Ќе напишам општо за проблемот на двајцата.
Според мене, од она што јас го прочитав, двајцата едно време поради некои си икс-причини тотално сте се одделиле од забавниот живот и сте си пронашле некоја друга занимација да ви го пополни тоа време.
Едниот од вас таа занимација ја пронашол во компјутерот а другиот во книгите. Тоа што книгите на Igor™ му се интересни не е ни најмалку приближно лошо како тоа што на Neporazen компјутерот му е главната преокупација, но сепак е лошо

Најубаво е што и двајцата признавте дека имате проблем со социјализацијата.
Да тргнеме од изнесувањето на последиците кое може малку и да биде болно но сепак потребно.
http://forum.kajgana.com/member.php?u=23846
Neporazen, што посебно ќе очекуваш ти од животот кога по цели денови седиш пред компјутер? Дали сакаш да ти биде интересно со пријателите кога скоро и да не се гледаш со нив?
Мислиш дека тоа што си излегол во дискотека еднаш со нив и што ти било досадно е резултат на нешто што тебе те има променето?
Напротив, тоа едно излагање треба да ти значи чекор поблиску до враќање на она што си бил претходно. Од големата навлеченост на самотијата и собата како и на компјутерот тебе ти било досадно она што се случувало во диското. Најдобар начин до некаде да го надминеш овој и не така мал проблем, е и без разлика на тоа што ти е досадно, да поминуваш повеќе време со пријателите без разлика дали тоа ќе биде на улица, во кино, во диско, на журче итн.
Еве, уште вечерва, не чекај да ти се јават. Биди ти тој кој ќе ги организира да се видите сите заедно и да се посмеете. Кога ќе видиш дека сите се задоволни од направеното ќе сватиш дека нешто ти фали. Тоа нешто што ќе ти фали нема да биде компјутерот, туку ќе бидат насмвеките кои толку долго се смееле но ти си ги занемарувал да ги слушаш.
За да не биде гледано само од еден агол, ќе пробам да ја свртам работава и од друга страна.
Откако си ја прекинал последната врска, велиш дека тотално си се променил. Тоа е последица токму на она што ти го кажав погоре. Кај тебе таа икс-причина е раскинувањето. Можеби додека си бил во врска со неа малку си ги занемарил другарите, па откако сте раскинале не си ни помислил дека можеби со нив може да ти биде интересно.
Како и да е, биди ТИ оној кој ќе ја покрене следната иницијатива за излагање. И наместо да ги чекаш на мсн или на фејсбук, крени телефонот, или пак уште поубаво, ако ти се маалски другари, појди им до врата

Ќе бидат среќни што те гледаат, а верувај истото ќе биде и со тебе
Igor™, тебе нешто пократко ќе ти кажам

Навистина е убаво тоа што читаш книги. Но не мислиш дека тоа постојано читање на книги ти краде еден огормен дел од животот? Не мислиш дека тоа што ќе го прочиташ, освен што ќе те збогати морфемски ќе те осиромаши душевно?
Зар сакаш да кажеш дека секој муабет со пријателите или со девојката е помалку вреден од зборовите на било кој писател?
Заборави дека светот на книгите е оној кој ти го прави животот интересен. Помисли дека
сето она кое е напишано во сите книги кои ги имаш прочитано е инспирирано од желбата за живот и од самиот живот.
Откако ја прочита оваа реченица кажи ми на мене, а и на самиот себе, дали сакаш тоа да го искусиш на своја кожа (пријателството, среќата, па и тагата зошто да не), или сакаш само да ти остане фантазија создадена од зборовите на некој човек надерен за пишување?
Со среќа на двајцата.