Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
И јас еве да се изјаснам...
Во овој натпревар не учествував намерно затоа што цезар салата во животов имам јадено два пати и тоа надвор од дома...Не сакам комбинација на пилешко со марула, не ми е по вкус и затоа не сакав да се такмичам со јадење кое дома ќе треба по прв пат да го правам...Марулата ја јадам многу ама исклучиво зачинета со лимон, сол и варено јајце одозгора на кругови со бибер...
Овој пат за разлика од карбонара шпагетите, изборот не беше многу тежок...Се мислев на кратко меѓу Леандра и Кафе Дел Мар, али сепак за Леандра гласав, бидејќи кај другиов не ми се свиѓаа патлиџаните исечени на половинки и плус многу коцки кашкавал имаше ставено...И варена пченка сепак добро оди со пилешкото во цезарот, така да тука Леандра нема воопшто згрешено...Во нејзината салата совршено би иделе вакви парчиња пармезан или обичен кашкавал од пита-
...![]()
Е сега, салатите на Фаранг и naked беа уствари некој модификација на цезар, креативно ама далеку од цезар салата...
Алтернатив исто така беше ок, ама суво ми изгледаше салатата и плус лепчињата како изгорени иако се изјасни дека не биле изгорени, туку потемнети од плотната на скарата...
Ова мое мислење е само, не мора сите да се согласуваат со мене...
Мојот глас е за вториот учесник @AnFem
Мајонез на патлиџани? Браво за вас.