Шала на страна, баталете заебанции но насловов што го има поставено Дена, прашањето "Како да го откачам" е навистина, на голема жалост, присутно кај многу девојчиња, проблем кај женската популација од многу одамна...значи, вакви проблеми имало и ќе има.
Пстојат машки особи кои неможат да поднесат да бидат оставени, да бидат откачени...едноставно вистината им ја погодува машката суета и егото и едноставно стануваат безобразни, насилни, досадни....
Јас имав лично таков проблем во младоста..имав кратка врска во која влегов по грешка, тс, не ме бендиса доволно дечкото, но мислев дека ке го засакам...не бидна ништо од тоа и фино лепо културно му реков дека сакам да раскинеме.
Еххх, ми текнува како да е сега пред мене...ми шлапна еден шамар, почна да се пени и да ми вика како смеам така да му направам идр...
Минаа месеци, јас си фатив друг дечко а овој бившиот ми беше ноќна мора, сенка која одеше секој ден по мене...два пати се тепаа со мојот нов дечко....и тако даље...
поентата ми е дека има девојчиња кои мака мачат за да се ослободат од бивши партнер, а помош и совет нема.....се додека тој самиот не се откачи