Една стара јакна тргаш на страна за зимско кафанисување и стално со таа идеш за да не ти замирисат другите на пржено и на цигарите на владе. Кога си одиш ja закачуваш во двор пред да влезеш дома и одиш под туш со останата облека ON. Или се комираш облечена. Зависи како течела ноќта, односно ракијата.
Со вас сум, гонете ги гуштериве. Лето да има како би го преспијал, мразам да не можам да егзистирам. Апатија ме фаќа, депресија. Мене ми е хронично жешко, и во зима спијам комплетно гол. Секогаш сум "помалку" oблечен одошто треба, бидејќи останатите веќе се во зимски јакни а јас сеуште кежуал на кошуљче. Па се преселив во ладна земја каде врне 250 денови наместо 250 сончеви во Македонија бе. Имам подно ладење хелоу. Батали мачкање слоеви и слоеви за да се заштитам од сонце, јас сакам дождливи ноќи во празен град со долги прошетки, да ветре ми проаѓа низ преостанатата коса дури збориме за иднината. Фак, изгледа СУМ бифшата на Бладе. Сѐ е подобро од гуштер.
Него,
@PloTwist, овие и вечерва ќе се испокараат, да привршат со второто пиво. Земав грицки, повели, знам по чипсеви беше.
Прегледај го приврзокот 489234