Kаде се спасувачите на нашите плажи?

  • Креатор на темата Креатор на темата ogledalo
  • Време на започнување Време на започнување

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
темава ја отворам револтиран од она што денес се случи во претор каде се удавија две деца на возраст од по 15 години. посебно сум бесен што едното дете она кое го извадија го познавав лично и последниве 2 години можам да речам растеше во интернет локалот каде што работам.
сред бел ден на можам да речам слободно и единствената плажа на преспанско езеро на која има луѓе во езеро кое 20-30 метри водата е до колена , пред очите на капачи да се удават две деца е премногу. на таа плажа напоменувам малку од малку урбана во цела преспа нема воопшто спасувачка служба, ресен со служба за брза помош е одалечен 16 километри од тамо и всушност и целата општина дали има 2-3 коли за брза помош.
толку ли многу кошта 3-4 обучени спасувачи да се платат во период од 2 месеца да стојат по плаживе на лето???
 
Спасувачи има многу, ама професионалните со поминат и завршен курс се малку. Јас сум една од нив, работев како спасувач минатата година едно време на Олимписки и на Младост во Карпош и отприлика знам какви работи се тераат. Лошото е што денес како спасувачи на некои плажи се вработуваат луѓе што не знаат ни да пливаат како што треба, дали да земат некој денар или па да зјапаат во голи машки/женски тела секојдневно.
Уште полошо е што на некои плажи/базени нема воопшто ни спасувачи, а тоа е голем минус.

Сепак, во денешниот случај виновна е лошата и бавна реакција на брзата помош.
 
Заборави да додадеш дека на амбулантата и требале 30+ минути да дојде на местото, иако детето кое прво го извадиле, покажувало знаци на живот... брзина и ефикасност... :tapp:
 
Сепак, во денешниот случај виновна е лошата и бавна реакција на брзата помош.

Настрана ова....но симптоматични се и други работи......два последователни случаја каде директни учесници се сандолините....

значи работата не е само до спасувачите, проблемот е повеќе димензионален.......

на нашите плажи владее хаос, меѓу капачи се возат под полн гас глисери, скутери, некој се скија на вода....во такви услови ништо не помага...
 
Настрана ова....но симптоматични се и други работи......два последователни случаја каде директни учесници се сандолините....

значи работата не е само до спасувачите, проблемот е повеќе димензионален.......

на нашите плажи владее хаос, меѓу капачи се возат под полн гас глисери, скутери, некој се скија на вода....во такви услови ништо не помага...

Тука задолжително мора да се има појас за спасување (елече), каков сакаш пливач биди. Ако немаш елече, тогаш ги ослободуваш од секаква вина спасувачите на плажата. Вака е на плажите кои издаваат глисери, во странство.

А и тие децата што биле со него, не сфатив убаво дали имало до детето некој разумен, прва помош се обидел да даде или слабо?
 
Кои спасувачи бе?....:icon_lol: Ги ставиле и Курто и Мурто, па затоа минатата година, "спасувачите" на повеќе плажи ги частев џоинти, место да гледаат кај што им е местото...е*ати организација, срамотилаци! Дури е така, си постои странство, таму ќе се оди...не само поради спасувачи, многу теми за разглабање има....тиње сме...
 
Во овој случај немало педалини/сандолини. Е сега, дали пливале по некоја топка (ја бркале) или само онака... незнам, различни варијанти се спомнуваат.

Прва помош била пружена од посетители на плажата, но безуспешно.
 
Минатата недела две момчиња се удавија во Охридското Езеро, вчера две момчиња во Преспанското Езеро. И сите молчат како да е тоа нормално.
Прво спасувачи треба да има со завршен курс, а не некој од келнерите да биде и спасувач за да не се наплаќа дупла работа. И онака спасувачот нема многу работа. Ама ако ја има станува збор за човечки живот. Али кај нас не се гледа така на работите. За нас спасувачите уште се сметаат само они во Бејвоч што ги гледавме. Не знам дали некој забележува вистински спасувачи на македонскиве плажи.
И педалинка се изнајмува на секој без разлика дали има 5 години или има 75. Пред месец дена кога бев во Струга на деца кои беа во камп со годиште од 7 до 17 години им беа давани педалинки кога сакаат. Без да ги прашаат тие деца од 7 години дали знаат да пливаат. Што е до мене ако се нема возрасен на педалинката не треба да се изнајмува. Ама битно издавачот ќе си земе 100 денари и гајле му е на кого издал педалинка.

Жалосно за семејствата на дечињата.
Да не му текне на човек да ги испрати своите помали деца на плажа сами.
 
Тука задолжително мора да се има појас за спасување (елече), каков сакаш пливач биди. Ако немаш елече, тогаш ги ослободуваш од секаква вина спасувачите на плажата. Вака е на плажите кои издаваат глисери, во странство.

Дај не заебавај ....кој наш мачо мен става појас за спасување....:kesa:
 
Јас бев пред една недела Претор и не видов еден спасувач на цела плажа. :toe:
 
Прво... незнам ни дали виде плажа, па на неа да видиш спасувач.
Абе претор плажата големка е напраена. Е сега незнам од лани како е, пошто прв пат бев сега. Во вода не влегов, пошто змии се шетаја внатре.
А и слушам многу вртлози имало во преспанско. :toe:
 
Место да вработат спасувачи тие ставаат по 3ца на врата да ти земаат пари за паркинг. Едноставно кај нас е калакурница. Нема ни ред ни ништо. Безбедноста во вода во Македонија е на последно место. Во вода едноставно си оставен сам на себе. Ни знаци за предупредување, ни ограничени места за пливање, низ граница за приближување на скутерите,глисерите, кајчињата кон плажата, ни безбедносни појаси за тие што изнајмуваат скутери/глисери/педалинки. Едноставно никаков ред. Дур не се среди тоа ке се случуваат трагедии...
 
Абе претор плажата големка е напраена. Е сега незнам од лани како е, пошто прв пат бев сега. Во вода не влегов, пошто змии се шетаја внатре.
А и слушам многу вртлози имало во преспанско. :toe:
Ја средуваат додуша... секоја година повеќе и повеќе, но далеку од она што треба да личи, сеуште околината е обрасната (од таму и змиите). Инаку нема вртлози, барем не во онаој нормален дел каде што некој би се капел или пливал :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom