Кајгана актуел

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Темава треба да наликува биде на дневниците што ги гледаме на телевизија.
Значи тука би се презентирале случувањата и новостите на форумот кајгана и така...
 
17.09.2007

Понеделник, првиот работен дел од оваа седмица, беше полн со случувања и изненадувања на нашиот форум.

Денов го одбележа, заминувањето во војска на еден наш драг мил и познат форумџија Милан а.к.а Скај Дог. Ја има подршката од цел форум и нека му е со среќа. Ќе ни недостигаш Милане...

Синдикалецот Вотка се откажа од купувањето...грешка, пушењето на цигари и вети дека ќе биди добро момче.

Стево стана главен фраер на форумот, и ќе биде вклучен како модел во новата кампања на К. Клајн, а не се исклучува можноста да сними и спот со својот нов мотор.

Појол започна масовно да дудла во галерија, и мислам дека другите кајгана дудлачи имаат силен конкурент.

На форумот сеуште е популарна темата: Психоанализи на форумџии и спамирањето со молби за анализирање продолжува. Моментално главна фаца таму е Синдикат-от кој дава доста интересни и специфични анализи.
Друга истотака интересна тема т.е. теми се Најшармантен/а форумџија/вка каде паѓаат убави постови.





Од другите вести:


Бензинот пак ќе поскапи, дизелот уште повеќе...

Во ЛА се забрани брзата храна, бидејќи почнаа да му бидат конкуренција на канаѓаните во дебелина...

Дечко од Чешка после падот од неговиот мотор почнал да говори перфектен англиски иако до тогаш знаел само збор два...

Денес му е роденден на Ленс Армсторнг и писателот на овој пост му го честита роденденот и му посакува се најубаво па и еден ден пак да го видиме на Тур Де Франс...
 
Lately:
На форумот Религија, Ron Jeremy не штеди ни прсти ни тастатура да ни по/докаже дека целото христијанство е заблуда.
А во Политика и вести неодамна беше свечено пресечена лента и рестартирана Фабриката, од страна на вработените (неколкумина). Кои за жива глава не кажуваат кај се вработени, зашто работат и на друго место. Но делата зборуваат сами за себе. Сепак, попусто затоа што ни самите не знаат дека не се рестартира ф-ка одамна отидена у курац.
Само на форумот Мистерии е константно мирно (откога сум член на форумов), со предоминантно имбецилни постови.
 
Во Фудбал, bobi4e се спрема за неверојатен кам-бек, после тридневниот бан. Ќе се кара повторно со своите опоненти од Барса клубот, до крв. God speed, Bobi, god speed.
Во Љубов и секс, SWEDEN и Ljupco како и по обичај трујат по темите, Ljupco го продолжува стилот на пишување со ...<текст>... а SWEDEN сеуште не научил колку се навистина 38 cm.
Јове_Бт, во последно време е супер-активен на форум, со доста креативни теми, постови и идеи. Најс, најс, ај лајк ит. Нашата редакција му посакува се најдобро. :)
Миланез` како по обичај, продолжува да копира статии од Македонски Спорт и да ги пастира на темите во Фудбал. Дали тој работи за МакСпорт? Тоа оставаме на нашата Кајгана Детективска Агенција да открие.

Се враќаме по рекламите.
 
Времето денес....очајно тмурно заебава до максимум. Кога се разбудив сабајле беше сончево а после заспивањето стана за нигде....колегата Фантом го чекаме со некоја нова вест од мистеријата.....Пријатно попладне од екипата на Кајгана радио:)
 
И на крајот на вестите, НЕБО666 е пронајден на еден форум, на кој има многу бифши но и сегашни кајганџии.
Сеуште не сум ги проверил неговите постови дали продолжува во ист ритам и стил.
Останете во добро расположение до вестите во 23 часот.
 
Денес 17:11 update by Fabullous:Некој морон не знаел кај може да најде клуч за регистрација и пишуе у тема за вести од форумот.
-Во овој период од денот најактивен е форумот Политика каде што главни вести се инфлацијата и избирањето ново име за Македонија(како да ке ги праша некој)
-Ако сакате вистински да се насмеете одете во темата со Змејот,ке прочитате интересни анализи за кајганџиите.
Ова беше Fabullos a.k.a Љупче за радио кајгана
 
Ванредни вести.

Небо666 повторно се заканува со отварање нови јузери на форумот Кајгана. Редакцијата на Кајгана се загрижени поради ваквото однесување на деликвентот Небо666 (кој самиот себеси се нарекува научник). Се надеваме дека се ќе заврши во најдобар ред за форумот Кајгана а пред се за Небо666.
 
Ванредни вести.

Небо666 повторно се заканува со отварање нови јузери на форумот Кајгана. Редакцијата на Кајгана се загрижени поради ваквото однесување на деликвентот Небо666 (кој самиот себеси се нарекува научник). Се надеваме дека се ќе заврши во најдобар ред за форумот Кајгана а пред се за Небо666.
Демант!
Редакцијата воопшто не е загрижена за ситуацијата со дотичниот член, бидејќи како што знаеме неговата ментална состојба плаче за медицински надзор, кој за жал на нашиот форум не може да биде овозможена.

Се е под контрола.:coolpush:
 
...и така осамна уште еден ден на кајгана форумот.

Денес не бев баш најактивен но сепак забележав неколу интересни случки на различни под-форуми.
Дефинитивно најпосетен беше под-форумот Чек дис аут! каде имавме кондициони подготовки, и напорно се работевме на затегнување на стомачните мускули. Кај мене веќе се гледаат резултати набив стомачни кои се како коцки чоколадо... милка од лешници:nesvest:.

Моментално најчитана е темата на Псај...тисФекн - д принцез енд д дрегн(unrated верзија), но не заостануваат и секогаш популарните прашувам/прашувате/прашуваме и ти реков и ми рече и така...

Во играчница и општи муабети си се чукаат постови, паѓаат зафрканции, заљубените си уживаат, птиците си пеат, дождот паѓа... и ветар вее, но поштарот писма си носи:pipi:

Во Политика масовно се јаде бурек, бидејќи има специЈална акција 2+1(2 буреци гратис јогурт). Познатите теми: enemy of the state, КосовЕ, долу влада... инфлација и сл.

На фудбал како по обичај, револуција... востание, се пцуе по тимот што те зафркнал в кладилница, се провоцира и така. Нормално за овој период, бидејќи започна Лига на шампиони и местачи и киксери и продаени души.

EDIT:
Нов додаток во ''колумната''
Цитат на денот:
Ljupco напиша:
...:pos2::pos2::pos2:

...je t'addore- SWEDO...:tv:
Форумџијата Ljupco...bu buuu:pos2:... му изјави љубов на SWEDO. Чудна работа, ова или е од времето или од америчките батаци... друго чаре ... не..ма:pos2:


Од другите вести:

Поранешен новинар од Белгија ја ставил својата земја за продажба на ebaY. Огласот бил поставен на 15.09 а понудите веќе ја надминале цената од 10м евра.

Еден пензионер од Германија ја направи најверојатно најглупавата работа на светот. Тој добил 2 м фунти на лотарија, НО ги одбил парите бидејќи не му требале и немал на што да ги троши... ако сеуште не го киднапирале и ме чита, јас ќе оставам мобилен нека ме контактира(и нека ми ги даде мене).... 071-249-505

Хм друго што има интересно... aaa да еве, денес е 25 роденден на еден од најупотребуваните симболи во светот смајлито :-)
Нека му е среќен роденденот(остаре беее!), па и да му играме на свадба:pipi:



за кајгана-глобал-вилиџ од Битола, Јован Ивановски.
 
Koлега Јове, морам да ве надополнам..Денес ненормално фрчеа постој Во музика..Кајгана радио..значи..Имавме прекрасна вечер со Дивајн и love songs..И во таа мирна романтична атмосфера, се најде еден залутан пост на Љупчо кој упорно сака да му биди вратена можноста за потпис и такви мити работи..
Со неговиот пост вознемири многу луѓе кои се обидуваа да се релаксираат со прекрасните песни..Љубе да не ти се повтори вчерашниот немил настан..
 
Да ги објавиме и спортските резултати во утринскиот дневник на Кајгана Форум.

Синоќа се комплетира 1вото коло од Лигата на шампионите.

Се постигнати следниве резултати:


Група Е
БАРСЕЛОНА - Лион 3-0
РЕНЏЕРС - Штудгард 2-1

Група Ф
РОМА - Динамо Киев 2-0
Спортинг Лисабон - МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД 0-1

Група Г
ФЕНЕРБАХЧЕ - Интер 1-0
ПСВ - ЦСКА 2-1

Група Х
АРСЕНАЛ - Севиља 3-0
СЛАВИА ПРАГА - Стеауа 2-1

Тоа е се за утринските вести. Повеќе информации очекувајте во попладневните и вечерните изданија.

Имајте пријатен ден и проследете ја временската прогноза (ако некој ја презентира :))
 
Ексклузивно:
На тема Државна Матура, се кршат клечки, очи се вадат, нервозата е на невидено ниво, муабето накратко:
Тие шо се за: Абучете таму мочкофци едни!!!!
Тие шо се против: Абај жими куро кој ќе учи сеа допрва, требаше од прва да ни кажат.

То е екцесивни испади, фрлање со јајца, долу влада и други срања!!
 
Уште нешто.Не знам зошто ама денеска некако не отвара кајгана,главната страна.Само форум има.Може ли администрацијата да го исправи тој проблем,бидејки ке има штрајк од корисниците.
 
Актуелно:
Разиел со нова тема „Thelema“, интересен пристап кон откривањето на битните животни прашања. На кој му се филозофира и му се јадат лајна, мора да провери.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom