Официјалната интернет страница на шефот на државата, која ја изготви компанијата на неговата сопруга дава неточни податоци за Република Македонија.
Имено, во делот за основни податоци за Република Македонија, на страницата на претседателот Бранко Црвенковски стои дека земјава се наоѓа во Југоисточна Европа, во центарот на Балканскиот Полуостров со вкупна површна од 25.333 км2, од кои 477 км2 се водна површина и 24.865 км2 земјена површина.
До тука се е во ред, доколку не продолжите да копате по интернетот каде ќе најдете сосема поинакви податоци за површината на која лежи библиската земја Македонија. Првиот податок кој може да ве доведе до заблуда е интернет енциклопедијата Википедиа, каде што стои дека Македонија зазема површина од 25.713 км2. Истиот податок ќе го сретнете на интернет страницата на Министерството за надворешени работи. Математиката вели дека недостасуваат 380 квадратни километри.
Недостатокот од 380 км2 се забележува и во официјалните податоци за Република Македонија на страниците на американскиот Стејт департмент и енциклопедијата Британика.
Се поставува прашањето, каде исчезнаа овие 380 км2 од официјалната интернет страница на шефот на државата. Дали станува збор за погрешно пресметување на границите или пак тие 380 км2 се ветени некому. Доколку станува збор за погрешно информирање на јавоста и давање лажни податоци, според законските прописи во Македонија кривично се одговара. Но, доколку некој ги ветил "изгубените" километри од државата треба да одговара и пред судот на граѓаните.
Од Кабинетот на претседателот на државата велат дека воопшто не се запознаени за грешката.