Кајгана натпревар [предлог]

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.792
Поени од реакции
52.801
Имаме повеќе натпревари веќе на форумов па деновиве ми дојде идеја да направам еден и овде, во под форумот Игри.

На секоја игра која ја играме скоро секогаш нели мора да и најдеме по некој недостаток, секогаш имаме некаква критика, нешто што не ни се свиѓа, нешто што би сакале да е поинаку направено. Епа идејата ми е да се ставиме ние во кожата на креаторите и да направиме натпревар во кој ќе треба да смислуваме игри.

Ова од вас ќе бара да ја искористите својата имагинација и да смислите нешто ново. Значи би се поставувала тема и секој од пријавените ќе треба да даде име на неговата игра, приказна, некои интересни елементи од гејмплејот и слично. Тука не би сакал да има некаков строг шаблон за да ви се даде слобода да ги изнесете сите размислувања.

Како и на секој друг натпревар нели, ќе има одредено време кога ќе може да се пријавувате, па после ќе биде отворено гласање за да се избере најдобрата идеја.
Е сега, поради тоа што не е ова нешто што само така ќе го направите и ќе се пријавите него треба убаво да размислите и да смислите нешто што најпрво самите би сакале да го играте, прво ја отварам оваа тема за да го споделам предлогот и да прочитам ваши мислења.

Секако, и правилата сеуште не се дефинирани. Доколку има интерес, отворен сум за предлози како да е организиран натпреварот за да биде по интересен. Дали секоја недела да се смислува игра од одреден жанр или да биде слободно па да се избира најинтересната.

Па, што мислите? :)
 
Добра идеја само зависи какви правила ќе има, затоа што е малце заебано да пишуваш приказна и стил на игра во рок од 1 недела. Освен ако има ограничен број на зборови во приказната или нешто така. Иначе топ е идејата.
 
Па нема да е нешто ептен детално. Онака по општо, само да се опфатат главните ствари.
 
Епа тоа велам, за да биди брз, ефикасен, интересен и успешен натревар.
Се надевам ќе се пријават многу.
Тие што се заинтересирани дека пишат на темава:

+1 од мене
 
РПГ во прво лице (Слично на Фолаут 3, и Фолаут Њу Вегас) од комитското време на Македонија. Почнуваш како 16годишен каур, угнетуван од клетите Турци, и полека низ играњето си го развиваш профилот, собираш нешта, итн. итн. Се зависи како си го градиш карактерот, дали ќе те сакаат каурите, дали ќе те сакаат турците, и од репутацијата. Играта инаку нема среќен крај.
 
+1 .... интересна идеја, а се надевам дека и интерес ќе има :)
 
Слабо, слабо. Изгледа сите сакаат да играат, ама никој нејќе да се потруди да смисли нешто :)
 
Спој од повеќе игри во една и еден вид на Real-life симулација во прво лице е играта го израснуваш ликот по пат можеш да заглавиш во криминални дејства како малолетен престапник,трки со автомобили - NFS стил,можеш да одиш во војска па те препраќаат на воени жаришта - CoD/BF стил,спортист - ФИФА/НБА стил со become a pro/my player - како правиш трансфери нова средина стекнување пријателства и луксузот сам по себе што си доаѓа,можеш да бираш да продолжиш студии и по тој пат да тргнеш со основање на фирми и слични работи. Како што кажав Real life симулација по која според мене би се попалиле американските богати дебели деца кои би плаќале по 50 долари за играва која патем добро би им дошла со порции од мекдоналдс,KFC,старбакс и други.
П.С Можеш да бидеш и Драган Вучиќ - Farming Simulator стил на игра.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom