(Кајгана избира) Најдобри серии на сите времиња

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ова е веројатно најтешкиот дуел за мене. На TVTime ми се обележани како најомилени серии: Downton Abbey, The Leftovers, Lost, The Killing...

...и Game of Thrones и Six Feet Under. Од сите тие 6, ова е веројатно и дуелот на моите прво и второ место. Но тука повторно ќе го употребам принципот од осминафиналето меѓу True Detective и SFU. Пак е дуел на две одлични серии, двете најдобри, според мене, затоа ова е и финале пред финалето. И ич нема да ми биде криво која и да продолжи во полуфинале. Јас мојот глас го давам за Six Feet Under, зашто реков, таа серија има една карактеристика што ја нема никоја друга: МЕНУВА ЖИВОТИ. Малку парадоксално, зашто е серија за смртта, но откако ќе ја изгледаш, не можеш а да не се чувствуваш пожив. Тука и веројатно GoT ќе победи, заради поголемата фан-база, и реков, нема да е незаслужено. Па ете, гласот за SFU нека биде и нешто ко почесен глас, за достојно збогување.
 
Не сум ја гледал но тука читам прекрасни работи за серијата,дека е една од најдобрите на сите времиња со одлични карактери и прекрасен драматичен развој со смешни ситуации,одлична глума,визуелно впечатлива остроумна драма-комедија.
Затоа мојот глас го давам за Six Feet Under.
Ја ставам на watch list.

wtf.jpg

Ај тие што гледале една а не ја гледале другата па гласаат за таа што ја гледале, ама да гласаш за серија што воопшто не си ја гледал? Нема да пропадне гласањето ако го прескокнеш, мислам њтф :pos:

Он топик, GoT - иако ова е веројатно последен дуел кајшто гласам за серијава, се осеќам прљаво после секој глас даден за неа. Колку и да е тешко да ги игнорирам сезоните од 4та-5та натаму и се што посраа, сепак беше феномен со трилиони постови на форумов и секаде на интернет, илјадници теории и претпоставки. Можеби меинстримот ја уништи на крај, очајничките обиди да се задоволи дел од новата фан база. Нереално е како од културен феномен дојде до тоа никој да не зборува за неа една година подоцна, додека серии како Sopranos, The Wire, Breaking Bad успеваат скоро децении подоцна да го задржат тој култ.
 
Ауффффффффффффф......


SFU само затоа што е бр. 1 серија за мене.
 
до тоа никој да не зборува за неа една година подоцна

Озбилно ова го приметив, освен ако не критикување на последната сезона и на D&D некако како никој да не сака да се присеќава на серијава. Мислам дека крајот разочара огромен дел од фан базата, толку многу што целиот концепт на HBO за други серии од ASOIAF универзумот се доведени во прашање, нема интерес, нема хајп, пола од проектите ги откажаа.

На темава, ќе прескокнам гласање во овој дуел, не ми е гледана SFU а сметам дека GOT не заслужува мој глас повеќе. Се надевам ќе победи SFU, барем од тоа што читам, ниеден од тие што ја погледнале серијата не е незадоволен напротив, се зборува со неверојатни епитети и пофалби.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom