Кај му отидоа на Бранко 400 км2 од државата?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Националист
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 февруари 2006
Мислења
254
Поени од реакции
28
Веб-сајт
nacionalist.blog.com.mk
Официјалната интернет страница на шефот на државата, која ја изготви компанијата на неговата сопруга дава неточни податоци за Република Македонија.

Имено, во делот за основни податоци за Република Македонија, на страницата на претседателот Бранко Црвенковски стои дека земјава се наоѓа во Југоисточна Европа, во центарот на Балканскиот Полуостров со вкупна површна од 25.333 км2, од кои 477 км2 се водна површина и 24.865 км2 земјена површина.

До тука се е во ред, доколку не продолжите да копате по интернетот каде ќе најдете сосема поинакви податоци за површината на која лежи библиската земја Македонија. Првиот податок кој може да ве доведе до заблуда е интернет енциклопедијата Википедиа, каде што стои дека Македонија зазема површина од 25.713 км2. Истиот податок ќе го сретнете на интернет страницата на Министерството за надворешени работи. Математиката вели дека недостасуваат 380 квадратни километри.

14B5E9C9842E494E80997260F265C667.jpg


Недостатокот од 380 км2 се забележува и во официјалните податоци за Република Македонија на страниците на американскиот Стејт департмент и енциклопедијата Британика.

Се поставува прашањето, каде исчезнаа овие 380 км2 од официјалната интернет страница на шефот на државата. Дали станува збор за погрешно пресметување на границите или пак тие 380 км2 се ветени некому. Доколку станува збор за погрешно информирање на јавоста и давање лажни податоци, според законските прописи во Македонија кривично се одговара. Но, доколку некој ги ветил "изгубените" километри од државата треба да одговара и пред судот на граѓаните.
Од Кабинетот на претседателот на државата велат дека воопшто не се запознаени за грешката.

31C2E55BDBD01B42A362BDFF08274F9D.jpg
 
Abe se zagubile tie 380 km2 na Kosova.
 
Каков срам, па од трето одделение се учи точен податок за површината на нашата држава!
Патем, ова е уште една малверзација со која само и одмага на Македонија, како онаа кога на сите говори кажува за некој си компромис...
Преку глава им се на сите неговите ретки изливи на "мислења"
 
Изгледа ти км се резервирани за некого
 
Хаха, Бране ли.
Се праи мутав али покварено интелегентен е.
 
А јас еве што најдов на неговиот сајт
povrsinaoe6.jpg


а можеби и сте грешка.
еве ви директен линк до сајтот од каде ја најдов информацијата.
http://www.president.gov.mk/fakti.asp
 
изгледа му јавиле неговите пазачи на кајгана и ја исправиле грешката па му рапортирале и сега се среќни дека редовно го известуваат и совесно ја вршат работата никој да не го оцрни ликот и делото на првиот човек на КПЈ/КПМ/СКМ или како и да беше
 
изгледа му јавиле неговите пазачи на кајгана и ја исправиле грешката па му рапортирале и сега се среќни дека редовно го известуваат и совесно ја вршат работата никој да не го оцрни ликот и делото на првиот човек на КПЈ/КПМ/СКМ или како и да беше

Нека не те чуди ништо се има :pos2:
 
изгледа му јавиле неговите пазачи на кајгана и ја исправиле грешката па му рапортирале и сега се среќни дека редовно го известуваат и совесно ја вршат работата никој да не го оцрни ликот и делото на првиот човек на КПЈ/КПМ/СКМ или како и да беше

Еееееј дрзавник ЛОЛ :pos2:
 
Бране, кажи фала барем...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom