КАКО ДА ЈА ЗАСЛАДИТЕ СПЕРМАТА И ВАГИНАЛНИТЕ СЕКРЕТИ!

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.179
Поени од реакции
2.859
Возраст
40
Во читањето и пишувањето на еротски приказни, наидуваме на многу различни описи на вкусот на телесниот секрет. Описот на вкусот обично зависи од ограничената можност на авторот да ги најде вистинските зборови за да го опише уникатниот вкус на спермата и вагиналниот секрет.

Очигледно, вкусот на спермата и вагиналниот секрет, варира од личност до личност, а исто така и кај една личност од ден во ден, зависно од многу фактори, меѓу другото и од храната што ја јаде. Бидејќи сите телесни секрети зависат од храната што ја јадеме, значи и вкусот на спермата исто така зависи од тој фактор.

1. Пушењето на цигари или марихуана и пиењето алкохол ќе им даде горчлив вкус на телесните секрети.

2. Јадењето на црвено месо, аспарагус, брокули, спанаќ и некои витамини ќе им даде остар или солен вкус на секретите.

3. Млечните продукти, како сирењето и млекото исто така ќе им дадат солен вкус.

4. Јадењето само зеленчук (сем оние од семејството на зелки, т.е. карфиол, аспарагус и брокули), особено целерот, ќе им даде на телесните секрети помек вкус.

5. Јадењето магданос и целер, кои содржат голем процент на хлорофил, ќе ги направат телесните секрети послатки.

6. Зачинетата храна со цимет, ментол и лимон, исто така ги прават секретите послатки.

7. Јадењето овошје, особено ананасот, папајата, дињата, мангото, јаболките, грозјето и малините, исто така можат да ги направат телесните секрети послатки. Големото количество шеќер што го содржат овие продукти, може да го анулира горчливиот вкус што се создава при пиење алкохол, или пушење цигари.

Друг начин да го подобрите вкусот на вашиот телесен секрет, е да пиете многу вода, која ги исфрла токсините од вашето тело. Како што потцртавме претходно, избегнувајте да јадете црвено месо и јадете многу зеленчук. Протеините земајте ги во вид на пилешко или мисиркино месо, кои се многу полесни од црвеното.

Некои луѓе тврдат дека рибата може да им даде непријатен вкус на телесните секрети, но истражувањето вели дека тоа може да варира од личност до личност. Пред да ја отстраните рибата од вашето мени, проверете го нејзиниот ефект врз вашиот телесен секрет, бидејќи рибата е важен дел од здравата исхрана.

Избегнувајте брза храна, бидејќи е полна со хемикалии и конзерванси, кои можат да делуваат на вашиот телесен секрет.

За жените, диетата има голем ефект на вкусот на нивниот вагинален секрет, но пред се хигиената и чистотата на вагината е најважен фактор. Генерално, вагината на жената има киселински ПХ фактор од 3.8 до 4.5. Било што, што го нарушува тој фактор, може да го доведе во прашање здравјето на вагината, а со тоа и вкусот на вагиналниот секрет. Обичните сапуни имаат киселински фактор од 7.0 до 14 и со тоа можат да доведат до инфекција. Прекумерно миење може исто така да доведе до вагинална инфекција.

За жените е најважно да ја го одржуваат ПХ факторот меѓу 3.8 и 4.5. Особено јак вкус или мирис, е показател дека нешто не е во ред и дека може да се работи за некаква инфекција.

Значи, еве ви неколку совети за тоа како да го разубавите вашиот орален секс. Уживајте.

Извор http://www.libido.com.mk/index.cfm?Page=soveti/ss1.cfm
 
Бре... шегобијци, може и докажано е.

Само нешто ме копка т.е онака дали би било изводливо, што ако од сабајле за расонување сакаме киселко... за ручек благо... нема некои побрзи методи од храната?
 
Бре... шегобијци, може и докажано е.

Само нешто ме копка т.е онака дали би било изводливо, што ако од сабајле за расонување сакаме киселко... за ручек благо... нема некои побрзи методи од храната?

Има! Директно при самиот чин корист засладувачи „На трен“, ем брзо се раствараат ем се диетални :)
 
Не е финтата само да е засладена спермата.

Туку и да е во огромна количина.

А тоа можете да го сторите со Трибулус.

tribulus.jpg
 
Не е финтата само да е засладена спермата.

Туку и да е во огромна количина.

А тоа можете да го сторите со Трибулус.

tribulus.jpg
Е аман... не ќе се снима порнич па количините да треба да бидат огромни.
 
Е аман... не ќе се снима порнич па количините да треба да бидат огромни.

Па тоа што ќе ти остане у шишенце ќе ја туриш и утре место „Работење“ шишенцето и готово. :toe:
 
Ме занима кој бил дегустатор...
И дали ја мучкал низ уста ко шо праат дегустаторите за вино..?
 
Во читањето и пишувањето на еротски приказни, наидуваме на многу различни описи на вкусот на телесниот секрет.

Коми, зашто бе читаш такви ствари, срамота, јас обожавам да ги читам ама ги прескокнувам кога девојки пишуваат за спермата на некојси човек некако геј ми се..... нејчу сперма! :)))))


Јади колку сакаш мед и што сакаш јади, таа ќе си остане СОЛЕНА!

Попрво би рекол вкусот варира од чиста причина што поминува низ уринарниот канал во кој се знае проаѓа урината, па тогаш доаѓа до помешување на соленото и другите вкусови.

Во право си за магдоносот тој само помага при креирање на поголем број на сперматозоиди, нешто друго делува кон изразито бела боја на спермата.

Некако ми делуе ова безмислено, незнам стварно што да кажам но не се согласувам. Како што вкусот на крвта не се менува така и спермата, мо
е да биде посолена или помалку солена но таква секогаш била и така ќе си остане.
 
4. Јадењето само зеленчук (сем оние од семејството на зелки, т.е. карфиол, аспарагус и брокули), особено целерот, ќе им даде на телесните секрети помек вкус.

5. Јадењето магданос и целер, кои содржат голем процент на хлорофил, ќе ги направат телесните секрети послатки.

6. Зачинетата храна со цимет, ментол и лимон, исто така ги прават секретите послатки.

7. Јадењето овошје, особено ананасот, папајата, дињата, мангото, јаболките, грозјето и малините, исто така можат да ги направат телесните секрети послатки. Големото количество шеќер што го содржат овие продукти, може да го анулира горчливиот вкус што се создава при пиење алкохол, или пушење цигари.

Друг начин да го подобрите вкусот на вашиот телесен секрет, е да пиете многу вода, која ги исфрла токсините од вашето тело. Како што п

Ви благодарам за корисните совети - посебно ги најдов интересни точките 6 и 7.
Тоа се совети не само за подобрување на вкусот на телесните секрети туку и за здрав живот ...
 
Многу сте вицкасти...
Секако дека храната влијае,пред очи ми излегува сцената од Сексот и Градот,Саманта кога ќе налета на човек со лоша сперма :))
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom