33 страни и сеуште не сте нашле решение. Срамота. Вака:
Заби нема да миеш 2 недели, исто толку нема да се бањаш и нема да смениш веш. Ќе пуштиш влакна под мишка и ќе ги оставиш брковите слободни. Ноктите со изгризан лак до пола и црно под нив, ќе облечеш една траперка над огромни топуци и едно маиче со голо стомаче, и на стомачето остај влакна и речи му ајде ќе ти дадам шанса да се запознаеме подобро.
Кога ќе се сретнете, ќе го бакнеш во образ и ќе му шепнеш здраво како си ама блиску да може здивот да ти го осети. Ќе одиш пред него за во кафичот за да може да ти го разгледа аутфитот и топукот, ќе седнете и ќе ја кренеш мишката кај што имаш повеќе нараснати влакна ама гледај пред нос да му е и викај мавтај по келнерот.
Кога ќе дојде речи му брат имаш крале марко големо и дај му осмех со жолтите заби и наслагите шо ти се собрале. Додека си разговарате никако не заборавај да бидеш ептен блиску до него, кажувај му дека си имала некоја бубулица сабајле и кога си ја стиснала толку прснало од нејзе што ќе си го скршела огледалото и кези се ко демек ептен имаш смисла за хумор. И со заби да се смееш.
Кога ќе донесат јадење, пиење, кафе нешто на што и да сте испи го на екс ко никогаш да немаш видено и не користи ништо освен рацете. И цело време насмевка. Ако јадеш пица со јазикот лепи на забите од тестото и а се погоди прилика одма осмех.
Кога ќе дојде време за одење пак со мишката ќе викнеш сметка, ќе побараш фискална и ќе му речеш чек седи да ја скенирам само. И седни малце кочи се нека помини време, па ако сеуште е со тебе, кажи му дека многу сакаш некој да те гали за коса и нека му тече масло низ рацете. Кажи уште некоја смешка ко таа со бубулицата, бакни го во образ и пак воздивни му во фаца и речи му ајде пак ќе се видиме ако не друго барем фискални ќе имам за скенирање хехехе и толку. Нема да слушнеш повеќе за него....