Каде вие го пронаоѓате сопствениот мир?

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување
Немам многу можности во последно време да шетам по природа. Сега дури и дома немам многу време кога сум сам, а ми фали. Е, кога ќе се погоди да сум сам дома (еднаш на 2-3 недели), пуштам музика и ПЕАМ. Аууу колку ме опушта само...
 
Прошетки со плеерот во рака. Не постои нешто што ме смирува толку како долга прошетка, јас и музиката, сами. :love:
 
Со книга и музика.

Кога не сум во можност да слушам музика читам книга.Многу се смирувам,не мислам на ништо и си го пуштам мозоко на пасене.

А негативната енергија најбрзо ја уништувам со музика.Концерти,свиркички низ кафичето е тава ми ги пуне батериите.После концерт цела сум обновена,и физички и емотивно.

Баш пред 2недели бев ептен даун ,депресивна,нервозна,лута..и братучеда ми ми вика дадо ќе одеме у спа да се релаксираме...Јок дадино , у спа само повеќе ќе размислувам а тава не чини..После 2-3дена останав сама и си ги пуштив Продиџи, цел саат sипане со продиџи ојде негативната енергија:)
 
Кога сум дома, за опуштање ги слушам Афион, Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, за молитва Дивна Љубојевиќ или Taize.
Во природа шетам, возам велосипед. После физичка активност се чувствувам како ресетирана. :)
 
овде

4EyyLrO.jpg


има едно кученце тука горе, на почетокот, секогаш си го галам
и на третата клупа после шипките кај палас

на скала во гари

qUuzxCx.jpg


P.S. Hip.Hop_MKD алал да ти е, имаш мнооооооогу слики ставено на google earth :)
 
Надвор од град во некое село... Бидејќи дома комшииве ќе ти пукнат глава...
 
Моментално кога спијам само...
И на работа кај мене, на најгорниот спрат има една просторија како за прием на странки во административниот дел и преубаво луксузно е уредена и понекогаш навечер кога сум на работа, си правам пауза, идам таму, бидејќи нема никој и си земам за пиење нешто и ќе си застанам на прозор и си гледам така едно 20 минути, има прекрасен поглед, а тие прозори не пропуштаат звуци и мртва тишина е внатре...Тоа само навечер кога сме екипа од по тројца - четворица на работа...И после влагам во лифт и си се симнувам доле кај колегите...
Во Белград исто имам мир...
И кога скрос сама навечер гледам филм, со пуканки пред мене...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom