Како да ја зголемиме емоционалната интелигенција?

  • Креатор на темата Креатор на темата Nedelkovski
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 јули 2010
Мислења
111
Поени од реакции
23
Оваа тема е се популарна во светот.Емоционалната интелигенција за разлика од когнитивната може да се менува.Па доколку знаете техники и вежби за подобрување на EQ-то,Ве молам да споделите.Благодарам однапред.

Се мислев каде да ја ставам темава.Доколку сум погрешил преместете ја во психологија и филозофија..

Поздрав..:helou:
 
1. Емоционална Интелигенција - Даниел Големан
2. Емоционална Писменост - Клод Стајнер

побарај ги овие две книги, во нив имаш многу повеќе околу тоа, како и соодветни вежби за подобрување на таа „вештина’’....и двете ги имам почнато да ги читам али сум баталувал...моментално ги немам книгите за да ти ги позајмам...
 
1. Емоционална Интелигенција - Даниел Големан
2. Емоционална Писменост - Клод Стајнер

побарај ги овие две книги, во нив имаш многу повеќе околу тоа, како и соодветни вежби за подобрување на таа „вештина’’....и двете ги имам почнато да ги читам али сум баталувал...моментално ги немам книгите за да ти ги позајмам...


Фала ќе пробам да ги најдам.Поздрав
 
Оваа тема е се популарна во светот.Емоционалната интелигенција за разлика од когнитивната може да се менува.Па доколку знаете техники и вежби за подобрување на EQ-то,Ве молам да споделите.Благодарам однапред.

Се мислев каде да ја ставам темава.Доколку сум погрешил преместете ја во психологија и филозофија..

Поздрав..:helou:
Шо ќе ти е кај нас и без тоа немаат оваков критериум.
 
Emocionalnata inteligencija se zgolemuva preku iskustvo, ne na drug nachin.
Emocionalnata inteligencija ne e gluma.
Ne e poentata da glumime deka ne ne interesira neshto sho ne interesira.
Poentata e stvarno da ne ne interesira toa.
A toa se uchi samo preku osekjanje na svoja kozha kako si se zafrknal minatiot pat, i ovojpat, zatoa, nema da si dozvolish da te zainteresira toa neshto, da probudi chustva vo tebe predvreme.
Iskustvo.
Se dodeka ne osetish, neznaesh kako e.

p.s. Dobra tema !
 
Кај нас како именувана тема не е популарна, бидејќи македончињата не веруваат во психологија, мислат дека тоа е наука за болни луѓе. Ама, како применета, и те како е популарна. Во секојдневието ни е, на секој од нас. Емпатија, афекти, пребрзо реагирање, тоа што народот го вика - темперамент, зрелост... Сите овие сегменти спаѓаат во таа тема. Само кој се фаќа да прочита.

AceMaus, втората книга, од Клод Стајнер почнав да ја читам, добра ми изгледа, има добри работи.

И, Nedelkovski, честито темава, одлична е :)
 
Емоционалната интелигенција е способност кај поединецот да ги доживува и разбира своите емоции. Тоа е способност да се воочуваат емоциите, да се поттикнуваат и да се користат во когнитивните функции (мислење, креативност способноста за анализирање на проблемот, донесување успешни одлуки), да се развива разбирањето на емоциите и да се развива размислувањет за сопствените емоции,а со цел да се поттикне личниот емоционален и интелектуален развој.
Постојат четири типа на способности кои се дел од емоционалната интелигенција:

* Свесност за сопствените и емоциите на другите луѓе – станува збор за свесност на индивидуата за сопствените и туѓите вербални(говор) и невербални ( израз на лицето, бојата на гласот, ставот на телото) емоционални изразувања.
* Користење на емоциите во процесот на мислење – кога индивидуата е свесна за сопствените емоционални реакции на средината, мислата е водена од она што е приоритет на поединецот во таа средина, а тоа е основата на здраво психичко функционирање. Исто така, забележано е дека емоциите ја поттикнуваат креативност кај луѓето.
* Разбирање на значењето на емоциите – целта на емоциите е да пренесе некоја информација: радоста значи дека ви е пријатно со некого, лутината можеби значи дека неправедно се однесувале спрема вас.Емоциите се реакција на случувањата во средината. Ако успешно ги разбираме своите емоции, посоодветно ќе реагираме во конкретна ситуација.

Зошто ни е потребна емоционалната интелигенција?


Истражувањата покажуваат дека емоционалното здравје е основа на ефективно учење. Се увидело дека најбитниот елемент за успехот на учениците во училиштата е тие да можат да разберат како да учат. Клучно за ова разбирање е следново:

* Самодоверба
* Љубопитност
* Разбирање важноста на она што го учат
* Самоконтрола
* Поврзаност
* Комуникативност
* Соработливост

Сите овие елементи се исто така елементи на емоционалната интелигенција. Исто така, се покажало дека емоционалната интелигенција е подобар показател за успех отколку класичната интелигенција. Луѓето кои се справуваат подобро со своите емоции и се во состојба да имаат добра релација со другите луѓе, имаат повеќе потенцијали да живеат задоволен живот. Покрај тоа, среќните луѓе се повеќе во состојба да запмтат информации, отколку оние кои не се задоволни. Развивање на емоционалната интелигенција е нешто кое влијае врз животот на долги патеки. Постоењето на зголемено ниво на проблеми кај младата популација, од проблеми како ниска самодоверба до проблеми од типот на зависности, поттикнува на размислување за потребата да се развива емоционалната интелигенција уште кај децата. Исто така, во многу компании во САД се воведуваат обуки кои ставаат акцент на развојот на компонентите на емоционалната интелигенција, а со цел да се поттикнат и да се мотивираат вработените, како би се зголемила продуктивноста и профитот. “Емоционалната интелигенција е водечката вештина, способност која во голема мера влијае на сите други способности, со тоа што или ги води или интерферира со нив” – Daniel Goleman, Emotional Intelligence

Инаку штета што ретко кој во Македонија се труди да ја зголеми својата емоционална интелигенција,најверојатно менталитетот ни е таков,никогаш не се обидуваме да поработиме вистински на емоциите,кои се главен извор за апсолутна среќа.Книгата ја имам прочтано во прва година на факс и цела група многу убаво ја елабориравме на час по психологија,ама и многу бевме запрепастени од тоа колку малку се грижиме за полето на емоции на другите луѓе, а уште помалку на општествената заедница.
 
одамна се думам да ја земам Емоционална Интелигенција - Даниел Големан. Иако мислам дека сум доста навлезен во тоа поле.
 
Не постои такво нешто како Емоционална Интелегенција барем не во научната пракса.
Таа е измислена првенствено за да им се даде битност на глупите луѓе, колку да не се осеќаат бескорисно.
Ако они паднат во депресија тогаш кој ќе врти плескавици во Тако Бел?
 
Добриот EQ го определуваат три основни карактеристики:
1. Целосно разбирање на сопствените чувства
2. Способност за разбирање на туѓите чувства
3. Успешно адаптирање на своите чувства во секоја ситуација.
За да си го подобриш сопствениот EQ неопходно е да научиш да ги развиваш овие три особини.

--- надополнето ---

Клучно за ова разбирање е следново:

* Самодоверба
* Љубопитност
* Разбирање важноста на она што го учат
* Самоконтрола
* Поврзаност
* Комуникативност
* Соработливост


Јас ги имам следниве
Самосвест
Справување со емоциите
Самомотивација
Справување во односите со другите
Како им помагате на другите да се справуваат со своите емоции


И не ме држете за збор како ме држи меморија мислам дека светски просек беше 85% а во Македонија 83%
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom