Заседанието вака одлучи. Со две алтернативи:
Пица со готово тесто
За да не се чувствува некој обесправен дека не знае да меси, ја оставиме опцијата за со готово тесто, а ако си ја месите секогаш, слободно ставете такви слики.

Задолжително е да имате доматен сос/кечап, се останато е по ваш избор и вкус. Ем креативни, ем задоволни.
Или пак рецепта која е алтернатива за пица -
пица од стар леб
Состојки за пица од стар леб:
500 гр. стар леб
6 јајца
200 гр. шунка
200 гр. кашкавал
300 мл. млеко или јогурт
3 лажички доматно пире
оригано
маргарин за премачкување на тавата за печење
Подготовка:
Исечете го лебот на кришки со нормална дебелина и наредете ги кришките леб во намрсена тава. Премачкајте го лебот со доматното пире или кечапот.
Направете фил од млекото/јогуртот, јајцата, шунката, кашкавалот и ориганото. Можете да ги рендате, можете и сецкани да ги ставите шунката и кашкавалот. Кога ќе измешате се убаво, ремномерно прелијте го лебот.
Печете околу 20 минути во загреана рерна на 220 степени.
Без изговори за диети, правете и сликајте!
Еве ја и мојата пица:
Олимпија и на тебе се чека неделава.
