Знам знам, поларна мечка, јакутск или лапонија си е за мене. Водката и шубара и надвор пиење на маса, на снегот. Со мојава 3-4 месеци во врска веќе, сака да преспие кај мене, тоа декември, коа виде ледена пештера, прво пасив-агресив муабет, прозор може да затворам, може да пуштам греење, ладничко е, па нешто дозволив друго не и после едно време нејќеше да преспива кај мене, се некои изговори

Но дојде Мај негде, ми префрли работи у фиока и не го напушти станов, и за оваа година веќе ме предупредува да не сум ја ладел, па жена сум па јајници муабет, теленовела, ама важно знае со кратко мини да иде на работа и да искача. Ама фер, во право е, знам дека у мене е проблемот со мојот термостат.
Прегледај го приврзокот 489115