за да привлечи жена. По некоја седа во косата (то им дава на знање дека се работи за зрел маж, искусен). Црн густ мустаќ и зулуфи то им дава впечаток на мажественост. Новчанико надинган со пари за да осетат и финансиска сигурност (ако некој не е богат ко мене а сака да си ќари женска клај 2-3 новчаници од по 20 евра, 1-2 од по 500 а меѓунив нагмети десетденарки, да лажат очи) Жените се палат и на униформи оти ги асоцира на сила и дисциплина, така да ако си милицонер ил пожарникар, ноќен чувар, поштар... ќе си ја шеташ така облечен у униформа. Ја не сум униформирано лице али ако видам дека се пали на тоа си го земам со мене загарот, гумените чизми и карабино за на лов да оставам посилен впечаток. Важно е да не ја испуштиш од раце, значи секогаш да знае дека си ти стопанот и господарот. То ми текна ко ги трениравме ртките на Љубе бајлакот. Си реков, ко важи ова за кучиња сигурно важи и за жени, на пример седиш со женската в кафеана и таа станва на пример да ој да се мочка и ти онака строго строго ќе ја испулиш и ќе речиш “Кај си тргнала мори“ и цело време онака седиш напнат ко сајла (да не знае од која страна ќе долета шамаро“ и ко ќе почни да пелтечи црвенее да објаснува и се правда ..., ќе и се насмееш онака татковски и ќе ја пуштиш да ој (пред да се измочка пред тебе од зорт) а дур се врати ќе и нарачаш една ловечка, компири и зелка салата за ко ќе се врати да ја чека на маса како награда . То е чиста психологија.
Секако потребно е некогаш и да им се каже по некој романтичен збор ил да напраиш романтична сцена (зошо е така - господ знаи) али има сега на интернет можи да се најдат такви зборои и реченици па ќе се испечатиш и ливчето в џеп, порано вомое време моравме да бараме по романчиња и книги и да ги запишваме или од филм па памти и повторвај да не забораиш.
 
За да се привлече една девојка постои само едно правило а тоа е дека не постојат правила и закони како да се привлече една девојка. Прво секоја има различни вкусови и секоја различно си го замислува дечкото и карактерно и физички. Ако беа напишани правила во една книга и сите ние ги следевме тие правила тогаш ние нема ни да бевме човечки суштества туку роботи.
--- надополнето: Oct 9, 2011 9:58 AM ---
Жените по природа се слаби и беспомошни и инстиктивно бараат заштита. Затоа и ги привлекуваат мажи кои можт да им пружат сигурност. Физички мажо треба да изгледа нешо како мене за да привлечи жена. По некоја седа во косата (то им дава на знање дека се работи за зрел маж, искусен). Црн густ мустаќ и зулуфи то им дава впечаток на мажественост. Новчанико надинган со пари за да осетат и финансиска сигурност (ако некој не е богат ко мене а сака да си ќари женска клај 2-3 новчаници од по 20 евра, 1-2 од по 500 а меѓунив нагмети десетденарки, да лажат очи) Жените се палат и на униформи оти ги асоцира на сила и дисциплина, така да ако си милицонер ил пожарникар, ноќен чувар, поштар... ќе си ја шеташ така облечен у униформа. Ја не сум униформирано лице али ако видам дека се пали на тоа си го земам со мене загарот, гумените чизми и карабино за на лов да оставам посилен впечаток. Важно е да не ја испуштиш од раце, значи секогаш да знае дека си ти стопанот и господарот. То ми текна ко ги трениравме ртките на Љубе бајлакот. Си реков, ко важи ова за кучиња сигурно важи и за жени, на пример седиш со женската в кафеана и таа станва на пример да ој да се мочка и ти онака строго строго ќе ја испулиш и ќе речиш “Кај си тргнала мори“ и цело време онака седиш напнат ко сајла (да не знае од која страна ќе долета шамаро“ и ко ќе почни да пелтечи црвенее да објаснува и се правда ..., ќе и се насмееш онака татковски и ќе ја пуштиш да ој (пред да се измочка пред тебе од зорт) а дур се врати ќе и нарачаш една ловечка, компири и зелка салата за ко ќе се врати да ја чека на маса како награда . То е чиста психологија.
Секако потребно е некогаш и да им се каже по некој романтичен збор ил да напраиш романтична сцена (зошо е така - господ знаи) али има сега на интернет можи да се најдат такви зборои и реченици па ќе се испечатиш и ливчето в џеп, порано вомое време моравме да бараме по романчиња и книги и да ги запишваме или од филм па памти и повторвај да не забораиш.
:pos:
 
Ок машки време е за лекција
prvo kako ne te mrzelo olkav golem post da pisis od sabalje :)
drugo za da fatis devojka znaci treba prvo da imas dobro telo nabildano celava flizura i po edna tetovaza ne e na odmet.
e isto treba da imas po nekoj recenica spremna za razgovor, primer rece deka odis na tancovi mislam taka bese ?
tamu ce najdes em ubavi em pametni devojki :), ce si naprajs obicen muabet ne treba koj znae kakov od samiot muabet ce vidis dali i kolku e zaintersirana devojkata za tebe.
devojki ima kolku da sakas posebno vo skopje sekoj vtora e od ubav po ubava :) zapoznavaj sekoj den po edna devojka tajna na zaveduvanje nema se se uci vo zivotot.
samo treba da si hrabar, interesen i inventiven za devojkite toa najmnogu go cenat. I pred se da imas dobro izgradeno telo devojka koj e ubava non stop e pod udar na drugi maski za da se nosis so nea mora da si i ti tip inaku drug ce ti ja zema.
ja pokanusvas na kafe ako ti prifati pola rabota e zavrsena ostanuva uste da ja baknes i ete imas vrska a ako se pokazes ce te ceni najmnogu na svet.
 
дали овие совети може да се искористат за жена да привлече жена, пошто јас со сексуален однос со жена неам проблем, него сакам да имам секс со две девојки па дали ке може со едната да ја привлече другата? па после јас знам како да ги привлечам двете и да имаме одличен секс
 
Ај дека не можете да ставите уште едно клипче на темава...
 
Dude ти си псајхо, сево ова не се твои теории или искуство него го вадиш од pickup artisti како Style, Mystery etc...што се ментално болни imho.

Прво, ова што го збориш нема НИКАКОВ доказ, дај ми емпириски доказ дека ова работи, дека ако земеш кои било 10 мажи од најубав од најгрд дека ќе им успее истово.

------
Не сум фин па да те купам со подароци,не сум ни идиот па да играм со твоите чувства,но девојко јас сум алфа мажјак со кој ќе се забавуваш и ќе посакуваш да нема крај.
----------
Ова алфа мажјак што го имаш во твојот потпис е еден од најчесто користените термини во pickup art.

ЕДИНСТВЕНО емпириско правило што сум го сретнал за привлекување жени е:

а) Има мн. студии дека жени сакаат мажи со широки рамења и нели она гради стомачни

б) Жени обично ги привлекуваат мажи кои се повисоко во нивниот локален статус на пр, танчерка ја привлекува брејк денсер, секретарка директорот на фирмата, рокерка рок ѕвезда (додека таа што слуша хипхоп неможе да замисли рок ѕвезди него ја привлекуваат рап ѕвезди).

в) Чувство на опуштеност и воопшто океј позитивни чувства пошто има безброј студии дека без разлика за кој пол се работи чувствата мн. лесно се пренесуваат ако некој до тебе е тажен шансите се и ти ќе почнеш малце да се натажуваш и обратно.
 
Ова кај мене не важи не за друго имам директорка не директор. :pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom