Еве ваков ми е проблемот:
Само што започнав прва година техничко, повеќето се здружија како друштво(се познавале од порано) но јас некако се чувствувам затуцан, затворен, и срам ми е да се запознаам со нив. Се плашам дека ќе бидам таков забораен. Едно дете со мене што учеше во основно исто така е таков(и полош, на пример ретко се стрижи, брковите остаени,онака затуцани) само разликата е тоа што јас сакам да сум среден и берам гајле околу тоа како ќе ме прифатат, а него не му е гајле за тоа. Мислам дека ќе ме наречат "женче" во класот зашто физичко од некој вроден страв не можам да ги извршувам сите активности што другите деца, скоро сите можат. Имам некој вроден страв.
Незнам колку ќе ме разберите, ама ако е веќе темава отворена, да си пишам ...
И да, мислам дека имам социјална фобија
Да почнеме од почеток, не сум психолог, нити сум стручен, ама ќе ти кажам како да почнеш да се социјализираш чекор по чекор.
Прво, викаш дека ти е срам за да се запознаеш со нив, тој срам произлегува од твојот страв дали ќе бидеш прифатен во друштвото или не. Нешто што самиот ти го потенцира подолу. Значи, за да го побиеш и срамот за да исчезне, прв чекор кон твојата реинкарнација на личноста е да се потрудиш твојот став да бидеш прифатен во друштво и од луѓе да ги смениш. Значи, не треба да се коваш и градиш како личност само заради одредени ликови и друштва да те прифатат, биди тоа што си, работи го тоа што го сакаш и живеј го она кое сакаш да го доживееш. Не плаши се да ги искажеш своите ставови или интересни, некој може ќе ти контрира, некој можеби ќе сподели исто искуство како тебе и ќе имаш истомисленик. Значи, човекот го одликува тоа што е уствари он, како единка, не друштво, не социјален статус. Значи те одликува твојот карактер, твоето однесување и твоите ставови.
Пример, еве, велиш дека сакаш да си среден, убаво облечен, според ова те перцепцирам како модерен човек кој се грижи за својот изглед и е кон пат да биде џентлмен, ако на ова надодадеш манири и однесување на џентлмен, ти си класа момак, без разлика дали си богат или сиромашен. А во друштва, особено женски се цени добар изглед, став и интелигенција.
Сума сумарум од првиот пасус, твојот комплекс од друштвено прифаќање - да го снема. Немора да бидеш прифатен, ти си таков каков што си, има и други слични на тебе, и тие се луѓе, тие се твое друштво. Не се плаши да бидеш различен.
Второ, женче може биде кажан било кој. Ама дали си? Дали стварно мислиш дека си женче? Сфати дека твоето мислење за тебе треба да е над сите, ако се чувствуваш ти како женче, ондак имаш проблем. Ама ако те некој Петко кажал женче за да излезе фраер пред другарите, тоа нема никакав значај. А тоа што неможеш сите активности да ги извршиш на физичко, не те прави женче, уопште. Значи имаш став, фобија да не се повредиш, не знам како се вика медицински, ама лекот е едноставен, народски. Значи, почнуваш да се опуштат, и земаш да вежбаш нешто теретана/кошарка/фудбал, било што, твојот страв дека ако кренеш нога да шутнеш дека ќе се повредиш, треба да го снема. За ова има и бајачки, не сум баш сигурен, ама мислам дека има, ако мислиш дека тоа ќе ти помогне, иди и посети бајачка.
Сума сумарум, све е до психа, треба пред све да го цениш своето внатрешно мислење за себе, и врз основа на него да се градиш и однесуваш. Дали некој ќе те рече овака или онака не значи апсолутно ништо.
Трето, мислам дека не треба толку сериозно да се опседнуваш со твојов проблем. Нормален е за дете во твоја ситуација, си пошол во ново училиште, нова средина и мислиш дека не се вклопуваш. Тоа е заради тоа што се плашиш да пробаш, немој да се плашиш. Најубаво е запознавање на луѓе и наоѓање свои контраши и истомисленици, тоа се нови искуства, нови другарства од кои можеш само да учиш и напредуваш како личност. Животот е поле за натпревар, не е поле за стагнација и повлекување во себе.
Тоа е, се надевам дека ти помогнав.