Кајганџии, кој каков бизнис работи? Ајде да соработуваме!

  • Креатор на темата Креатор на темата Winston
  • Време на започнување Време на започнување
Добро,а зошто не работиш животно осигурување? Добив понуда од овие "Croatia osiguranje"-Македонија да го работам животното осигурување,само не знам дали да почнам,нешто ми изгледа дека слабо ќе оди овде во МК тој тип на осигурување.Ако имаш повеќе искуство,дај некој совет,поздрав

Зашто таква е фирмата, треба да се занимава или со животно или само со неживотно осигурување. За животното, искрено да ти кажам не знам колку би бил заинтересиран народов и колку би ти било исплатливо, обично прават осигурување доколку тоа им е наложено од банки или со закон, а доброволното тешко се продава.
 
Програморање и одржување на машини за плетење на холахопки
 
Добро,а зошто не работиш животно осигурување? Добив понуда од овие "Croatia osiguranje"-Македонија да го работам животното осигурување,само не знам дали да почнам,нешто ми изгледа дека слабо ќе оди овде во МК тој тип на осигурување.Ако имаш повеќе искуство,дај некој совет,поздрав

Не се замарај за џабе,барај друга работа.
 
Работам во центар за едукација како професор по веб дизајн. Плус имам приватен бизнис кој се занимава со:
Веб дизајн и кодирање
Одржување на веб сајтови
Маркетинг
Фото и Видео (сликање и снимање на секакви свечености)
Пишување и издавање на стручна литература (од областа на информатиката)
 
Земјоделец меѓу останатото кое го сметам за хоби.
 
A dali nekoj znae i kako bi dosol jas do informacija kako bi bilo nosenjeto roba od Kina i odprilika kolku bi kostalo transport i site drugi raboti (osven robata)
 
A dali nekoj znae i kako bi dosol jas do informacija kako bi bilo nosenjeto roba od Kina i odprilika kolku bi kostalo transport i site drugi raboti (osven robata)

Прво фирмата од која ќе набавуваш во Кина треба да организира агент која ќе ти ја донесе робата до лука во Кина.За збирен транспорт има посебни агенции за транспорт кој тоа го организираат,они ги знаат.Потоа преку македонска логистичка фирма договараш превоз на контејнер,тој може да биде 20 фитен,40 или 40 HQ.Зависи која количина на роба ќе ја носиш.Има два начина за носење,првиот за 30 дена,вториот за 45 дена.Вториот начин е секако поефтин.Плаќањето на возарината се одвива по долари,последните цени беа околку 3000 долари за 30 дена.Од кога ќе стаса робата на пристаниште,ќе треба бродска агенција да ги испотпише документите и да ти го товари контејенрот на платформа.За тоа треба да се поднесе гаранција,платформата ќе те кошта 480 евра до Скопје.Освен овие трошоци,се појавуваат и трошоци за манипулација со контејнерот од 30 долари,70 и 45.Се вкупно за еден 20 фитен контејнер ќе те кошта околу 3200 и 480 евра камион.Не дај боже да те трефнат протести во Солун,ќе ти заглави робата со лежарина од 1000евра.
За да не те боли глава,ќе се јавиш во македонска компанија која организира бродски транспорт како МИС и слични на нив и ќе ти ја донесат робата до врата.Плаќањето е веднаш при бродски транспорт,пред да ти ја донесат робата.
И друга солуција,гледај европска компанија како алтернатива за набавка,поефтин транспорт е во секој случај.
 
Многу мразам неплаќачи и преваранти.
 
Мислам дека штом сакаш во стечај, мораш со стечаен управник.....и многу зависи кој те има блокирано???
хитно одиш или БЕГАШ накај Париз???:) онака како трговец со СЕКУНДАРНИ ОБОЕНИ суровини....:)

--- надополнето ---

Многу мразам неплаќачи и преваранти.

И јас, ми го зафаќаат просторот за делување...:)
 
Мислам дека штом сакаш во стечај, мораш со стечаен управник.....и многу зависи кој те има блокирано???
хитно одиш или БЕГАШ накај Париз???:) онака како трговец со СЕКУНДАРНИ ОБОЕНИ суровини....:)

--- надополнето ---



И јас, ми го зафаќаат просторот за делување...:)


Не,он не бега,културно си оди,откако заглавил неколку фирмички.
Преваранти еден куп,ама приметив дека Македонците се плашат од „ОПОМЕНА ПРЕД СУД“ така да редовно си ја добиваат :) (добро де се плашат и од албанци на врата по пари,ама тоа е друг муабет,после опомената :pos: и така судството не гарантира ништо)
 
Работам на тоа да организирам во МКД производство и техничка поддршка на мала CNC машина наменета за ептен малиот бизнис, комплетна спремна за работа т.е. хардвер, софтвер, основен комплет на потрошен алат и прирачник за одржување и работа; со модуларен дизајн кој ќе овозможи понатамошен развој на концептот и голема флексибилност во употребата.
44_17.jpg

Ниво на цена за базична функционална машина во конфигурација: CNC рутер + лиценциран Mach3 + основен комплет глодала = 1000 Евра .(+ компјутер =1150 Евра) Работна површина 300х300х60 мм.
Планирани се викенд воркшопови за работа со опремата, обезбедени резервни делови и потрошен материјал на ниво на ОЕМ цена. Исто и Форум за размена на искуства на корисниците.
Можностите на опремата ствараат услови за безброј примени, кои се ограничени само со креативноста на корисникот.Заинтересираните од ниво на љубопитност, па до деловна соработка, по било кој основ, на ПП.
 
Тука ќе прашам. Во еден конкурс за стипендии стои точка:

- се земаат месечните примања по член на семејство во однос на просечно исплатена месечна нето плата по вработен во Република Македонија за последните три месеци.

Знае некој колку е во Р.М. просечна плата по вработен?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom