Кајганџиски книжевен каталог - отворена тема

  • Креатор на темата Креатор на темата Ставрогин
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Ова е тема близначка на таа која ја отвори Вокерка, со тоа што оваа тема е отворена за коментари. Првата тема од сосем разбирливи причини мораше да биде затворена. Значи се што сакате да коментирате во врска со првата тема, можете овде. Дали ви се допаѓа изборот на книги, дали ви се допаѓаат самите книги, дали ви се допаѓаат рецензиите, дали ви се допаѓаат другите листи, апсолутно секаков вид на дискусија. Ако имате некоја рецензија за книгите, можете овде да ја постирате. Исто се добредојдени кандидатури за рецензии за некоја од следните листи на книги кои можете да ги најдете во првиот пост на Вокерка.

Што би рекол Рорти, само комуникацијата да се одвива непречено... ;)
 
Без Орвел никаде...:)

Орвел ќе оди во втората листа, современа литература, која го покрива 20 век.
--- надополнето: 23 јули 2013 во 16:13 ---
Мислам дека би требало да се стават листи од сите жанрови па после да се ставаат рецензии на книгите.

Првичната идеја беше да биде потполно жанровска поделбата, но излегоа многу компликации, најмногу околу самите жанрови. Затоа се решивме за комбинација на полужанровски и полухронолошки пристап. :)
 
.....мое субјективно мислење
Како и во образовниот систем така и во Кајганџиски книжевнички каталог ....Класиката и Современата литература се форсираат во однос на Научната Фантастика и Филозофијата

Вредноста на класиците горе-долу им е позната на сите и сакајќи или не во образовниот процес доаѓаме во контакт со голем број од овие дела

Филозовските книги од друга страна се многу слабо застапени во образовниот процес и просечниот македонски читател (со исклучок на студентите на Филозофија) ретко доаѓа во контакт со овој вид литература....многу маестрални филозовски дела се тотално непознати за просечниот македонец

Научната Фантастика е приказна сама за себе....често обезвреднувана од главната струја во литературата
Иако под НФ спаѓаат многу глупости....има автори кои можат да стојат рамо до рамо со Достоевски....нивните книги покрај литературна имаат и практична вредност.....голем дел од денешните тахнолошки достигнувања се директна последица на нивната креативност....а многу млади научници и иноватори црпат идеи од нивните дела

првиот телекомуникациски сателит го дизајнирал и направил Артур Ц. Кларк....писателот кој беше инспирација на многу научници и писатели
 
Јас се согласувам со тебе дека навистина има многу вредни дела од областа на НФ, исто како и од епската фантастика. Од друга страна, публиката која чита НФ и фантастика сепак е многу помалубројна од онаа која чита поинакви дела.

Можам само да ветам дека и во листата за НФ и во листата за филозофија ќе бидат одбрани навистина круцијални дела.
 
Па оваа идеја ми се допадна.
Но најповеќе ме интересира македонската книжевност, со нтрпение ја чекам листата и незнам зошто таа ќе биде застапена со помалку (20) дела.
Очекував тука повеќе или исто толку. А од тоа посебно романите каде се опишува тешкиот живот на нашиот народ во минатото(неделева ги прочитав скоро сите од П.М.А.
А вечерва ги читам Песни за татковината од Вапцаров.
 
Убаво што ни дадовте можност да се искажеме по каталогот. Мене ми се допаѓа. Има многу листи низ интернетов, но нормално нити еден читател не може да се сложи комплетно со нити една таква листа. Исто и со овој случај, иако се сложувам со поголемиот број од насловите. Но онака како општа листа на големи литературни дела, кои секој љубител на книгата би требало да ги прочита, а и како еден убав показател за не толку упатените, или за оние кои што не знаат кон што да ги насочат своите очи/мисли, претставува еден доста добро осмислен каталог.

Големо задоволство ми е што се нашло место за „Црвено и црно“ од Стендал, што е издвоен „Фауст“ наместо „Страдањата на младиот Вертер“, што го има „Херојот на нашето време“, што сте нашле место за Зола, и што некако успеал да се протне „Времеплов“. За големите класици од Толстој, Твен, Флобер, Дикенс (можеби можело уште една книга од него да се вметне), Иго, Шекспир, Дима, Алигиери, Бокачо и Сервантес, нема што да се зборува. Тоа се дела кои секако заслужуваат место во секоја листа на врвни дела.

„Чичко Горио“ е еден од насловите кои не ми причинија некое задоволство што ги прочитав на листата. Балзак има огромен опус на дела, и сметам дека наместо ова општо форсирано дело како негово најдобро остварување (а е далеку од тоа), можело да се стави некое друго (не нити „Шагринска кожа“). Не би рекол дека во ова друштво припаѓа Артур Конан Дојл, па ни „Гуливеровите патувања“.

Има не мал дел наслови кои ги немам прочитано (за некои и првпат слушам), така да ми дадовте неколку сугестии за следно читање.
Со нетрпение ги очекувам насловите од следните листи.
 
Мене лично ако ме прашаш јас би ја ставил Илузијонс пердју ама поентата на која што и јас инсистирав е чим сме одбрале критериум класика, да тргнеме на страна пристрасност (иако некои книги се провлекоа и поради тоа) и да ставиме стварно класика без обзир дали нас ни се допаѓа или не. На пример некои ќе кажат дека Ромео и Јулија не е најзначајното дело на Шекспир. Меѓутоа таа книга е нема да претерам меѓу топ 5 дела кои се лексиконски поим за класика. Се согласувам дека може требаше уште 1-2 од Дикенс, дефинитивно Големите Очекувања и/или Дејвид Коперфилд. Мораше нешто да скратиме имаше многу голем избор отпадна и Шосер со Кантербериските приказни, Дамата со камелии, Панаѓур на суетата, Тристам Шенди, Мидлмарч, Ибзен, Стриндберг, Ајванахо на Валтер Скот. Може уште една листа треба да направиме-Отпаднатите :pos:.
 
Можело исто Wuthering Heights и Vanity Fair да ги ставите(y)
 
Големо задоволство ми е што се нашло место за „Црвено и црно“ од Стендал,

За многумина Стендал е најголемиот стилист на франускиот јазик во историјата, така да тој мораше да има место на оваа листа...
 
Каталогот е за пофалба, но некако ми фалат Молиер, Софокле, Ревизор, Илијада и Одисеја, Беофулф, некоја новела од Мопасан, Макиавели, Волтер, Ибсен, Стриндберг. Се надевам листата ќе биде проширена со некој од овие.
 
Што се случи со каталогов? Зошто нема нови рецензии? :(
 
Што се случи со каталогов? Зошто нема нови рецензии? :(

Немаше нови рецензии најмногу заради годишните одмори. Сега ќе продолжиме со полна пареа, само да им се врати ентузијазмот на рецензентите...

:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom