Ај и ја да си олеснам на душичкава 
 
После многу разочарувања во поглед на љубовта,имам слика во глава дека јас никогаш нема да бидам способен да привлечам женско,да бидам некој што би бил сакан и така натаму.. Од тоа произлезе да ми е страв да се пуштам на други односно недоволно самодоверба..Ќе речете дека самодоверба се стекнува и јас ќе се согласам со тоа..Ама не знам како..Толку сум опседнат со таа идеја дека нема да можам да фатам женска никад,што не знам од каде да почнам или како да почнам,страв ми е од нов неуспех и така натаму.. Веќе не е проблемот околу љубовта туку мојата психа..За се друго во животот сум сигурен дека можам да направам освен за оваа работа..Не знам,едноставно не се сакам себе си,не се сакам ваков каков што сум..Преокупиран сум со тоа што не сум како сите други машки.и што ете да не кажам што се жалам за вакви ствари на 19 години... И тоа е,ако имате некој совет би ви бил благодарен