Кајгана фото-натпревари [општи дискусии]

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување
Отворив посебен подфорум за Фото натпревари и игри... Очекувајте го првиот натпревар наскоро :)
 
Еве асид ви дава зелено светло, моит да се почне
@sky темата останува природа? Зима? @sungerot bob ми делуваше ко веќе да имаш спремна фотка, бујрум :)

crazy like a monkey, happy like new year
Улична фотографија што викаш на тоа?

Урбана фотографија мислам дека најдобро би било секој би можел да учествува, исто така имаме и прилика за тоа.

Ако веќе се чекаше на мене тогаш може да се пријавувате на тема: Урбана фотографија.

Сакав да ја задржам и твојата прва идеја за зима па мислев зимска урбана фотка, како и да е тоа е! :D

crazy like a monkey, happy like new year
 
Сакав да ја задржам и твојата прва идеја за зима па мислев зимска урбана фотка, како и да е тоа е! :D

crazy like a monkey, happy like new year

За зимска фотографија некако и немаме услови, но за урбана имаме сите бидејќи јас би сакал што е можно повеќе да земат учество така да уште на почетокот се мислев помеѓу природа и урбана фотографија но еве како за почеток нека биде урбана фотографија.
 
Сега темата е Урбана фотографија? Колку време ќе имаме за сликање? :)
 
Идејата за натпреварите е одлична, морам да го пофалам Sky. Ќе се обидам со моите скромни фотографски вештини и јас да ве дружам во натпреварите. Само како идеја - од секогаш ме привлекувале фотографии на морничави места: напуштени и разурнати куќи, паркови обраснати со трње, со многу прав и пајажини, осамени бунари на скриени полјанки, облачни неба... Мора еднаш да поставите и таква тема за фотографирање. :vozbud:

Исто така, ме привлекува и естетиката на грдото, па зошто да немаме и теми поврзани со сиромаштија, со тезгите на Бит пазар, калливите улици и испуканите тротоари, распаднатите куќи, питачите и бездомниците... Не мора само пеперутки, славејчиња, снег и природа да сликаме. Има купишта идеи од кои би можеле да се направат прекрасни фотографии.

За крај, само едно нешто ќе ве молам: при поставување на темите бидете поспецифични. На пример, според мене темата „Природа“ е преопшта и отвара простор за фотографирање на се и сешто. Затоа - зошто да не бидат темите поконкретни? Пример: „Реки“, „Мостови“, „Дрвја“, „Полиња“, „Чуда на природата“ итн. И среќно, на сите!
 
Чекајте... Ќе има посебна тема за натпреварот.

Уште да се договориме за едно последно правило: Дали мора да бидат нови или може да бидат и постари фотографии?
 
Чекајте... Ќе има посебна тема за натпреварот.

Уште да се договориме за едно последно правило: Дали мора да бидат нови или може да бидат и постари фотографии?

Според мене мислам дека би било најдобро да бидат нови фотографиите... Ќе отвориш ти тема или јас? :icon_mrgr:
 
Нови? Затоа остаивме време да се направат, нема да е ептен интересно ако можам да барам по стари, за секоја тема ќе најдам фотка тогаш :)
Од друга страна...да го ставам датумот на фотката за да докажам дека е нова? Кој ќе знае!

crazy like a monkey, happy like new year
 
Според мене мислам дека би било најдобро да бидат нови фотографиите... Ќе отвориш ти тема или јас? :icon_mrgr:
Ама, како ќе знаеме дека фотографиите се нови, а не од лани? Јас сметам дека ова и не е баш најдобра идеја... Можеби е подобра да се дозволи учество на фотографии направени било кога, битно да се од членот. Сигурно нема да бараме оригинални фајлови со EXIF data од сите.... Затоа, сакам да го чујам мислењето на останатите (барем уште 3-4 члена) пред да продолжиме со натпреварите. Разгледајте ги правилата кои ги напишав детално и изјаснете се и по нив. Кога ќе се согласиме сите дека се е во ред, јас ќе ја отворам првата тема :)
 
Овој асид никако да се одлучи кој ќе ја отвори темата :D

Како и да е се сложувам со тебе, нека бидат и стари ако треба, само да се од членот

crazy like a monkey, happy like new year
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom