Џабе му кажувате вакви работи, он е свесен дека девојката е матерјалистка, проблемот е што му набила комплекс на помала вредност и желба да се докаже на секое поле.
Кога ќе заработува 30 000 иљади, пак нема да биде задоволен со тоа, зашто типот заработува толку и он ќе сака повеќе од него да заработува, да и се докаже на девојката дека он е 
над типот..
И вака ќе тера до....додека не сфати самиот дека не вреди да ги пропушта сите убави работи( како девојката со која е) заради тоа што САМ умислел дека оваа првава го напуштила зашто не заработувал доволно.
Плус има желба за одмаза, тој мотив е многу силен така што не верувам дека ќе се откаже од идејата.
А и му владее повреденото его, така што..
dojavi-free-  мој совет е да размислиш дали вреди да го правиш се ова.
Толку да се трудиш заради девојка која не те цени поради она што си, туку поради тоа што го поседуваш
.
А и воедно размисли дали она што ти и го правиш на девојката(да ја оставиш пред свадба) е во ред, дали е егоистичко, дали размислуваш повеќе за своите потреби отколку за потребите на твојата партнерка.
Свесно ја повредуваш другата личност која е среќна со тоа кој ти навистина си, која ти го храни егото и слично.Јасно ми е дека ќе ти биде тешко да се извлечеш од се тоа, но барем си свесен дека таквото размислување ти пречи.
Имаш проблеми во врска, во секс, незадоволен си од себе..
Пробај секогаш кога ќе ти дојде негативна мисла за тоа колку ти не чиниш(во било која сфера од животот), да ја замениш со позитивна мисла.
	
	
		
		
			Пример: не заработувам 30,000 евра месечно.
		
		
	 
...
Но заработувам 3,000 евра а тоа ми е доволно за одличен живот. Некој заработуваат многу помалце од мене и се среќни.
	
	
		
		
			не заработувам 30,000 евра месечно.
		
		
	 
...
Но здрав сум, функционирам нормално..
	
	
		
		
			не заработувам 30,000 евра месечно.
		
		
	 
....
Но имам пријатели кои ме ценат онаков каков што сум
	
	
		
		
			не заработувам 30,000 евра месечно.
		
		
	 
...
Но имам девојка која ме сака, и би била со мене до крајот на животот па и да за работувам 100 евра месечно.
Верувам дека е доста илустративно што сакам да кажам.
Практикувај да ги менуваш негативните мисли со позитивни и ќе видиш дека ќе бидеш задоволен со тоа што си и тоа што го имаш.
Ќе ти го снема комплексот а и либидото ќе се поправи.
Си почнал ТИ да ги гледаш работите низ призма на пари, што многу те променило..
:smir: