Како да и кажам дека ми се допаѓа?

  • Креатор на темата Креатор на темата gokitrajkov
  • Време на започнување Време на започнување
1.Измиј заби.
2.Приближи и се на 1.5 метра растојание.
3.Отвори уста. Не ко на забар.
4.Прв збор: здраво
5.Потоа следи: како си
6.Next: Сакаш да ти признаам дека ми се допаѓаш па ти тоа да го прифатиш како комплимент и да искочиме. Па тоа да прерасне во прекрасна врска исполнета со многу лаги, кавги, варања и сл. во која после X-тиот месец од искачање ќе водиме за прв пат љубов или да рипнеме се претходно наведено и да се префрлиме на последниот дел.
 
Луѓе во незавидна ситуација сум...Има едно девојче кое кога ќе го видам целиот се губим...Многу работи сум прошол и многу сум свртел но со оваја некако не оди...Што ли да направам за да и дадам до знаење??!!! Немам здраво со неа тоа е и проблем што нема од каде да почнам...Имам 1 варијанта да се испијанчим и да и се пуштим но тоа е ризик голем :D некој да бил во ваква ситуација па да ми даде совет ? Однапред Фала...
 
Не кажувајте прикаски какво „Ми се допаѓаш“. Жените се комплицирани битија и сакаат комплицирани работи „Ми се допаѓаш“ во нивните глави би звучело премногу едноставно и некреативно. Или залапај ја коа ќе осетиш момент или залапај ја, трето нема.
 
И јас мислам дека подобро е да се покаже, отколку да се каже. Не заради тоа што не е креативно, туку никогаш не знаеш како може другата страна да изреагира од срам. Има срамежливи луѓе, луѓе што не знаат да реагираат во такви ситуации па се здрвуваат и ќе лупнат нешто сосема 15то иако може ја свиѓаат особата што им признала. Затоа најпаметно е покажи, не кажувај. Башка зборовите се празни и не значат ништо доколку не бидат поткрепени со акција/дејствие/ватевер. ;)
 
Последен пат кога дечко кажал ми се свиѓаш го добил најубавиот третман тој со молчење.Сакам да те запознаам вистински,мислам дека си девојка што поседува квалитети што не сум ги видел кај друга.Колкави се шансите да те видам јас и ти некој ден на пријателско кафе итн.Креативноста не е ми се допаѓаш :)
 
Стави и срце на зидот на ФБ :pos:,прво дознај дали воопшто она има некое чувство спрема тебе па после во акција, земи покани ја да излезете, прво смеење, па ставаш така на нејзината нога ако и одговара добро е , ако одбие биди упорен, па пушташ јазик там залапај ја и така се по ред и на крај за раче ќе си се шетате. :D
 
Aбе работава е тоа што немам муабет ...многу е диво дејчево сум прошол премногу ама на ваква мина не сум наишол до сега :rolleyes: На фејсбук се прае дигната а знае да лајкне по нешто :D абе за ќутекот е само :P
 
Епа речи и девојче ти мислиш дека си една од најбараните акции на Вол Стрит и сите сакаат да те купат,но тие незнаат ништо за тебе,како јас што знам.Изгледаш диво и цврсто но внатре си слакто мало девојче што си игра со другите за да добие внимание од мажите.Јас не можам да те купам но тоа што можам да ти покажам е дека сум најдобар од сите машки досега што си имала,затоа придружи ми се на едно кафе и не прифаќам никакви глупи изговори што на крајот на денот ќе се каеш зашто не си била со мене. ;)
 
Ја разгледав темава и така така сватив некои работи... Ама ај еве ќе ви ја кажам мојава мака.
Значи вака
Имав вишок килограми, но сега ги отстранив и сум во нормалата шо се вика. Девојка сеуште не сум имал (не искусен сум сеуште...), но има една цура шо ми се свиѓа али незнам како да и пријдам, како да дознаам дека и она сака нешто со мене. Ве излагав... затрескан сум во неа и тоа многу. Фркава е шо кога и да сме на проба (фолклорно друштво) забележувам дека одвреме навреме ѕирка кон мене :) и кога и да ја фатам додека го прави тоа или ми се насмевнува или нагло ќе погледне у друг правец... Дали тоа е некој знак?! Ве молам за некој совет...​
 
Питај ја шо праа после тренинг, и однеси ја на чајче и колачиња... Сите моми сакат чајче и колачиња... :)
Ах Луки, јас тебе те есапам за селско дете, а тој овде како принцот од Велс да дава совети...Какви црни чаеви и колачи, кај мене тетка ми од Ваташа по едно гезве ракија пие на утро.
 
Ах Луки, јас тебе те есапам за селско дете, а тој овде како принцот од Велс да дава совети...Какви црни чаеви и колачи, кај мене тетка ми од Ваташа по едно гезве ракија пие на утро.
хахахахахахах, Абе јас би и направил грејана ракија дома. Ама ајде викни грацка мома на прв состанок дома и згреј и ракија... Модерните моми имат модерни барања... :icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:
Додуша и греаната ракија може да се ставе у групата на чаеви, особено ако ја направеш со мед... :icon_mrgr::icon_mrgr:
Море шо ми спомна греана ракија, сега ми се припија.... в'ци да те јадат ебиветер...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom