Како да ја претставам Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdavor
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 декември 2008
Мислења
10
Поени од реакции
0
Здраво. Ќе одам на младинска размена во Берлин. Сите учесници ќе треба да ја престават својата земја. Ќе имаме 10тина минути (според програма, ама верувам дека ќе бидат повеќе) и нема да смееме да користиме компјутери.
Кажете ми ги сите ваши идеи за да направам најкреативна презентација. Фала :)
 
Здраво. Ќе одам на младинска размена во Берлин. Сите учесници ќе треба да ја престават својата земја. Ќе имаме 10тина минути (според програма, ама верувам дека ќе бидат повеќе) и нема да смееме да користиме компјутери.
Кажете ми ги сите ваши идеи за да направам најкреативна презентација. Фала :)

Ако веќе си избран ТИ да одиш во Берлин и да ја претставуваш Македонија мора однапред да си смислил начин како да го направиш тоа. ако не е така, баш ме интересира како те најдоа...
 
Ваљда не праќаат ретардирани да ја претстават Македонија, м?
Срамота е да бараш помош за ваква тема, да беше за квантна физика ќе сватев...

Е сега, ако не си од овде, ондак извини...
 
Избришав некои постови, не мора се` на сеир да тераме.
 
Зависи што имаш на располагање, најубаво е со традиционалните вредности да тргнеш... македонска народна музика, народни танци, народни носии и после обратно, модерна македонија...
Како ке се претставувате? со проекции во пауерпоинт или личен артистизам :) ?
а нема компјутериии... епа тогаш земаш една пиперка, едни опинци, едно цд со музика модерна и народна и импровизирај :)
 
па почни со Горан Пандев и Тоше тоа ни е единственото светло во последниве години продолжи со природните вредности како Охрид итн. и со Историјата не спомнувај го спорот со името и заврши со Peace
 
Има избришани постови, ама ќе одговорам и на нив...
Многу добро знам за Македонија и што да зборувам и слично. Можам да им ја раскажам цела историја, да им зборувам за политика, економија, познати луѓе, познати места и се и сешто за Македонија...
Одам преку невладина огранизација, треба да презентирам на луѓе од 15-18 години.
Прашањето ми беше повеќе околу креативноста при презентацијата т.е. како да го направам сето тоа креативно.
Ако имате некоја идеја, пишете ја, а ако немате, не тропајте глупости!!!
 
Епа требало на почеток да пишеш која ти е крајната група т.е возрасната категорија на тие за кои е наменета презентацијата, од таму, истражувај на нет, најди што ги интересира младите германци на таа возраст, искомбинирај го тоа со нешто наше кое ние го имаме а спаѓа во нивните интереси, направи некоја откачена паралела... биди инвентивен... смешен ако треба ама битно нека те запамтат тебе и презентацијата? Сега клучно прашање - зборуваш германски?
 
Пушти во позадина музика од оние од спотовите Македонија Вечна. Облечи се како да си дел од Фалангата. Зорувај за големината на Македонија и влијанието на македонците во светот. Кажи за племето во Азија кое е потомок на Александар и колку сличности имаме. Закопај ги Грците:)
по 2 минути пушти македонски песни (ора и слично), остави го штитот и копјето и имај на себе фолклорна облека. Кажи за Галичката свадба. Кажи за македноскиот народ како пиреј кој и после 500 години под турско ропство останал силен и не се променил.
Потоа пушти песни од Тоше, и кажи за сегашна Македонија. Кажи дека се движи напред со технологијата, дека има високо образовани луѓе, дека сме совршен спој на минатото и иднината, дека можеш да бидеш во гужва во Скопје со слушалки на ушите и Ipad i Iphone na Facebook, а за пола саат оддалешеност мможеш да уживаш во мир, јадејќи пинџур и сирење во некое село. Не заборавај да кажеш колку е модернизирана Македонија, оти ми се смачи да кажуваме за минатото, па сите мислат дека сме селани застанато во дваесетите години на минатиот век.
Подели им цд од Тоше и од стара македноска музика, а можеш и од Леб и сол, дај и локум, алва или нешто слично што можеш да однесеш со тебе.
Не заборавај да кажеш дека има добро вино, ракија, дека има пријателски народ кој ја сака својата држава. Можеш ако најдеш и книиги на англиски за Македонија, Калеш Анѓа. Пиреј, цд-а со општините ки се претставуваат да поделиш. Побарај ги истите од секоја општина, ќе ти дадат гратис најмалку по 5, а и друг промотивен материјал за Македонија од министерствата.
Зборувај со љубов кон Македнија.Направи барем еден да ја сака Македонија.
 
Да приметив и по некоја „случајност“ се мои се бришат. Не знам зошто. Инаку, не беше сеир, туку вистински приказ на Македонија како што јас ја гледам и како јас би ја претставил, барем не вреѓав никого ниту омаловажував.

пс. а зошто не давате (ти или било кој друг) објаснување зошто се бришат постови !?

А да и извинете (за останатите) за овој офтопик, ама ми прекурчи да ми се бришат постови, а на некои други кои ни од далеку не се придржуваат на темата, им стојат.

ппс. и уште едно бришење на пост без објаснување и отидов јас од форумов. ;)

(колку само знам дека и ова ќе биде избришано, само заради покажување сила ;))

--- надополнето ---



А да си ја прашаш невладината организација ќе биде најпаметно. Првин прашај ја зошто тебе те одбрале, со оглед дека не знаеш како „креативно“ да ја претставиш Македонија, а после и на кој начин те одбрале, оти чим бараш помош од форум за нешто за што другите мислеле дека можеш сам, значи дека не си достоен на задачата. ;)

пс. не го сфаќај ова како навреда, напротив во избришаниот пост (кој очигледно го сметаш за глупост) ти предложив како „креативно“ да ја извршиш работата. ;)

Па не мора да даваме објаснување за избришани постови, тоа си седи и во правилата. И да бе, само твои се бришат, имаме индикатор ти кога ќе постираш, ќе засветка и одма бришеме.

Се регистрирал член и бара помош, а штом темава не е во ЧДА, нема потреба од сеир коментари. Кога ќе почнете да правите разлика од ЧДА и останати подфоруми, тогаш нема да ви се бришат постови.
И другите постови не сум ги видела, имам фамилија и сопствен живот, не очекуваш веројатно по цел ден да пазам кој што пишал. На едно логирање средувам се`. Ќе избришам кај што треба.

И сега овој пост твој ќе се избрише да, зошто е офтопик а не е покажување сила. :wink:
 
даворе дур читаш овде глупости досега сам ќе смислеше нешто :helou:

а инаку ова за кога ти е ?
 
makedoniaj bibliska zemja taka prestavija
 
во најдобро светло. како може поинаку да ја претставиш. :nesvest:
 
даворе дур читаш овде глупости досега сам ќе смислеше нешто :helou:

а инаку ова за кога ти е ?

Средина на август. Има време, ќе смислам до тогаш нешто совршено.

Ееееј какви правила, ц, ц, ц... Сакаш да ми кажеш дека нема индикатор, нема ред алерт, нема узбуна јас кога ќе пишам !? Дем ит. ;) Никој не рече дека немаш сопствен живот, ама јас се почувствував обесправен, оти многу мои коментари забележав избришани. Како и да е, сеирот пак ќе преживее. ;)

*Предупредување: Овој пост ќе се самоизбрише за 2 саата. ;)
Таруно, дај бе не замарај!!!

во најдобро светло. како може поинаку да ја претставиш. :nesvest:
;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom