Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Моментално сум на Крф, кажи што те интересира, ќе ти одговорам деновиве...Идам годинава во Сидари на Крф па ме интересира дали има некој што бил таму
Некое инфо за Макарска?!
На кое место си, на Агиос Георгиос каква е плажата убава ли е и широка? И како се цените за јадење излегување и лежалки .Моментално сум на Крф, кажи што те интересира, ќе ти одговорам деновиве...
Со англискиот хмм...ќе се разбериш сигурно, ако не знаат англиски или го зборуваат како да тепкаат мандарински - тогаш станува интересно-муабетот ќе се одвива на некоја невозможна комбинација од турцизмите наши, наши зборови слични со руски(рускиот ќе стани втор официјален јазик во ТР кај да е...Не ми е за искачање навечер многу битно, али би сакал да прошетам бар 1-2 пати да видам што има да не искочи само у хотел дремам
Рафтинг интересно ќе биде ставено на листа.
Кажи ми само уште со англиски како стојат локалните - т.е. тие кај што ќе треба да се ценкам за било какви тури?![]()
Во Acharavi сум сместен, ама само еднаш бев на таа плажа. Секој ден, колата земам и одиме по плажите понастрана што се. Агиос Георгиос не сум бил и не планирам да одам, има многу поубави плажи... Сидари бев, плажата песочна, водата толку многу плитка, што 100 метри одев и едвај до половината ми стаса... ми се чинеше Албанија стасав со одење... и топла како од бојлер. Ама затоа тука ти е Canal D'Amour и на некој километар Cape Drastis, тие ти се things must see. Kassiopi бев, има преубави плажи од камчиња, водата и плажите се солза чисти, заливчиња има прекрасни. Исто така, има и една многу убава, мала плажичка исто каменеста е, на 2-3 километри пред Kassiopi, ко ќе идиш од страната на Sidari. Не се забележува многу лесно, на кривина е и има покрај патот за застанаување место и една кратка патека води до плажата. Никогаш нема повеќе од 10 туристи на неаНа кое место си, на Агиос Георгиос каква е плажата убава ли е и широка? И како се цените за јадење излегување и лежалки .![]()
Некое инфо за Макарска?!
Макарска е топ,ја препорачувам на секој кој планира да иде за Хрватска.Местото е преубаво,морето и плажите се чисти.Најдобра плажа за млади ти е Буба бич,има доста забави преку ден(пена парти,курци,палци),не се плаќаат лежалките на оваа плажа,така да со една пијачка во барот може да го поминете цел ден на плажа.Нудат и тури со брод до Хвар и сл.Сплит ти близу на саат,саат и пол со автобус,така да вреди да се посети,а автобуси има на секој 2 саати.
Не е премногу скапа Хрватска,спрема буџетот ќе си го организраш и одморот.Ние бевме со доручек и вечера,така да не пазаревме многу по маркетите.Можеш да си понесеш и некои ствари од дома,зошто некои работи како сирење,кашкавал,млечни производи им се изгор скапи.Имаш по шеталиштето и сендвичари,пицерии со пристојни цени.Карловачко и Ожујско во кафич ти е 12-13 куни,тоа ти околу 100 денари,толку ти е и во Скопје,во Центар да седнеш.Освен ако не е поскапено,јас ти кажувам за минатата година кога бев во Макарска.
Има неколку дискотеки,Deep е многу јака цела е во пештера,пиво таму ти е исто како и кај нас по дискотекиве околу 2-2,5 евра.Ако идеш од 15 јули сигурно ќе биде отворена и Петар Пан која е една од најголемите дискотеки во цела Далмација, кога си идевме тогаш беше отварањето,пола Сплит беше таму..Ако те интересира уште нешто прашај
![]()