Мистичен
Човек

Кајгана од утре добива и печатено издание. Следејќи ги трендовите во издаваштвото и согледувајќи ја потребата од вистински независни медиуми кои ќе известуваат објективно, по повеќе месечно истражување и консултации, новиот дневен весник ќе биде достапен на сите киосци уште од вечерва по цена од само еден денар. Бесплатниот во паника.
Дневното издание ќе биде ориентирано пред се на младата и свесна популација и ќе се наметне со иновативни методи на печатење и известување. Ќе нуди најсвежи и нецензурирани информации во непреработена форма, без ставови на уредникот во служба на политиката и машинеријата за креирање на јавното мислење, а ќе го задржи препознатливиот "ремет" стил на Кајгана.
Екипата која ќе го води дневниот весник нема да биде составена од познати новинарски имиња, а простор за колумни нема да им биде отстапуван на разни "експерти". Тимот е составен исклучиво од млади луѓе на просечна возраст од 26 години.
Предвидено е учество и на читателите во креирање на содржините, а викенд изданието на 96 страници ќе биде печатено во Словенија во квалитетно фул колор издание со прилог лајф стајл магазин.
Со обзир на читаноста на веб изданието кое е на врвот во македонскиот веб простор, се надеваме на успех на нашиот нов проект со поддршка на читателите на Кајгана кои се со нас овие 3 години.