Каде може да се најде најдобриот бургер во Скопје?

  • Креатор на темата Креатор на темата Que
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво! Неколку пати зимам од dozzy burger house кај корчагин, мене ми се свиѓа искрено, топ квалитет за цената. Ваши искуства?
 
Brunch Box имаат добри бургери кој се вкусни и потоа не чуствуваш тешко на стомак.
Штета што пред некое време решија да затворат со изјава дека е привремено додека не се смири кризата.

Burger Slut првпат кога отворија таа недела отидов и зедов и си реков топ за таа цена .
Штета што вечерот ме скина стомак и ја поминав над шољата.
 
Babloku се вика?
Обавезно ќе пробам, кога ќе идам у Тетово. Личи топ. chef burger е ваљда ова
(ако служат каури секако)
Абе ги познаваш тетовчани, ти? Па ние и на ѓаволот би му продавале (х)Амбургер, само да му ги земеме парите!
 
Абе ги познаваш тетовчани, ти? Па ние и на ѓаволот би му продавале (х)Амбургер, само да му ги земеме парите!
Да, познавам. Како егејците се. Нека лапнат шајка, шест метра жица од газ ќе им извлечеш.
 
BKW пред година време, имат одлични бургери ама поприлично се скапи, мислам беа околу 380 ден.
Од оние кои вршат достава Киоск, мене ми е сосем океј и повеќе ми се свиѓа од Baking Bread.
Сега не знам како е, година време немам јадено бургер во СК, а гледам има доста нови места.
Burger Slut, Food Hood, Urban Burger, здравје ќе пробам веројатно од некои од овие.
 
Последно уредено од модератор:
Како се food hood?
Два пати сме купиле, првиот пат: Премиум бургерот и премиум криспи им беа добри.
Вториот пат обичен бургер и обично криспи - под просек, мислам дека и различно месо користат за овие или пак полошо ги имаа направено.
 
Каде може да се јаде добар веге/посен бургер?
Ако воопшто има некаде...
Знам на Д Фест стандард само такви бургери се продаваат и од шо нема друго само таму имам јадено таков...
Ја купувам од Киоск и од грчкиот ланец на фаст фуд.
Не ни знам друг кој држи.
 
Каде може да се јаде добар веге/посен бургер?
Ако воопшто има некаде...
Знам на Д Фест стандард само такви бургери се продаваат и од шо нема друго само таму имам јадено таков...


Во vegan kitchen, спроти винил што беше, кај соборна.
 
Два пати сме купиле, првиот пат: Премиум бургерот и премиум криспи им беа добри.
Вториот пат обичен бургер и обично криспи - под просек, мислам дека и различно месо користат за овие или пак полошо ги имаа направено.
Пробав и јас, American го земав, и беше сосема солиден иако го јадев 20тина минути покасно откако го доставија.

@Torchyrus во ова Food Hood има веге, не сум пробал нормално, ама ти пробај :icon_mrgr:
 
Food Hood е врв, месото е најквалитетно од сите fast food сендвичари.
Нема подуен стомак и ждригање после јадење на бургер.
 
Пред неколку месеци(пред короната) бев у она M's Fish & Chips (сеа по ново глеам M's Street Food), у тоа уличките кај грчка амбасада. Јадев некој Blue cheese burger....Луѓе, појако нешто неам пробано искрено. Лепчето-топ, месото-уште потоп, плус некој карамелизиран кромид и тоа плавото сирење за шмек...После тоа сум јадел и у Киоск(ништо посебно), и у Burgerslut, и таму беше солиден бургерот, меѓутоа ова од M's...наредно доаѓање фикс мора да се посети повторно.
 
Каде може да се јаде добар веге/посен бургер?
Ако воопшто има некаде...
Знам на Д Фест стандард само такви бургери се продаваат и од шо нема друго само таму имам јадено таков...
Провери во Brunch Box Eatery, ако добро се сеќавам имаше.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom