Одговор за сите што не знаат кај им е сонцето.
Македонија ќе создаде сонце во Венеција
Уметничките дела "Моето сонце" на Никола Узуновски и "50 или 50" на Гоце Наневски ќе ја претстават Македонија на педесет и третото Венециско биенале, од овој петок. На прекрасниот простор на Рива Ка ди Дио, "Моето сонце" ќе биде изложен до 21 ноември.
На вчерашната прес-конференција, во Музеј на град Скопје, кураторот на овој проект, Зоран Петровски, кажа дека подготовките се при крај, и го објасни проектот.
-Овој икаровски проект, како да се создаде сонце, подразбира создавање на балон, кој сончевите зраци ќе ги насочува на површината на земјата. Ова е проект во процес, а започна во Лапонија, пред четири години, кога Узуновски го снимал најкраткиот ден, и забележал дека тогаш сонцето не го допира тлото на земјата, рече Петровски, додавајќи дека ова е поразличен проект од сите други досегашни претставувања на Македонија во Венеција.
Делото на Наневски, пак, ќе се придвижува по два пати во денот, а ќе има и аудио инсталација, со која, на девет јазици, гледачот ќе може да чуе дека скулптурата ќе се придвижи.
"50 или 50" ќе биде презентирано во затворен, а "Моето сонце" во отворен простор.
(Де.Т.)
Вечер