- Член од
- 9 февруари 2008
- Мислења
- 542
- Поени од реакции
- 15
Научниците и филмашите се позабавувале со интересна тема - што би се случило доколку Земјата остане без луѓе. За таа цел бил снимен документарец кој го носи името "Life After People", а се емитувал на History Channel. Сценаристите не се замарале со можните причини за оваа ситуација, но и покрај тоа сцените изгледаат застрашувачки.
Двочасовниот документарец неодоливо многу потсетувал на книгата на Alan Weisman - The World Without Us. Меѓутоа воопшто не е оптимистички. Во два часа прикажување за период од 10.000 години по исчезнувањето на луѓето, инфраструктурата на Земјате целосно би се распаднала.
Што би останало од овој свет доколку не смена? Што би затекнале вонземјаните доколку ја посетат Земјата неколку стотици години по нашето исчезнување? Одговорот е - речиси ништо!
Во период од стотина години било какви траги од нашето постоење целосно би исчезнале. Причината за таквото исчезнување се временските непогоди како корозија, потреси, преживеани животни, инсекти и бактерии. Интересно е тоа што историските градби на древните цивилизации би издржале многу повеќе отколку модерните облакодери и милијарди книги или електронски информации со кои толку гордо се фалиме.
Така по доаѓањето на "малите зелени човечиња" би можеле да помислат дека последната преживеана цивилизација на Земјата била староегипетската.
Во рок од шест месеци во урбаните средини би се населиле диви животни, а за 20 години мечките и волците би завладеале со главните градски улици. Древните конструкции би почнале да се распаѓаат, но ниту челичните ниту бетонските блокови не би траеле предолго.
Документарецот руши и некои митови. "Неуништливите" глувци би умреле од студ, а стаорците би станале храна на летечките предатори. Најмногу би издржале големите животни. За стотици години бројот на преживеани африкански слонови двојно би се зголемил, а понатаму би се зголемувал повеќе.
Авторите на "Life After People" не спекулираат за можното сценарио (освен споменатото зголемување на морињата, а за глобалното затоплување немало ниту збор), а астрофизичарот и еден од авторите на ова дело, David Brin рекол: "Секоја цивилизација има своја бајка и претпоставки за армагедон и апокалипса, но ние сме веројатно првата генерација која со своите постапки свесно би можела да се донесе во сопствен пропаст."