Кајганџиска фудбалска пресметка! [пријавување]

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Ја мислам таман сме 12 само некој нека направи нови екипи јас би рекол, затоа што ептен се откажаа и се сменија бајаги тимовите :D ма да сеедно ми е
 
Малце касно е за праење тимови, некој ќе види, некој не. Ај ако можете земете сите што ќе прочитате по една бела и една црна маица, па таму ќе се делиме.
 
Момци една работа сакам да напоменам, сакате лутете се сакате не се лутете ваше си е. Мислам дека е крајно педерски и некоректно да откажеш саат-два пред играње. Значи ако не сте сигурни дека ќе дојдете воопшто не се ни пријавувајте за да не фаќате место џабе. Мислам ова не е фер спрема другите што стварно сигурно може да дојдат а не доаѓаат ради тоа што некој друг несигурен го пополнил местото. Друг пат ќе се погоди ситуација каде ќе играме без измени и некој ако откаже ќе немаме луѓе..
 
Таму ќе ве поделам ајде, има и уште еден голман дојава сме

Sent from my Nexus 7
 
@Del Piero best 10 збор да не чујам за тимовите што ги склапам, понеинтересен меч амин. Голманот ви беше најдобар играч во одбрана и среден ред, неможеше да го стигне ефектот на @RickyLFC9 во нападот иначе и таму ќе беше најдобар.

Sent from my Nexus 7
 
Денес патиките играа за мене. Замислете и јас да играв за нив што ќе беше.

Инаку задржан е просекот од три гола по утакмица. Успеав да направам и асистенција, а солидно трчав и кога беше потребно, придонесував кон успешна дефанзива. Тоа што изгубивме не е битно, позитивите се очигледни и прашање на време е кога ќе победиме.

Но, сепак, има необјаснива работа. Викса и Стефан се убедени дека сум дал гол со глава. Ја на патот кон дома цело време размислував и убеден сум дека гол со глава не дадов. Моите голови беа по пасот на @Cthulhu^ кој феноменално ме пронајде и јас само финиширав хируршки прецизно, вториот гол беше мојот соло ефорт кога му ја зедов на @Saeta Rubia, издриблав еден, му избегав на другиот, топката почна да ми бега, али со феноменален шпринт ја стигнав и успеав да ја забијам во голот (публиката беше воодушевена кога викав од радост), а третиот беше поедноставен, по грешка на противникот ја пресеков топката во шеснаесетникот и дадов гол. Гол со глава стварно не памтам. Ама се на се, одлична партија од мене :)
 
@Del Piero best 10 збор да не чујам за тимовите што ги склапам, понеинтересен меч амин. Голманот ви беше најдобар играч во одбрана и среден ред, неможеше да го стигне ефектот на @RickyLFC9 во нападот иначе и таму ќе беше најдобар.

Sent from my Nexus 7
Се сложувам со тебе.
 
Се вратив на форумов после подолго време,иако духовно бев секојдневно со вас :D
Благодарам на @wiksa за убавите пофални зборови :D

Имам некои поплаки (пошо сум лигуш најчесто за вакви работи) ,во поглед на поделбата на тимовите,пошо се крајно нерамноправни и кога некој од страна,па и ние од терен би посматрале,едните изгледаат како да се прваци у футсал,а другиве како да го имаат првиот контакт со топка :D

одбраната беше повеќе од мизерна,нападот горе-доле солиден,треба и среќа да имаш иначе ништо :D

И да,колку и да ви е заебанција и рекреација/олабавување тоа што после напорната недела играте викендашки фудбал,покажете малце борбеност (конкретно за мојава екипа,мада и другава си играа курташак) ,па да му се плукнам колку и да е од забавен тип,малце борбеност и упорност за топка ,нема да ви смени ништо,за да биде поинтересно :)

@RickyLFC9 дека дае таму 3 гола браво,секоја чест и дека сакаш да постигнеш голчиња што е добро,али на моменти ми се плачеше кога те гледав као трчкараш по топката :D ,неколку пати напоменував да се чуваат играчите (нели,голманот е тој што ги контролира соиграчите) али исто како на ѕид да зборев.

Да,не сум ни јас богзнае шо,примив пацерски голови,не ми е целта само да критикувам и да се правам паметен,ова го кажувам за општо добро и се со цел да има поинтересни утакмици во иднина,ако има борбеност од двете екипи,пошто ова денес беше класична маалска викторија :)
 
Ајде да видиме како стоиме за наредното коло :)
Терминот останува ист 16 часот, локација добро позната ЈЈБ во аЈродром.

1 @wiksa
2 @Vuxan
3 @Stefan-kobe


ќе ве замолам кога ке се додавате едитирајте го овој пост да не трчаме после низ форум за да склопиме цел список и полесно да му биде на тој што ќе прави тимови да не речам ЈАС :)

И стварно потрудете се да не откажувате на саат два пред мечот

Ако продолжи овој тренд на откажување на 2-3 саати пред текмата, ќе го смениме форматот приоритет да имаат оние кои најретко откажале и за секое откажување ке се добиваат негативни поени што ќе ве носи подоле на листата за чекање
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom