Кафетин - најдоброто апче од овие простори

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување
Не би се сложил, не помага ниту за забоболоки ниту пак за главоболки, нормално мислам на стандардна главоболка примарна употреба на трамадол хидрохлорид е постоперативни болки посебно при тешки повреди, операции од кила, болки поради оштетен нерв се до пациенти кои се во терминална фаза, но те цитирав кога веќе го спомна да не заборавиме дека има антидепресивни дејства благи нормално така да имаше низа истражувања па не се знае можеби и ќе би антидепресант во иднина но најверојатно нема да биде исто дозирање од 100 па до максимални 400мг на ден што е многу ретко т.е и 100 мг ги "кинат" јаките постоперативни болки мислам дека како антидепресант се тестираа 5мг и 2мг но сеуште не е одобрен.
.
Тродон не го бива ни за во чај да го ставиш, ќе си го усмрдиш само чајот. Понеефикасен лек против болка од него не постои. Ко што рече Дивајдер, не те ни успива да не мислиш на болка, само те прави како во бунило, а пак се те боли и комплетно си свесен. Плус, мене и ми се повраќаше од тоа гнасата, така што мислам дека тоа може да се прогласи за најнеефикасен лек против болка било кога направен. Само морфиум му е мајката кога веќе има така интензивни болки (y)
 
Мхх неазнам за таков случај да е некој толку улав да шиба растворен кафетин, најверојатно е помешано со кодеин фосфат од 30 мг и на крај краеви дури и перорален раствор не е за IV а камо ли таблета.
.

Мене се тоа ми е јасно што пиша, но врати се наназад неколку страни ќе видиш има пишано некој член дека испробал така. Го растворал кафетинт, го зовривал и тоа што останува го убризгувал во вена.
 
Мене се тоа ми е јасно што пиша, но врати се наназад неколку страни ќе видиш има пишано некој член дека испробал така. Го растворал кафетинт, го зовривал и тоа што останува го убризгувал во вена.
Eeej, a be e taka ednostavno, da ne sakafte komplet procedura tuka da pisam, pa da zgalavam budali deca za da se tackaat ko djanaci?
--- надополнето: 11 октомври 2012 во 10:45 ---
апој.JPG

Ем сеа, ако ептен некој е со глаобол и неќи чајој, ја ѓи, помагаТ.
 
Тродон не го бива ни за во чај да го ставиш, ќе си го усмрдиш само чајот. Понеефикасен лек против болка од него не постои. Ко што рече Дивајдер, не те ни успива да не мислиш на болка, само те прави како во бунило, а пак се те боли и комплетно си свесен. Плус, мене и ми се повраќаше од тоа гнасата, така што мислам дека тоа може да се прогласи за најнеефикасен лек против болка било кога направен. Само морфиум му е мајката кога веќе има така интензивни болки (y)
Мене различно ми делуваше инекцијата. Е сега дали беше тродон не можам да бидам 100% сигурен.
 
Арно де, рече веќе. Мене ич. Различни луѓе, различни приемања на нештата (и болките)
 
Тродон не го бива ни за во чај да го ставиш, ќе си го усмрдиш само чајот. Понеефикасен лек против болка од него не постои. Ко што рече Дивајдер, не те ни успива да не мислиш на болка, само те прави како во бунило, а пак се те боли и комплетно си свесен. Плус, мене и ми се повраќаше од тоа гнасата, така што мислам дека тоа може да се прогласи за најнеефикасен лек против болка било кога направен. Само морфиум му е мајката кога веќе има така интензивни болки (y)

Сега ако тебе не ти помогнал јеби га, повеќе народ се задоволни посебно оние со повреди на нерв па имаат болки конкрено на екстремитети и постоперативни болки и сериозни скршеници нели не е добро одма да се префрлат на морфиум па и е малку нехумано и на крај краеви зависи од што е проблемот и дали е дозата погодена.

А морфиум и метадон се даваат кога нема друг лек или ако тродон нема ефект.

Но ако е болката интензивна и ако тродон не е опција попрактично е да се проба метадон бидејќи делува речиси 24 часа па така ќе се избегне и втора доза што не е случај со морфиумот нели од систем во систем ќе одат најверојатно.

Мене се тоа ми е јасно што пиша, но врати се наназад неколку страни ќе видиш има пишано некој член дека испробал така. Го растворал кафетинт, го зовривал и тоа што останува го убризгувал во вена.

Ама од тоа се добива гратис некроза на црн дроб(настрана срцето) ако некој е свесен за тоа не би го правел а знам има и многу случаи со некроза од вбризгување амфетамини,хероин и дијазепам, а секој нормален не би сакал пола дроб да му биде мртво ткиво кое најверојатно ќе треба и да се отстрани хирушки.

Мене различно ми делуваше инекцијата. Е сега дали беше тродон не можам да бидам 100% сигурен.

Прашај(и прашувај другпат ако не те прашаат тоа е стандардна процедура), ако си добил топлина, блага еуфорија тогаш големи се шансите да е тродон бидејќи ретко многу ретко докторите се одлучуваат за метадон или морфин главно тие се резервирани за пациенти во терминална фаза или пред операциона сала.

И да, заборавив да забележам посебно поради посетителите на форумот бидејќи треба да имаат предвид дека кафетинот не е апче за секоја пригода посебно не е за нивните деца поточно под 16 години и треба да биде јасно дека истиот содржи кофеин, кодеин и парацетамол и ниту едното од трите не е препорачливо за млади што се однесува до позитивните дејства, главен виновник е синергетското дејство на кофеинот парацетамол и кодеин(токму затоа има и помалку парацетамол т.е 250 мг наместо 500мг стандард), што се однесува до она чувство

како нов сум

Му се припишува на кофеин и кодеин и е НЕСАКАНО ДЕЈСТВО кое е ретко при стандардна доза, треба внимание поточно избегнување на кафетин од лица кои имаат проблеми со притисокот, срцеви проблеми, проблеми со несоница, желудникот и секако кај деца под 16 години.
(за депресија и сл не сум сигурен но најверојатно не е препорачливо бидејќи има депресор и кофеинот не е препорачлив исто така)

Кафетин е апче кое им помогнало на многу луѓе со поблага мигрена па и јаки главоболки затоа употребувајте го кога навистина мора посебно за главоболка а за забобол не би требало да се употребува.

Ако на некој му смета кодеин(велат дека наркотест давал резултат позитивен) има и втора опција т.е не сите кафетин имаат кодеин затоа ќе побарате без кодеин.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom