Каде вие го пронаоѓате сопствениот мир?

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Локација
На Венера
Веб-сајт
www.facebook.com
Опуштањето не значи само излежување и седење пред телевизорот. Во моментите на опуштање ни се чини дека телото и духот ни се во многу подобра состојба, па дури и забораваме на секојдневните грижи. За квалитетно ослободување на умот и телото најважно е местото, без разлика дали се работи за плажа, соба, омилената фотелја или природа. Па драги кајганџии кое е вашето место за опуштање каде го пронаоѓате вашиот мир? :) Инаку би било погодно да прикачите барем 1 слика ако имате... ако не е толку тајно вашето место:)

Еве неколку слики како за почеток :)sovrseni-mesta-za-opustanje-foto-05.jpgsovrseni-mesta-za-opustanje-foto-08.jpg

matka3.jpg

20120512-berovo1.jpg
 
Да си ми жив и здрав за темава.
Летово 3-4 семејства бевме на Голак,ама многу галама и пиење имаше па си го земав шаторчето од багажник и им киднав без трага,глас и без мобилен на моето семејство па едно 3-4 дена покрај логорски оган со конзервирана храна и 200 грама кафе сум се одморил и наспал на раат.
Здравје боже другото лето планирам само со шаторчето,ловџиска пушка и трска де се изгубам 10 тина дена
 
На риболов, досега таков мир сум пронашол на Црна кај местото Еленик, на Лисичка река, мало рекче низ с. Кокре, Црна кај Доленци во лов на поточарка и на неколку мали езерца тука, а од големиве езера на Козјак и на Тиквешко :)
Во тој момент не ми е битно колку риби ќе фатам, туку уживањето...искулиран сум максимално, не ме нервира ама баш ништо, не размислувам за ништо....
Планинарење, сум го прошетал речиси цело Мариово и ме исполнува бидејќи е речиси недопрено од човек во последниве години, на пелистер на езерата, и било каде подалеку од метежот и бучавата, некаде каде е чисто и мирно да го опуштам мозокот и телото.
Мир наоѓам и во теретаната или при било какво вежбање бидејќи ја исфрлам целата негативна енергија, го пуштам мозокот на пасење и несакам додека вежбам да ме замара ама баш никој. Вежбам најчесто со другар кој ми е како брат и сме на слично ниво, или пак сам :)
Инаку специјално место немам (барем не досега) да можам да речам конкретно ова место е тоа каде го наоѓам мојот мир и спокој :)
 
Да си ми жив и здрав за темава.
Летово 3-4 семејства бевме на Голак,ама многу галама и пиење имаше па си го земав шаторчето од багажник се и им киднав без трага,глас и без мобилен на моето семејство па едно 3-4 дена покрај логорски оган со конзервирана храна и 200 грама кафе сум се одморил и наспал на раат.
Здравје боже другото лето планирам само со шаторчето,ловџиска пушка и трска де се изгубам 10 тина дена

Јас планирав нешто слично за ова лето но мојот план не излезе баш така нажалост. :(

Инаку ајде да одговорам и јас на темава... Моето место каде што си го пронаоѓам сопствениот мир, место кое ме опушта максимално дефинитивно е матка. Преубави места има на матка каде што човек може едноставно да се исклучи и потполно да се препушти во преубавата природа. Далеку од сите по крај вода, природа, сонце... рај за душата...

Mat10.jpg
 
Прегледај го приврзокот 73351
Кај мене не беше планирано,едноставно ми здосадија сите а шаторчето беше оставено во багажник оти кога го купував сопругата викаше дека ќе го фрли.
Сум рзмислувал на матка да си направам таков излет,ама ноќе ми е некако несигурно.Може некој заскитан куршум или некој чувар на трева да ме најде,па да си имам проблем
Летово здравје боже некаде на Кожув,Голак,Беласица или Малешевски планини сигурно ќе одам.
 
Веќе кога си се одлучил добро би било и на Галичица :) Имав слушнато дека има прекрасни места за кампување... :)
 
Археолошки локалитет Баргала, под единствените 4 останати столбови, слушајќи ја Дивна со нејзиното црковно пеење, многу често и саундтракови од филмови и склепани во микс...
 
Проштеки никогаш не ме смирувале, уште толку нервоза ми поткреваат.
Мир имам само кога заспивам.
 
Screenshot-1.png

Од викендичка близу мотелот Идила до секој водопад до изворот на река Брегалница. Стануваш во 06:00 саат. Јадеш, ставаш лесна храна во ранец, слушалки на уши и почнуваш со шетањето. Како што шеташ по патот, кршнуваш покрај секој водопад. Само оној кој бил во овој дел од земјава знае каков рај лежи овде. :)
Се враќаш во 18:00, јадеш и легнуваш да спиеш. Утредента пак истата рутина.

Рај за душа.

http://pehcevo.gov.mk/туризам/
 
Веќе кога си се одлучил добро би било и на Галичица :) Имав слушнато дека има прекрасни места за кампување... :)
Ја заборавив ама ќе ја ставам во списокот,па налето каде ќе се падне таму.
--- надополнето: 28 септември 2013 во 01:13 ---

Од викендичка близу мотелот Идила до секој водопад до изворот на река Брегалница. Стануваш во 06:00 саат. Јадеш, ставаш лесна храна во ранец, слушалки на уши и почнуваш со шетањето. Како што шеташ по патот, кршнуваш покрај секој водопад. Само оној кој бил во овој дел од земјава знае каков рај лежи овде. :)
Се враќаш во 18:00, јадеш и легнуваш да спиеш. Утредента пак истата рутина.

Рај за душа.

http://pehcevo.gov.mk/туризам/
Убавини да се будиш со звуците на прородата.Стојат уште дрвените мостови и одморалишта.Исто убави се и смоларските водопади
 
Одам во природам, нема врска на која планина за мене секоја планина има своја убавина....
 
Убавини да се будиш со звуците на прородата.Стојат уште дрвените мостови и одморалишта.Исто убави се и смоларските водопади

Да, стојат. И редовно ги одржуваат. Годинава има и нови додадено. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom