Можеби не е за тука прашањево, но немам нерви да барам по темите...
Ќе ги замолам оние кои се помалку или повеќе устручени во оваа област, да ми одговорат. Дали човек кој пати од шизофренија е барем на моменти свесен за тоа? Значи ги има пред себе лекарските наоди, ги чита... Го негира тоа, или како? Доколку му укажеш на пореметувањето, можно ли е дополнително да му нанесеш штета? Како да постапам доколку личноста во таков момент комуницира со мене и бара помош? Го приметив дека е параноичен и смета дека најблиските сакаат да му наштетат, но не знам како да постапам во таков момент освен да пробам да го смирувам, а не сакам да помисли и дека јас работам против него. Баталете одговори од типот да го прегледа стручно лице, тоа е веќе средено. Прашувам што треба конкретно јас да направам при комуникација, затоа што приметив дека личноста ме смета за блиска и очекува било каква помош од мене.