- Член од
- 16 август 2008
- Мислења
- 3.293
- Поени од реакции
- 637
Ако можат разни интернет страници и радија да прават сомнителни топ листи, зошто и Кајгана како најмасовен форум да не се обиде да направи една своја Македонска Топ листа?
Значи, секој си одбира една од дванаесетте песни која ја смета за фаворит оваа недела. Ако постирате во темава, покрај тоа што ќе напишете за кого ќе гласате, можете да напишете и зошто сте ја одбрале баш таа песна, дали ве развеселува, ви побудува емоции и слично.
Наредната недела, десетте песни со најмногу гласови остануваат во трка, а двете последни отпаѓаат. Секоја недела ќе има по некој нов предлог.
Почнуваме.
Калиопи Букле
Моето име
Песна која што на српски јазик е премиерно прикажана на годинешниот Будва фест, а истовремено е издадена и македонска верзија.
Тамара Тодевска
Ти давам се'
И оваа песна е премиерно прикажана на Будва фест, ама ланскиот. Претходниот месец Тамара го издаде овој сингл и на македонски јазик.
Ѓоко Таневски
Никогаш доста
Балада која го разбранува македонскиот музички простор, хит на повеќе радија.
Александар Митевски
За век и векови
Александар повторно се враќа на музичката сцена со оваа песна која претендира да биде летен хит.
Врчак feat. ДНК
Јас сум ист
Сингл од новиот албум на Врчак, „Седмо небо“.
Нокаут
Африка
Оваа балада го најавува новиот албум на Нокаут, кој треба да излезе на есен.
Влатко Илиевски feat. Ристо Бомбата
Дојди ти
Преработка на истоимениот хит на Ристо Бомбата од деведесеттите.
Елена Петреска
Остави ме
Нова брза песна на Елена по подолго време, која е направена од Јован Јованов.
Хавана Бенд
Балада за мајка ти и татко ти
Песна која е преработка на „Drive My Car“ од Битлси. Голем хит на радиските станици ова лето.
Дарко Илиевски
Ти можеш
Овој сингл на Дарко од Идол е промовиран на првата емисија од телевизискиот фестивал „Фешта“ и засега судејќи според вртењата на радио најуспешна од сите.
Деана Николовска
Луд си или луда сум
На Деана очигледно и' е до песни каде се спомнува зборот „лудило“, така што и овој пат направи брза летна песна со сличен наслов, направена од Владимир Дојчиновски.
Магдалена Цветковска
Без круна кралица
Песна победник на четвртата „Фешта“, која го најави враќањето на пејачката која беше дел од групата 4 Play.