Донев
★★
- Член од
- 9 мај 2008
- Мислења
- 35.792
- Поени од реакции
- 52.801
Имаме повеќе натпревари веќе на форумов па деновиве ми дојде идеја да направам еден и овде, во под форумот Игри.
На секоја игра која ја играме скоро секогаш нели мора да и најдеме по некој недостаток, секогаш имаме некаква критика, нешто што не ни се свиѓа, нешто што би сакале да е поинаку направено. Епа идејата ми е да се ставиме ние во кожата на креаторите и да направиме натпревар во кој ќе треба да смислуваме игри.
Ова од вас ќе бара да ја искористите својата имагинација и да смислите нешто ново. Значи би се поставувала тема и секој од пријавените ќе треба да даде име на неговата игра, приказна, некои интересни елементи од гејмплејот и слично. Тука не би сакал да има некаков строг шаблон за да ви се даде слобода да ги изнесете сите размислувања.
Како и на секој друг натпревар нели, ќе има одредено време кога ќе може да се пријавувате, па после ќе биде отворено гласање за да се избере најдобрата идеја.
Е сега, поради тоа што не е ова нешто што само така ќе го направите и ќе се пријавите него треба убаво да размислите и да смислите нешто што најпрво самите би сакале да го играте, прво ја отварам оваа тема за да го споделам предлогот и да прочитам ваши мислења.
Секако, и правилата сеуште не се дефинирани. Доколку има интерес, отворен сум за предлози како да е организиран натпреварот за да биде по интересен. Дали секоја недела да се смислува игра од одреден жанр или да биде слободно па да се избира најинтересната.
Па, што мислите?